Останато > Мерна опрема
Мерач на јачина на магнетно поле
LordZi:
Го направив од потреба, бидејќи ми требаше начин да ја проверам/измерам јачината на маг. поле на некои уреди што ги правев во тој момент, па бујрум ако му треба на некој вакво нешто :).
Проектот е од Електор, целиот текст како и плочката прецртана во Sprint Layout ги има закачено најдоле.
Шемата, изгледот на плочката и неколку слики од готовиот уред:
За крај и едно видео каде што се гледа како работи, низ калемот пуштам сигнал со фреквенција 10Hz, има и едно магнетче ставено за подобра визуелизација:
bicikle:
Мој со ова да мериш колку струја врвит низ некој кабел? т.е. да се користи како ампреметар ?
LordZi:
Не мој.
GigaWatt:
--- Quote from: bicikle on 18.06.2021, Friday, 12:48:45 ---Мој со ова да мериш колку струја врвит низ некој кабел? т.е. да се користи како ампреметар ?
--- End quote ---
Па да... принципот на работа на бесконтактните амперметри е сличен, мери магнетно поле ;). Имам гледано и за еднонасочен напон, т.е. струја, бесконтактни, и стварно мери, еден колега купи и навистина мери, ама појма немам како работат ;D ;D ;D.
Инаку, конкретно за што би била потребна оваа алатка LordZi? Мислам... искрено, навистина не можам во главава да и најдам примена :P :D.
GigaWatt:
--- Quote from: LordZi on 18.06.2021, Friday, 15:56:27 ---Не мој.
--- End quote ---
Не може со ваквата изведба, каква што е сега, инаку, се разбира дека принципот на работа на бесконтактните амперметри е сличен, само што е намотка наместо ваков соленоид ;).
Navigation
[0] Message Index
[#] Next page
Go to full version