Македонски форум за електроника
Останато => Електронски компоненти => Topic started by: cika on 20.03.2011, Sunday, 23:13:34
-
Како можи да се порача од EBAY во македонија ??? и колкава е царината ??
-
Ако имаш PayPal сметка, порачај производ и ќе ти стигни. Царината се плаќа ако производот е над $40 или така нешто. Нема врска царината со eBay.
-
а ова PAYPAL само за на интернет можи да се користи ???
и плус ако не ти стигни то шо ке го порачаш ???
-
над 45 евра ако кошта делот и поштарината тогаш има царина
-
има некој порачано да знам ??? да ми кажи како оди процедурата ???
-
Дај пишете и јас сакам да порачам некако од интернет (shoping) !! ;) ;) ;D
-
Е па прво треба да отвориш PayPal сметка (мораш да имаш 18 години или треба да ја отвориш со некој од твојте родители, на негово име) во банка (како што се сметки за кредитна картичка) па после наоѓаш производ на eBay и го купуваш. За околу 2 недели треба да ти стигни. Не знам точно како е, ама нарачваме со еден другар, тој има сметка.
-
јас имав нарачано лед диоди едни и се си беше таман, само многу време требаше да стигне... ми ги испратиле на 22 јануари, а ми стигнаа пред недела-две... и сложениот дел е тоа што треба да се отвори PayPal сметка, а останатото е просто (купувањето од Ebay)... и ако не ти стигне тоа што си го нарачал или е фалш нешто тогаш можеш да го пријавиш и да му го вратиш производот и да ти ги врати парите...
-
А да му дадам јас пари колку што е тоа на некој од вас што има сметка па да ми го дадете после од кога ќе стаса ;) ;)
-
A како се плаќа во македонија во $ или во денари го плаќаме тука порачаното?
-
Па веројатно од сметката ти ја зема сумата во долари.
-
ти зема денари...доларите(или еврата) ги претвара во денари и толку ти зема...
-
еве ке ви објаснам како јас си активирав
креиав пејпал со држава словенија, си извадов од тутунска виза електрон, ја поврзав со пејпал ми зема 1,5евра после неколку дена видов го бројот од ебилот на nlbklik.com.mk да ја верифицирам
и после со еден клик поврзеш пејпал со ибеј
при купување гледаш држава да има македонија (обично има претежно) освен ако не е excluded ;D
ако немаш доволно пари на сметка во банка при плаќање ти стигнува смс дека е неуспешна трансакцијата
во банка наравно во денари си уплатуваш
-
И сега има некој доброволец што би сакал да направи услуга и да ми порача нешш од ebay.Ако има нека ми пиши ;D
-
na ebay ima mnogu izmami,posebno kinezite prodavaat USB so malku memorija a pisuvaat poveke,a ebay ne gi zanima mnogu ete prodavaat falsifikuvani makedonski banknoti kako kosovski
http://cgi.ebay.com/ws/eBayISAPI.dll?ViewItem&item=310303510985 (http://cgi.ebay.com/ws/eBayISAPI.dll?ViewItem&item=310303510985)(http://pic.mk/images/skrmbild42.png)(http://pic.mk/images/skrmbi1301432302.png)
-
Треба и државата да поведи сметка за овие злоупптреби, да се бараат лицата што ги скврнавеле нашите пари и да им се пресуди и да си ја добијат заслужената казна.... и доста веке да сме заложници во својата држава.
-
Доколку тоа што ке го купиш не е тоа што си го видел, поднесуваш жалба до PayPal, после следува десетина дена чекање, па ако се е како што си поднел ќе ти ги вратат парите.
-
се поднесува жалба до e-bay не до pay pal
Pay Pal е само за плаќање
Доколку не се раберес со продавачот e-bay imaat Resolution Center каде се решаваат проблемите
e-bay кажуваат дека во екстреммни случаи лично они ке ги вратат парите
а има и осигурување на пакетот кое може да се плати
админ: целосна кирилица
-
Баш за ова и јас барам човек да му платам да ми нарача амортизери за моторче , да ги прати на германска адреса откога ќе му платам нека ги нарача, иамам другар таму и баш доаѓа деновиве а немам време додека се регистрирам на paypal кои сметаат дека македонија е покриминална земја од албанија ми требаат 2 недели луди се овие од paypal знае ли некој ако се регистрирам дали може да продавам на e-bay

:D ја видов твојата тема и на ИТ форумот, баш и мене ми треба некој таков човек да ми порача ^_^
-
Е и мене ми треба човек да ми донесе нешто до Шведска и кога ќе се враќа летово во Македонија, да ми го донесе, ама нема, не се надевајте дека некоја ќе сеака да ви направи услуга, пишав на 5 или 6 луѓе, сите ме одбија, иако понудив и додатна сума на пари (награда) ако ми го донесат тука уредот. Никој не сакаше да се нафати :S. Се разбира, парите за уредот однапред ќе ги префрлев на сметка (однапред ќе го платев).
