Доколку антената има фокус (најчесто се во форма на чинија овие антени), значи дека има и gain (засилување). Иако мислам дека терминот gain и не е баш најдобро искористен во овој случај (бидејќи антената сама по себе нема засилувач во неа туку е само пасивен приемник), сепак, мислам дека и во светски рамки нема друг термин. Во принцип, сите сигнали кои ги прима чинијата, се одбиваат од неа и се фокусираат во една точка (фокусот на антената), па примениот сигнал е многу појак одколку само еден проводник да биде приемник, па се вика дека „антената има засилување толку и толку dB“ и мислам дека репер точка во однос на која се мери засилувањето во dB е обичен долг проводник со опеределена должина (не ме земајте за збор за ова, не сум сигурен, можно е да беше и дипол антена).
Јас вака знам, ако грешам, корегирајте
.