Колку било тешко да се направи USB конекција на 20 метри. Па јас имам направено USB конекција на 20 метри со 2 кабли од по 10 метри купени од пазар и наставени еден на друг. Сепак за шемиве не специфициравте многу работи, многу нешта фалат за да се добие детална слика на проблемот. Имено штотуку направив пресметки, за на 20 метра да падне напонот за 0.4V што е веке критично за работа на уредот, при максимален терет од 500mA треба најмалку пресекот на проводникот да биде 0.42mm2. Ова е нешто со што можат да се пофалат каблите за USB од средната класа. Но проблемот во комуникацијата е друг. Ако го погледнете стандардот ке видите дека трансферот се одвива преку 2 проводника и тоа со диференцијален напон. Тригерот на диференцијалниот напон е 200mV. Главниот проблем е во индукциите на тие 2 проводника, кој е битно да се што е можно поблиску, ако знаеме како се прави диференцијалебн пренос на податоци, а не во разлицни кабли. Потоа многу е битно како ке се тие 2 проводника оклопени, колкава ке биде капацитивноста, индуктивноста итн. Многу е битно во која средина ке биде таа конекција, во фабрика или дома ... На крај се зависи од брзината на трансферот. Сите уреди поддрзуваат повеке брзини, па немора секогаш да е Full-speed, а на крај зависи и од типот на трансферот, дали ке биде command, bulk interrupt итн. Секој си има специфични барања и слично. А она 48MHz, нема никаква конверзија, едноставно Hi-speed стандардот комуницира на 48MHz, тоа е стандардна фреквенција на комуикација за повекето USB уреди. Генерално шемава може да помогне, но не е професионално направена за да речеме дека е вистинско решение. Сметам дека, за уред што сам се напојува, во домашни услови со најобични USB кабли, може да се оствари конекција на повеке од 50m (за 20 е сигурно пробано).