И уште една работа сакам да напоменам, секоја пратка што е со цена од над 50 евра (вредноста на пратката) се царини, а може и да ви наплатат лежарина на царина (што не е баш евтина, не знам колку беше, ама не е баш евтина, мислам дека беше некаде околу 1000 денари од ден, ама не ме земајте за збор), така да на крајот да ви излезе „више дара него масло“, за уред или пратка од 100 евра може да платите и цена од 500 евра, па мислете му ја :S.
-
ненамерна грешка со латиницата.
Не се чека две недели.
јас на e-bay се регистрирав за 10 мин а на pay pal сметката од тутунска банка виза електрон ми ја верификуваа за 3 дена се регистрирав преку словенија.
Ако ти ги порача друг тие амортизери и пример дојдат дефектни, не дојдат на време или излезат и дополнителни трошкови, тој што ги порачал ке треба да се справува со тоа, ти ке сакаш тоа што си порачал или парите назад и еве проблем.
Причини поради кои јас не би се нафатил на такви услуги.
Колку што знам јас царина се наплакја на пакети над 45 евра заедно со поштарината освен за стоки кои не е наведено поинаку
Некои продавачи на e-bay се согласуваат со претходен договор на пакетот да напишат помала цена за да се избегнат или намалат одредени трошкови на купувачот
-
Колку што знам јас царина се наплакја на пакети над 45 евра заедно со поштарината освен за стоки кои не е наведено поинаку
А дали се смета во цената на пратката и shipping-от, или тоа не се смета? И ако се смета, колку би ми наплатиле заедно со се shipping, еве на пример 100 евра ми излегува производот заедно со shipping, колку би платил на царина?
Може ли да се плати директно со кредитна картичка, без paypal account на ebay?
Некои продавачи на e-bay се согласуваат со претходен договор на пакетот да напишат помала цена за да се избегнат или намалат одредени трошкови на купувачот
Како може да се исконтактира со продавачот, има на сајтот на ebay нешто како линк за контакт, screen shot ако може?
-
Колку што знам јас се рачуна на фкупната цена пакување поштарина и производ заедно.
Царината зависи од производот некои производи имаат 5% некои 15% 18% мислам дека има и данок од 15% 18%
се зависи од производот и од расположението на царинарникот :)
продавачите на e-bay имаат нимни e-mail за директни договори некои и наведуваат кај описот на производот дека можат да направат така
-
Колку што знам јас се рачуна на фкупната цена пакување поштарина и производ заедно.
Тогаш, гадно сум се зезнал :S.
Царината зависи од производот некои производи имаат 5% некои 15% 18% мислам дека има и данок од 15% 18%
се зависи од производот и од расположението на царинарникот :)
Значи ептен гадно сум се зезнал, ко што сум си јас „среќлија“, 100% маржа ќе ми „бапнат“.
продавачите на e-bay имаат нимни e-mail за директни договори некои и наведуваат кај описот на производот дека можат да направат така
Е овој изгледа нема, колку што видов, нема конакт :S.
А за payment, еве што пишува на производот за payment method:
Payments: PayPal
Значи само со PayPal може да му платам?
-
зависи од продавачите некои прифаќаат само pay pal а некои и друг вид на плаќање обично е наведено на производот
на e-bay има опција да се контактира со продавачот па таму да пробаш да договориш друг начин на плаќање или да напише друга цена на производот или да ти даде e-mail za kontakt
-
зависи од продавачите некои прифаќаат само pay pal а некои и друг вид на плаќање обично е наведено на производот
Епа само ова беше наведено, значи само преку PayPal можам да платам?
ПС: Колку пари кошта таа картицата од Тутунска банка?
-
незнам точно мојата е виза електрон преку која ми оди платата се плакја од 200ден па нагоре годишно за користење на картичка зависи од картичката.
За pay pal не треба картичка треба сметка во банка трансакциона сметка за да можеш парите од сметката да ги користиш и на интернет
-
За pay pal не треба картичка треба сметка во банка трансакциона сметка за да можеш парите од сметката да ги користиш и на интернет
Аха, ОК, значи ако јас отворам таква трансакциона картичка во Тутунска банка (како што ја викаат популарно, за online плаќање), ако ставам пари на неа и ако отворам paypal account со неа, парите што ќе ги ставам на неа ќе ги има на paypal account-от, така? А за колку време стигаат парите на paypal одкако ќе ги уплатам парите на картичката? И дали е таа дебитна или кредитна картичка (тие од Тутунска банка), значи дали може да се влезе „во минус“ со неа?
