Македонски форум за електроника
Останато => Моделарство => Topic started by: batka on 01.02.2011, Tuesday, 02:55:14
-
Налетав на ова слика од пред нашето време.Не е лошо моделариве да ја видат.Едноставно ставаш свеќа под резервоар со вода и парата го тера бродот кој ецелиот од лим.Дали некој правел ваква бесна машина? Јас да,на 8 години.
-
хеииии закоооон, никогаш не ми текнало на вакво нешто, а ептен сакам да си направам бродче некое, ама погонот се чудев како да го правам....алал да ти е батка за ова :D
-
Не сум по моделарството, ама морам да признаам дека идејата е оригинална ;) ;D.
-
аха...да најдам лимови и време и може ке го правам :D
-
Имав како мал (ее,кога беше тоа) добиено една книга ,на германски, со вакви *цаки*,а имаше доста и авио модели,модели на железници итд,па се до електронски направи,електромагнети,детекторски приемници итд. на многу популарен начин представени.Пример: детекторски приемник во кутија за чевли,приемник во кутија сапун... ;) Ама,не знам каде отиде,одамна ја немам.Иначе,имам и собирам доста вакви идеи,пред се врзани со Народна Техника и натпреварите.Последна * Хит* конструкција беше пила за печатени плочи,за шпер-плочи направена од мотор за брисачи,АТХ напојување и рам со пилица за резбање - оригинал решение! Или режач за стиропор со грејна жица ,рачен,поврзан со АТХ ,со кој режеш како со ножици.. ;D ;D ;D
-
само не знам како пареата ке се насочи да го турка бротчето ? Како што забележав, пареата ке иде нагоре и никому ништо :(
-
Пареата е насочена преку едно цевче под трупот на бродот и излегува позади коритото на бродот.Уште да направиш далечинска команда за кормилото.. ;D :D ;)
-
а кога ке го ставиш бродчето во вода, тоа цевчето би било под вода?
-
Сигурно,под вода ама потисокот од пареата би бил доволен да го придвижи бродчето.
Првата ваква шема што ја видов имаше резервоар од округла метална кутија од паштета, а свеќата се ставаше под неа во држач од конзерва од риба! :D Фантазија,ама работеше.Потоа правевме и гумењаци ,ама ова бродче е добра вежба за лемење! ;D
-
Taa kniga injas ja zimav od bibliotekata bese genijalna ako ja najdes ke bide zanimlivo ima nostalgija vo nea a za tie tehnicki knigi od vremeto imam desetina