Антена за тој опсег во Скопје тешко , а и општо тешко е пошто нема. Можиш сам да си напрајш антена многу лесно. Ако сакаш само дипол l=c/f (c- брзина на светлината , f - фреквенција и l - ламбда или бранова должина) , можиш да напрајш и GP (Ground Plane) антена , а најдобро ќе е некоја насочена антена како јаги.
Загубата на сигнал на таа фреквенција на растојание од 10m е 49dB , на 100м е 69dB , на 1km e 89dB (отворен простор). Е ако на тие бројки му ја одземе снагата од предавателот 27dBm и појачувањето на антената би добиле некој помали бројки. Овие бројки се прифатливи. Околу опсегот во зградите е малце по комплицирано. Поради што фреквенцијата е малце по висока затоа и загубата е по голема. Кога сигналот ќе помине низ ѕидовите тој дополнително слабее и затоа опсегот е помал.