-
Повеќе неможе да отвориш пајпал со картица од тутунска сменети се картиците и според бројот пејпал знае дека е од МК картицата. Така да немој џабе да се мачиш
-
јас на pay pal се регистрирав пред 2 месеци и сите податоци освен држава ги ставив македонски и немав проблем
каква картичка ке извадиш тоа зависи каква сакаш ти и каква ке ти дозволи банката мојата е со 2 плати во минус.
промените на сметката се покажуваат одма и на pay pal. Ако извадам пари од банка ми се намалуват и на pay pal скоро одма и обратно ако внесама тоа се покажува скоро одма.
дали во последните 2 месеци pay pal има промени незнам
-
јас пред 2-3 дена купував од ebay и неправеше paypal проблеми за плаќањето...
-
а ти имаш пеј пал акаунт преку тутунска или ?
-
и јас вчера пробав да направам paypal со виза на тутунска за еден другар ама не успеав инаку имам
моја направено пред година или така нешто и сеуште работи
-
Јас би ви направил услуга, ама овие говедава од кај нас донесоа закон за секој денар префрлен на трансакциона, јас треба отчет да им дадам од кај ми се. Затоа не можам, инаку не би имало никаков проблем.
-
можете да си пазарите на dealextreme без paypal
-
можете да си пазарите на dealextreme без paypal
Да, ама само на ново, не и на старо :S. Ќе пробам да отворам со картичка од тутункса банка кога ќе отворам трансакциона кај нив и ќе има нагласам дека ми треба за online shopping, па ќе видиме што ќе направиме ;). Ако прифаќа на paypal, ОК, ако не, никому ништо ;).
-
а дали можи преку шпаркасе ? оваа германската што е ?
-
а дали можи преку шпаркасе ? оваа германската што е ?
Е тоа треба да се провери, ако не ќе отворам две сметки, па ќе видиме со која ќе „запали“ ;D.
Има некој искуство со Шпаркасе?
-
јас колку што гледам добра фирма се, пола германија е кај ним но како е кај нас појма немам, гледам јака фирма е незнам колку илјадници филијали низ германија имале...
-
би требало да може и преку шпаркасе pay pal не прават проблеми за банката и картичката туку за корисникот од каде е од која држава.
Не ни е дозволено на нас македонците од било која банка да се регистрираме на pay pal бидејки сме многу почитувани како држава
-
Не ни е дозволено на нас македонците од било која банка да се регистрираме на pay pal бидејки сме многу почитувани како држава
Па ако прават проблеми за државата, тогаш зошто на ebay има опција да се прати до Македонија? Јас колку што знам, paypal е „фирма ќерка“ на ebay, или грешам ???.
-
незнам дали е можно да се отвори сметка во некоја друга држава пр. бугарија па да се направи paypal за
бугарија а како адреса да се стави македонија ???
значи со какви не глупости треба да се замараме >:(
срамота
како не се најде некој од владава да се позанимава малку со ова ???
-
пробав да се регистрирам на pay pal денеска со картичка од прокеедит банка и ми напиша дека картичката е од држава која не е поддржана од pay pal.
Pay pal е во сопственост на e -bay од 2002
Јас колку што знам e -bay не продава ништо туку преко неа продаваат поединци и фирми па кој од нив сака може да си ја проба среќата со нас македонците.
повеке од 50% од продавачите не испорачуваат за македонија
-
значи со какви не глупости треба да се замараме >:(
срамота
како не се најде некој од владава да се позанимава малку со ова ???
Е ајде де :S, цел нормален свет си пазарува евтини работи од e-bay, само ние мораме да се замараме со секакви глупости за да можеме да нарачаме од таму, навистина срамота. Искрено, дури пред некое време почнав да рзгледувам некои работи на e-bay и да ги гледам цените, некои од цените се навистина евтини, дури и со shipping барем дупло поевтино излегуват одколку тука да ги купам, особено некои работи поврзани со електроника. Ај што се поевтини во странство овие делови, него и стандардот им е повисок. Сега јасно ми е зошто сите странски хобисти без проблем имаат еден тон опрема и и ги имаат најновите компоненти, зошто се џабе кај нив, а кај нас не можеш да најдеш еден ATMEGA контролер... извинете вака, ама ние сме ш**акот на светот >:(.
пробав да се регистрирам на pay pal денеска со картичка од прокеедит банка и ми напиша дека картичката е од држава која не е поддржана од pay pal.
Денес или утре ќе пробам да се регистрирам со кредитна картичка од тутунска или шпаркасе и плус ќе им спомнам во банките дека ја вадам кредитнава само за online shopping. Значи ќе им го нагласам тоа и ќе видам што ќе ми кажат, ако некој од нив спомне дека веќе не може со нивните кредитни картички да се купува online и да се врзе со paypal сметка, ќе прашам преку која банка можам да го направам тоа. Ако ми кажат која, веднаш ќе пишам, да знаат и останатите, па „на сигурно“ да си извадат кредитни од „таа и таа“ банка ;).
