Author Topic: Антена за ФМ тунер  (Read 11804 times)

TeslaBt

  • Guest
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #15 on 24.12.2014, Wednesday, 16:59:52 »
Јас те вервам оти во Штип имам фатено Радио Беогорад со Сони радио

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #16 on 24.12.2014, Wednesday, 20:29:47 »
Зошто да не може, како национална радио програма има предаватели секаде низ Србија кои го покриваат цело подрачје па и дел кај нас. можно е за Штип, Куманово, Крива паланка, Скопје, ама за Битола нема шанси,освен ако некој облак правел рефлексија  ;D

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #17 on 24.12.2014, Wednesday, 21:56:24 »
Логиката е проста. Брановата должина на електромагнетен бран е l = c/f каде c e брзина на светлината и изнесува 3*10^8 m/s, l е брановата должина, а f е фрекенцијата на бранот која во случај на УКБ подрачјето е околу 98MHz. Значи: l = 3*10^8/98*10^6 = 3m.
Правило: Ако препреката на која наидува бранот значително помала од брановата должина, тогаш бранот минува низ неа, но ако препреката на која наидува бранот е поголема од брановата должина тогаш тој се одбива од неа. На колку препреки поголеми од 3 метри наидува бранот од Србија према Битола или Штип, па макар да биде зрачен и од граница со Македонија? Дури и да не е тоа, површинскиот бран по земја (полупроводна средина) слабее со квадратот на фреквенцијата, а 100MHz е висока фреквенција. УКБ бранот не се одбива од јоносфера како што е случај со краткиот бран туку ја пробива и оди во вселената.  Со Краток бран може поради рефлексија од јонсофера да се оствари и врска со Јапонија со 5W станица, но не и со УКБ. 

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #18 on 24.12.2014, Wednesday, 23:28:44 »
Математиката е во ред но треба да се  има во предвид дека на по ниските фрекфенции дифракцијата е по изразена и за тоа продираат подалеку, исто така на пониските фрекфенции слабеењето е по мало одколку на повисоките. Исто така во Мај и Јуни кога се отвара ФМ бандот (E-Sporadic) се фаќаат радио станици од Русија, Германија, Арапските земји и сл.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #19 on 01.01.2015, Thursday, 09:16:45 »
Во архивата најдов нешто занимливо, ФМ сигнал на 96,8MHz од Солун, успеал да стигне до врвот на Водно.

Code: [Select]
https://www.dropbox.com/s/mbqiberi8h74lsm/Radio%20Velvet%20od%20Solun%20-%20Signal%20faten%20na%20vrv%20na%20vodno.aac?dl=0
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline strko.mk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #20 on 01.01.2015, Thursday, 12:08:40 »
Не е невозможно да се примаат радио емисии од соседството. Постојат многу апликации за изработка на антени за ФМ подрачјето. Сепак постои непишано правило дека добра антена е адекватна антена. Понекогаш добри резултати се добиваат со едноставни антени кои имаат мало зајакнување,  со голем агол по азимут, но големо бочно слабеење на пр. HB9CV. Тоа големо бочно слабеење може да биде искористено за намалување на сигналот од некоја појака емисија без разлика дали е од локал или не, дали е на фреквенцијата на која се прима или блиску до неа а нејзиниот правец се разликува од правецот на емисијата што сакаме да ја примаме. Ако дозволуваат условите може да се вгради малкушумен појасен  ФМ зајакнувач. Сепак адекватна антена е најдобриот зајакнувач и со желба за експериментирање се добиваат резултати.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #21 on 01.01.2015, Thursday, 22:49:20 »
Никој не вика дека не може,ама спорадично.Не може,континуирано било кој предавател на UKT од Србија да зрачи на југот на Македонија,а богами и на север. 8) Начинот на простирање,како кажа и Муро,на овие бранови не им дозволуваат поради високите планини на север ( Шар планина,Козјак,Скопска Црна гора итн.)  да поминуваат во континуитет.Во пракса ,се случува поради спорадичност и наидување на пр.метеорски облак,или други услови да се *отвори* пропагацијата ,но велам тоа се многу кратки периоди од 10-15-20 минути,кои се идеални за радио аматерите ,но не и за комерцијална радио дифузија.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #22 on 01.01.2015, Thursday, 22:51:50 »
Според мене тоа било најобична рефлексија која се јавува во одреден период во годината и трае неколку часови, ништо друго.
Hams do it! With Frequency

TeslaBt

  • Guest
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #23 on 09.01.2015, Friday, 15:28:10 »
А на АМ можно е ?

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #24 on 09.01.2015, Friday, 16:18:49 »
А на АМ можно е ?
Како не 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #25 on 09.01.2015, Friday, 16:22:35 »
Конкретно радио Велвет од Солун го слушав редовно кога идев на врв на Водно било лето било зима. Така да не е Е-Sporadic signal  ниту рефлексија.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline mordikus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #26 on 31.01.2015, Saturday, 00:55:14 (Edited 01.02.2015, Sunday, 03:10:29) »
 Со сигурност можам да ви потврдам дека радио Београд на 91.7 од Бесна Кобила се фака во Кавадарци и Неготино на одредени делови и тоа на телефон со слушалки обични непреправани за дх, така да ништо чудно и во Штип да има прием .


Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #27 on 31.01.2015, Saturday, 13:10:08 »
Па да можно е ама нонстоп онака секогаш немате прием нели.Тоа да ама до битола да стигне тешко не ми се верува.Може да се чуе можеби ама за нонстоп да слуша емисија тешко.Убав прием на радио белград онака има кај нас еднаш го имам фатено кај бродец и погоре на скопска црна гора.Не се сеќавам на која фреквенција но приемот беше добар.Ама тоа е блиску или негаде при внатрешноста на државата ете може некој го фатил сигналот.Ама темата вика за во битола не верувам дека до толку може. 8) :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline mordikus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #28 on 01.02.2015, Sunday, 01:06:23 »
Битола тешко да има прием, за Неготино и Кавадарци има константен прием, па според фмскан.орг од бесна кобила београд 1 зраче со 25 киловати,не е малу тоа.

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #29 on 06.02.2015, Friday, 00:39:09 »
Потврдувам и јас дека на 91.7 и во Прилеп се слуша предавателот од Бесна Кобила. Досега два пати го имам фатено и првин не ми се веруваше дека сигналот е од Србија ама еве се фаќал и од други градови. Антената е најобичен отворен дипол дотеран за фм подрачјето.

Стварно не знам како што рече погоре еден член некогаш и со едноставни антени има добри резултати.