Не,нема да барам мана,ке го барам тој што ќе ја дува свеќата... ;D
Иначе објасни што е проектов,некој можеби не знае за што се работи. 8)
Атанас одлично само напред ;) 8)Благодарам :D
Браво АтанасБлагодарам DX-er ! ;D
Само напред! Одлична презентација :)
Потисокот кој го создава јонскиот мотор за разлика од хемискиот мотор е многу помал, но доволен за движење во услови на вакум.
Полуспроводниците се материјали коишто специфично се однесуваат во струјниот круг. Тоа се супстанции коишто во однос на спроводливоста се наоѓаат меѓу металите како добри проводници и изолатирите
http://www.astronomija.co.rs/oprema/8236-nasin-jonski-motor-next-radio-55-godina
За првата твоја забелешла во врска со вакумот се мисли на апсолутен вакум во ВСЕЛЕНАТА. Потоа, НАСА како гас кој се користи за да се јонизира користат КСЕНОН.
Иначе ,немој да се правдаш дека ти одзеле прво место
Со среќа на државен ;). И во право е batka, дај подсреди го малку ;D. Не дека не функционира и вака, ама не е личен за око ;D. Дај тоа клиниците исправи ги, калаисај ги од страната на главата, залеми жичка место да ставаш крокодил штипка, малку подобро среди ја побудата со ладењето за високонапонското трафо, итн. ;).
Тогаш, според мене, овој проект на NASA е промашена инвестиција. Ако ми треба да носам боци ксенон во вселена за да може да се придвижам, пиши пропало на тој начин на транспорт... барем за големи растојанија, кои, колку што знам, сакаат да ги постигнат. За кратки растојанија (до Марс и назад) да, се исплати, ама ако сакаш да стигнеш до крајот на соларниот систем и подалеку... треба да се мисли малку по алтернативно... барем според мене.За нашиот сончев систем е најдоброто што го имаме во моментов. Троши многу малку а достигнува огромни брзини, New Horizons беше на таков погон.
Инаку, за ваков тип на погон, имам видено идеја уште пред 10 или 15 години, во некоја емисија беше или некаде прочитав, не ми текнува сега, арно ама таа идеја го користеше водородот во вселената како гас за погон... зошто ја имаат напуштено таа идеја и се имаат префрлено на ова... не знам. Можеби утврдиле дека концентрацијата на водород е премногу мала за да може да се направи доволно големо забрзување со овој тип на погон.
Како и да е, ова е само мое мислење... ништо повеќе од тоа. Не се правам попаметен од научниците во NASA Шмекерко.
А инаку, околу тоа дека гасот мора да биде кесенон за да настане јонизација на гасот... не би се сложил. Не сум премногу навлезен во физиката, но колку што ми текнува од физика и хемија, секоја материја може да се јонизира... е сега, дали е полесно да се јонизира водород или ксенон, не знам.
Ги споив со секундарен лепак и добро се држат, а и не мислам да ги одмонтирам бидејќи се трајно залепени. А, иначе друго што да поправам за на око да изгледа добро ?
За нашиот сончев систем е најдоброто што го имаме во моментов. Троши многу малку а достигнува огромни брзини, New Horizons беше на таков погон.
А, ако ти се само лепени, немаш добра проводност меѓу нив :S. Мораш да ги залемиш едни за други. Ако цевчињата ти се алуминиумски, замени ги со бакарни или железни и залеми ги.
Е тој делот со драјверот на ВН трафо не го разбрав. ???
Дали ова е нешто или е Ion Thruster шо го викат на англиски ?
Па да не биде ваков хаос.
Извини вака, ама изгледа како некој телевизор да истурил црева ::).
Како и секогаш, луѓето се потпираат на краткотрајни решенија место да мислат на долгорочни. Исто е и со моторите со внатрешно согорување. Како краткотрајно решение се добри... проблемот е кога ќе станат долгорочно решение... како што е ситуацијата сега. Сите знаеме зошто работите стојат такви какви што се, на определени луѓе им одговара таква да е ситуацијата, но тоа е тоа, ретко кој може сам како индивидуа да направи нешто околу тоа... определени луѓе се обиделе, но безуспешно... за жал.Да, привремено, ама не е практично да се прави нешто што му требаат години за да забрза до некоја одредена брзина, а со ксенонот може за многу пати пократко време да се постигни истата.
Се некако мислев дека во NASA има „вистински“ научници... или визионери барем... ако не повеќе, но очигледно ситуацијата не е таква. Место да се работи на револуционерни решенија, се работи на крпеници... надградба на некои веќе постоечки технологии или идеи без притоа да се проба проблемот да се разгледува од сосема различен агол (аспект).
Пак ќе пишам, ова е мое мислење, не мора да значи дека сум во право, но... мене така ми изгледаат работите.
Да, привремено, ама не е практично да се прави нешто што му требаат години за да забрза до некоја одредена брзина, а со ксенонот може за многу пати пократко време да се постигни истата.
А и онака, се додека не смислиме начин да се движиме со брзина барем над 70% од брзината на светлината не е изводливо да пробаме да го напуштиме сончевиот систем затоа што би било потребно претерано долго време за да стасаме било каде и да вратиме информации назад во некој нормален период.
Како и да е, мора нешто да се турка во една насока за да се придвижиме во спротивната...
Аирлија ;). Ај, ако одиш на меѓународен, дај барем подсреди го проектот ;D.Благодарам, но нема за жал да има меѓународен од страна на Народна Техника. :(
Абе од два проекта овој бил подобар! 8) Честики, иако *конкуренцијава* дала приговор! Наводно проектов немал врска со *применета физика*.Имало повеќе електроника,отколку физика. Ама, не бери гајле, се е во ред со наградата.
Атанас честитки на кој канал на МТВ1 сигурно ќе биде таа емисија баш ме интересира ако може да те гледам 8) ;D ;DНа МРТ1 ќе биде почнувала од 9 или 9:30 точно не знаеа да ми кажат како се вика емисијата.
Благодарам, но нема за жал да има меѓународен од страна на Народна Техника. :(
http://telegraf.mk/aktuelno/makedonija/ns-newsarticle-61859-skandalozno-amerikanska-anketa-gi-proglasi-makedoncite-za-tret-najglup-narod.nspx
Пошто сме паметни, бентли мерцедес селекшн јбл интел и сите останати квалитетни брендови се баш од македонија... „Германското економско чудо“ ќе го немаше без простување на долговите..... Сетете се само на Лондонскиот договор од 1953, кога 60 отсто од германскиот долг биле избришани, а внатрешните долгови биле реструктурирани“, кажал Пикети..
http://www.mkd.mk/svet/analizi/tomas-piketi-germanija-nikogash-ne-gi-vrati-svoite-dolgovi-pa-nema-pravo-da-im-drzhi
Доста задолжена, без пристап до свежи пари и под притисок од кредиторите - вака изгледаше Германија во 1953 година. Пред 60 години на Сојузната Република ѝ беа простени долговите, што претставуваше и темел за економско чудо. Денес голем број Германци се горди на економското чудо. Економскиот пораст во повоениот период беше огромен. Само од 1953 до 1963 година бруто-домашниот производ на Сојузната Република Германија е двојно зголемен. Генерацијата германски ученици учеа дека ѝ припаѓаат на земја што има невообичаено трудољубив народ на која Соединетите Американски Држави финансиски ѝ помогнале во реконструкција на разурнатата земја.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3113836508&id=10&setIzdanie=22818
Е сега, можно е нас повеќе да не "бива" од локалните копуци.
https://emiter.com.mk/vesti/18087#.W_aOa0MUoIg.facebook