-
од тутунска ќе ти речат дека појма немаат :)
или дека првпат слушаат за тоа
-
од тутунска ќе ти речат дека појма немаат :)
или дека првпат слушаат за тоа
Јас ќе си прашам, па која банка ќе ми каже дека „да, може со нашите кредитни картички да се купува online и да се врзe со paypal сметка“, од нив ќе земам кредитна картичка. Нема една банка во Македонија, сигурно ќе се најде барем една преку која може и во која со сигурност ќе ми кажат дека може да се врзе со paypal. Ако не најдам, ќе извадам од некоја странска банка, сега е барем лесно да имаш online сметка ;). Таа картичка ќе ја врзам со некоја кредитна картичка од банка од тука, и готова работа ;). Барем знам дека еден пријател така правеше ако сакаше да купува online, ова беше поодамна, пред 6 или 7 години ;).
Значи навистина треба многу да се замараме :S. Да ти тииит државата :S.
-
значи види сите ќе ти речат може онлајн купување, ама на државно ниво, не и во странство :)
-
Може да се купува на интернет со македонски картички секде во светот каде што прифаќаат картички а не само pay pal
-
значи види сите ќе ти речат може онлајн купување, ама на државно ниво, не и во странство :)
Ти си прашал и вака ти одговориле? Низ колку банки имаш поминато?
-
еднаш во неколку банки заприметив нанет што читав..
него AlertPay ја поддржува Македонија, ама па од ebay не може со тоа да се купува :)
-
него AlertPay ја поддржува Македонија, ама па од ebay не може со тоа да се купува :)
Знам за AlertPay и имам таму account, ама скоро цел интернет плаќа преку PayPal, AlertPay има поддршка само на неколку сајтови :S.
-
Абе од НЛБ тутнкс банка може да се направи PayPal акаунт без никаков проблем. Само што треба да си стаите дека сте Словенец, а после на ebay акаунтот си ставаш домашна адреса и тргнуваш во шопинг. Многу е едноставно :D

Аха, значи само на PayPal account-от ставаме Словенија, а на ebay account-от ставаме домашна адреса од Македонија, така?
-
Да де, се што ти треба за да ти стигне на домашна адреса. Абе, ако нешто не ти е јасно, може да се сретнеме негде, да ти објаснам се, да ти покажам како се прави. Јас колку време барав додека да направам.
-
беше така да избереш словенија но сега неможе не дава држава да се бира.
пробав сабајле кога внесов сметка ми рече дека сметката е издадена од држава што не е поддржана од pay pal сменета е цела регистрација.
Првиот пат кога се регистрирав отворув pay pal акаунт па ставив сметка. Сега сметката се става со самата региатрација и на регистрацијата бара само улица број телефон нема да избереш држава
-
Кој сака да отвори PayPal сметка слободно нека пише приватна порака, и ако сака ѓе се договориме или тој да дојде кај мене или да се сретнеме во некое интернет кафе. Ќе ви објаснам се што треба за да може да купувате преку нет.
-
А што мислите за оваа страничка ?
http://www.shoppingusa.mk/
Едни пријатели ми рекоа дека порачувале гардероба и успешно им била доставувана до домашната адреса.
-
А што мислите за оваа страничка ?
http://www.shoppingusa.mk/
Едни пријатели ми рекоа дека порачувале гардероба и успешно им била доставувана до домашната адреса.
За гардероба, и тука ќе најдам, плус, гардероба е „лесна роба“, и да ја свиткаш, ништо не и е, од кај да знам дека ако нарачам опрема дека ќе ми стигне до Македонија како што треба и дека нема да биде оштетена при транспорт?

[/quote]
А ти што сакаѓ да нарачуваш?
-
Ама според нивните објаснувања (на тие од страничката) може да порачуваш што сакаш. Што потешко е поскапо, а што поефтина роба купуваш, поголема провизија земаат.
-
А ти што сакаѓ да нарачуваш?
Па еве, осцилоскопи на пример, или спектрани анализатори, лаптоп, можеби некои специјални конвертори кои ги нема тука, не знам, се што спаѓа во „кварлива роба при транспорт“, и уште поважно, повеќето работи кои сакам да ги нарачам се на старо, односно користени, на ново ќе ме коштаат можеби и X4 повеќе одколку да ги купам на старо. И да се малку зезнати, не е проблем, ќе си ги средам јас и ќе си ги прилагодам за моите потреби (како што правам многу пати и со производи купени од тука во Македонија, ги преправам, поточно джги правам подбри и поиздржливи бидејќи веќе се е Made In China и ништо не е квлаитетно), и уште една работа, да бидеме реални, постарите производи беа поквалитетни, од секој бренд, скоро и да немаше исклучоци, затоа и сакам да купувам производи пороизведени во 90-тите и 80-тите, нови производи не сакам бидејќи треба да ги преправам, доправувам, што и го правам, но одзема време, а искрено, и не може баш се да се преправи :S. Освен компјутер, друго ништо не сакам на ново да купам, освен можеби нешто компјутерска опрема, ама друго освен тоа, не. Затоа и барам на старо да купам опрема, ама само на ebay се нуди опрема која може да ми користи за моите потреби на старо, на други асјтови не сум видел, барем не по тие цени, на ebay може да се начекаат навистина добра опрема „скоро за џабе“, да бидеме реални, еве баш пред некој ден начекав мултиметар FLUKE со audtorange до 2000V (!?!) мерно подрачје произведен во 90-тите за 20 долари (!?! :o :o :o). Кај ќе најдам тука таков мултиметар за таа цена, за shipping ми наплаќаат 10 долари, значи за 30 долари ќе имам професионален мерен инструмент од реномиран бренд, не е произведен во Кина (во 90-тите сеуште се држеше некое ниво на квалитет и дигнитет кај фирмите), а не Кинески копии од познати брендови на инструменти кои може да коштаат и по 70, 80 евра, со далеку послаб квалитет од оној на FLUKE. Сите го знаеме тоа.
Ете зошто почнаев ептен да се распрашувам за online нарачки преку ebay, некогаш има смешно евтини работи, затоа.
Ама според нивните објаснувања (на тие од страничката) може да порачуваш што сакаш. Што потешко е поскапо, а што поефтина роба купуваш, поголема провизија земаат.
Да, ама како што опишав погоре, нема тоа што барам, за оптонаменска електроника, има и кај нас, ама тоа не ми треба на мене, ми треба специфична опрема, затоа не ми врши работа сајтот.
-
Штета што нема електронски компоненти (транзистори и интегралци)
-
Штета што нема електронски компоненти (транзистори и интегралци)
Како нема, ај побарај, ќе видиш, секакви има. Е сега, не се евтини, особено ако се некои ретки, ама има, баш разгледував, има ламби, ги има и они интегрираните кола што ги барав, SAD512 и SAD1024, ама 10 долари е парче, не се евтини :S.
-
Е и мене ми треба човек да ми донесе нешто до Шведска и кога ќе се враќа летово во Македонија, да ми го донесе, ама нема, не се надевајте дека некоја ќе сеака да ви направи услуга, пишав на 5 или 6 луѓе, сите ме одбија, иако понудив и додатна сума на пари (награда) ако ми го донесат тука уредот. Никој не сакаше да се нафати :S. Се разбира, парите за уредот однапред ќе ги префрлев на сметка (однапред ќе го платев).
И уште една работа сакам да напоменам, секоја пратка што е со цена од над 50 евра (вредноста на пратката) се царини, а може и да ви наплатат лежарина на царина (што не е баш евтина, не знам колку беше, ама не е баш евтина, мислам дека беше некаде околу 1000 денари од ден, ама не ме земајте за збор), така да на крајот да ви излезе „више дара него масло“, за уред или пратка од 100 евра може да платите и цена од 500 евра, па мислете му ја :S.
Pricinata e zatoa sto nasata carina e zaebana jas donirav besplatno oprema na kinoteka na Makedonija pa mi pravija problemi.a i vo avion e ogranicen bagazot po najnovo lani mozev samo 10 kila bagaz da ponesam se poveke se naplaka debelotreba samo nekoj sto odi sakola a poveketo letaat avionski se gubi vrem so kola do ;Makedonija i nazad + sto letaat kazni popat od site policii,vikaat EU e sloboden premin ama ne e taka,
-
Кој што сака да нарача нека ми пише порака. За цена ќе се договориме. За одредеба сумо можам да ви направам услуга :D
-
Кој што сака да нарача нека ми пише порака. За цена ќе се договориме. За одредеба сумо можам да ви направам услуга :D
Јас барем, ќе имам на ум доколку сакам нешто да нарачувам ;).
-
Денес зборував со еден професор, ми рече дека од амазон може да се порачува кај нас и без пеј пел, можело само со виза електрон, или како се викаат, а тие колку што знам бесплатно се вадат од банки, ќе видам ако фатам некој денар ќе пробам да порачам нешто :)
-
Да, може, знам луѓе што редовно си нарачуваат книги и сл. ;)
-
Абе има други начини за нарачување, ама јас сепак мислам дека најсигурен ти е преку PayPal. Поготово како што ќе вадиш нова VISA картичка, исто ти се фаќа, само се ставаш на нет и си правиш профил.
-
јас имам виза електрон на нлб тутунска и сакам да нрачам и ај некој ако знае како нека ми кажи
-
тоа со нлб веке не работи, треба да се стрпиш малку, мислам дека до крајов на годинава конечно ке може да се регистрираме на paypal
-
тоа со нлб веке не работи, треба да се стрпиш малку, мислам дека до крајов на годинава конечно ке може да се регистрираме на paypal
Такви ветувања слушаме веќе не знам колку време, дури и mail им има пратено еден другар, му рекоа „као демек“ до 24-ти Септември ќе бидне... како да не... еве го Ноември и уште ништо нема :S. А искрено и не верувам дека воопшто и планираат да не примат, не мафтаат исто како и за многу други работи. Ако можете да нарачате од други сајтови без PayPal, ОК, ако не, тоа е тоа, јас веќе и се откажав.
Еве и официјален mail од претставник од PayPal :S.
http://forum.kajgana.com/threads/paypal-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%87%D0%BD%D0%BE-%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.53646/page-6
Thank you for contacting PayPal concerning PayPal services in Macedonia.
PayPal has no plans to launch services in Macedonia this year. In a
recent update of our fees policy effective September the 24th 2011,
Macedonia was incorrectly included in a list of countries that can
receive PayPal payments. This error is being corrected.
Any changes to PayPal services will be communicated to our customers
directly by email.
Our goal is to provide PayPal services anywhere there is significant
demand, but these things take time. We appreciate your interest and
apologise for any confusion caused.
Note: It is recommended to open a PayPal account, if our services are
available in the country that you are now living in.
We appreciate your patience and understanding regarding this matter, and
wish you continued success on PayPal.
Истото им го пишале и на Србите :S. Мене ми изгледа како да сакале да не примат сите наеднаш, ама нешто ги премислило. Тоа е тоа... политика :S.
http://tehnoblogija.com/pay-pal-ipak-u-srbiji-od-24-septembra-2011-mozda-ipak-ne
PayPal has no plans to launch services in Serbia this year. In a recent
update of our fees policy effective September the 24th 2011, Serbia was incorrectly included in a list of countries that can receive PayPal payments. This error is being corrected.
Истото и на Русите им го пишале... ова не е грешка, нешто не е во ред тука :S.
PayPal has no plans to launch additional services in Russia
in September this year. In a recent update of our fees policy effective September the 24th 2011, Russia was incorrectly included in a list of countries that can receive PayPal payments. This error is being corrected.
-
сакам да порачам рам мемории и хдд за компјутерот мн се ефтини таму за 20долари кај нас се или мн скапи или воопшто ги нема
-
Ама достава преку пошта колку виде ли? Зашто обично ако производот е многу ефтин, достават е скапа.
-
поим неам не ги баратам многу тие работи сега почнав по амазон и ебај да шетам да видам шо има како има
-
Треба тоа да си видиш, на некој има е бесплатно, ама на некои ќе ти дојде како две такви од тука да купиш. Најмногу кај ХДД - то, зашто тое е потешко и на тежина се зголемува поштарината.
-
Треба тоа да си видиш, на некој има е бесплатно, ама на некои ќе ти дојде како две такви од тука да купиш. Најмногу кај ХДД - то, зашто тое е потешко и на тежина се зголемува поштарината.
Новите HDD-иња на Hitachi се релативно лесни, би рекол дупло полесни од старите. Не знам зошто, можеби потенки плочи имаат, а плус и веќе не ги прават цели од алуминиум туку сега само основата е алуминиумска ;).
-
хддто не е толку страшно, може и од тука да најдам некаде ама овие рамовите се мн скапи или воопшто ги нема
-
Пушти линк тука, ќе ти кажам јас колку ќе те фати до македонија да ти ги донесат, зашто јас си нарацувам работи преку ebay.
-
http://www.ebay.com/itm/8-Cell-Battery-HP-Pavilion-ZE4200-ZE4300-ZE4400-/270742053063?pt=AU_Laptop_Accessories&hash=item3f097be0c7
http://www.amazon.com/KOMPUTERBAY-SODIMM-266Mhz-DDR266-PC2100/dp/B003CH3V0Y/ref=sr_1_1?ie=UTF8&qid=1320315440&sr=8-1
ајде бе дете нели ќе кажеше колку ќе кошта

Мој совет за батеријата од линкот барај од друг продавач овој има само 1000 продажби и сумјив е :) не за друго после дур ти ги вратат парите месец дена ќе помине. Гледај продавач што има повеќе продажби

Тоа кој колку има продадено нема никаква вркса, а за батеријата ти е фреешипинг до Македонија, а за рамот не знам, зашто никогаш немам нарачано од амазон. А ако сака некој да направи акаунт на ebay да знае дека веќе не може на никој начин, ќе чекате да ја стават македонија таму.
-
земав рам мемории од тука сега за батерија да видам што и како и уште хдд некое поголемко и лаптопот е коска хахах
-
Повеќе неможе да отвориш пајпал со картица од тутунска сменети се картиците и според бројот пејпал знае дека е од МК картицата. Така да немој џабе да се мачиш
Знам, ја открија финтата :S.
-
Сеа ке мора да се чека да стват Македонија во земјите којшто подржуваат paypal, а тоа нема никогаш да се случи ;)
-
Сеа ке мора да се чека да стват Македонија во земјите којшто подржуваат paypal, а тоа нема никогаш да се случи ;)
Или да почнеме да вадиме картици од друга странска банка, како на пример Шпаркасе ;). Треба да се проба со неа, можно е да функционира ;).
-
не функционира со ниту една банка од мк
пробелм е тоа што бројот на картичката од македонија кога е извадена е различен, односно секоја држава си има посебен код, и повеќе не проверуваат која е банката или од каде е и слично туку само го гледа бројот и ти забранува
имало некој баг и можело да се поврзат со картични, ама никој не кажува како оди тоа пошто ќе го спастрат и тоа нешто
-
Само чекање, мада не верувам дека некогаш ќе дозволат, зашто има секакви кај нас. Нарачуваат им стигаат работите и после поднесуваат жалба дека не им стигнало, а од paypal после 7 дена ги враќаат парите што си ги уплатил, ама кога на тој што си му платил нема да му се врати пратката назад, тој ќе поднесе жалба и така работата ја прават врвка, и затоа нас не нема никаде, зашто има секакви на светов.
-
На крајот на краиштата, ќе отидам до Бугарија, ене каде е, ќе извадам картица од таму и крај ;). Така планираше еден другар да направи, ако отиде он, ќе идам и јас со него ;).
-
Можно е како решение, јас начекав додека можеше и си направив како словенец да сум, до сега немало никакви проблеми.
-
ај како да се дог да ми порачаш батерија 20-30$ е
-
кога тогаш ке те исклучат не му ја мисли ти толку :)
ако не денес утре ќе те исклучат, а нас нема да не додадат уште за некоја година (претпоставувам) пошто имаме многу јак интернет криминал така да не им се исплаќа ним да ги закопаме до гуша со сметки :)
-
ај како да се дог да ми порачаш батерија 20-30$ е
Кога ќе земам плата.
-
ај како да се дог да ми порачаш батерија 20-30$ е
Кога ќе земам плата.
од каде си ? да ти дадам пари ако не да а порачаме да не чекаме
http://www.ebay.com/itm/NEW-Battery-HP-Pavilion-ze4200-ze4400-ze4800-ze5200-ze5300-ze5400-ze5600-/330637176119?pt=Laptop_Batteries&hash=item4cfb82ed37#ht_3066wt_992
-
Јас сум од Скопје, ама ти викам кога ке земам плата, зашто онака ако ставам пари, после треба да ги правдам во УЈП, а тоа е многу комплицирано. Докај први треба да легнат пари. Тоа во наши пари колку би било, до кај 1500 денари би било?
-
еве на овој линк има фри шипинг и поефтина е а и има година време гаранција
-
Па на тој линкот што си го ставил, таа батеријата е 30 долари и плус 15 долари ти е шипинг. Побарај некоја друга и праќај ми ги преку пм да не ја преоптовруваме темава.
-
Здраво :)
Се регистрирав на форумот, само заради оваа тема.
Имено, имам картичка Виса Електрон на НЛБ Тутунска.
Сакам да нарачувам преку Deal Extreme, каде пишува free shipping.
Дали тоа значи дека не плаќам ништо, или сепак ќе имам некаков данок/поштарина итн.?
Очекувам помош, потребна ми е навистина. Благодарам!
-
Како прво Deal Extreme работи исклучиво со PayPal, а за да направиш таков акаунт е невозможно, затоа што во Македонија не постои на списокот земји. Порано имаше една финта ќе стаиш ко демек си Словенец и ќе направиш акаунт, сега ни таа можност ја нема. Значи каде што треба да се нарача нешто, а плаќањето е со PayPal нема шанси да нарачаш.
А второ каде што пишува фрее шипинг, тоа значи дека доставата ти е бесплатната, јас кога порачував од ebay каде што пишуваше free shiping не ми стигнуваше ништо дополнително да платам во Македонија, секако ако не се надмине дозволениот лимит за порачување (мислам дека беше некаде 150 евра), после тоа горат, си лупаат некои проценти какви што сакаат, така ми имаа изгорено за ipod Nano. Платив 3000 денари царина :D
-
царината се плаќа над 40E, ако вредноста е над 40E плаќаш таму некој царини пресметуваат, но најчесто не ни гледаат колку кошта сето тоа, и да кошта 10$ може да те царинат, пошто нив ги интересира што има во пакетчето ако изгледа интересно царинат, ако не е интересно не царинат :)
-
Но, на страната пишува дека можам да плаќам со Виса Електрон! Не ми пара PayPal
Еве ви линк.... па кажете ми :) Се извинувам, ептен сум неука :)
http://www.dealextreme.com/p/sound-activated-electronic-shock-bark-stop-collar-for-dogs-bark-control-25877
Кај цената пишува Checkout by credit card...
-
не би требало да има некој проблем, само доколку плаќаш директно со картичка, уплати си на сметката онолку пари колку што кошта уредот пошто има шанси доколку имаш повеќе од потребното да ти подигнат повеќе пари поради тоа што се работи со различни валути :)
-
A дали и при free shipping имам некакви давачки?! Поштарина - на пример?
Никогаш до сега немам ништо нарачувано, а и не знам некој што нарачал.
Дали цената во МК ќе биде поголема - при подигање на производот (кој се сомневам дека е потежок од 200-300 грама). И очигледно цената е помала од 40 евра.
Важно ми е дали тука ќе имам некои др. давачки?
-
зависи преку кој поштенски услуги го праќа, ако го праќа преку стандардна пошта не би требало да имаш никакви дополнителни трошоци
ако го праќа преку федекс исто не би требало да има дополнителни трошоци, дхл од време на време зафркаваат и бараат пари за поштенски услуги, и ова брзи пошти низ македонија што се можеби ќе ти побараат до кај 100 денари, доколку оди преку нив, а по стандардна обична пошта не би требало никакви пари да бараат, независно од тежината на пратката
-
Благодарам многу, ќе нарачам, и ќе споделам искуство.
-
царината се плаќа над 40E, ако вредноста е над 40E плаќаш таму некој царини пресметуваат, но најчесто не ни гледаат колку кошта сето тоа, и да кошта 10$ може да те царинат, пошто нив ги интересира што има во пакетчето ако изгледа интересно царинат, ако не е интересно не царинат :)
Поточно е до 45 евра, сум се распрашувал, ова го знам дуректно од пријател кој работи во брза пошта, има подигано пратки од царина ;).
зависи преку кој поштенски услуги го праќа, ако го праќа преку стандардна пошта не би требало да имаш никакви дополнителни трошоци
ако го праќа преку федекс исто не би требало да има дополнителни трошоци, дхл од време на време зафркаваат и бараат пари за поштенски услуги, и ова брзи пошти низ македонија што се можеби ќе ти побараат до кај 100 денари, доколку оди преку нив, а по стандардна обична пошта не би требало никакви пари да бараат, независно од тежината на пратката
Не, дури и ако оди производот преку обична пошта, пак можно е да ти побараат пари. За пратки до 800gr не се наплаќа поштарина, за пратки над 800gr се наплаќа поштарина, за пратки до 1Kg се наплаќа само поштарина, за пратки над 1Kg се наплаќа и поштарина и царина.
-
да ама поштарината ја плаќа тој што го испратил, и овие од обична пошто се задоволуваат со тоа што тој платил, а овие што се брзи пошто сами си наплаќаат иако тоа еднаш им е платено :)
-
да ама поштарината ја плаќа тој што го испратил, и овие од обична пошто се задоволуваат со тоа што тој платил, а овие што се брзи пошто сами си наплаќаат иако тоа еднаш им е платено :)
Често се случува тој што ја пратил пратката да препорача до поштата дека поштарината ќе ја плати примачот, ми се има ова случено преку 3 или 4 пати, едноставно така е назначено. Е тогаш ти ја мерат и ти назначуваат поштарина за пратката.
А за пратки над 1Kg, дури и да е платена поштарина, ќе ти ја царинат. Дури и да е цената под 45 евра, пак ќе ти ја царинат.
-
Ако некој има PayPal ве молам нека ми каже. Не познавам некој таков, а ми е потребна таква сметка.
-
Зошто сите толку се напињате со Пај-Пал ова она? Има една страница на интернет они порачуваат и ти доставуваат и тоа се со минимални трошоци, страницата е
http://www.viaddress.com
Многу добра страница, не ти треба ни пајпал ни еБеј.
-
зато што овие колку толку наплаќаат трошоци, а од ebay истот ќе го порачам без да платам поштарина и без тие дополнителни трошоци, плус имам можност да се договорам со продавачот кога ќе го испраќа доколку е преку 40$ да напише помала сума за да избегнам плаќање на царина и слични глупости, плус може да се договараш со продавачот и да ја намалиш колку толку цената :)
п.с. кодирај линкови :)
--------------------------------------------------------------------
КОРЕГИРАМ
трошоците за поштарина до македонија се преку 50$
така да оваа страна мислам дека нема смисла да се користи, кога јас тоа што тука ќе го платам 80$+
на ибеј ќе го порачам за 30$ долари со бесплатна поштарина
-
Во право е Devil, најдобро е ако одиш директно до изворот, а не преку некој трет, така најевтино се фаќа ;).
-
До сега во светот за online купување најмногу се користи paypal, а како online shoping store мислам дека ebay е најдобра.
-
а PayPal е на eBay, поточно обратно е ама нема врска :)
ај да се надеваме од јануари дека ќе не стават и нас на paypal на бела листа да си нарачуваме како луѓе тоа што ни треба :)
вака сега криенка играме
-
радувај се додека и криенка можеме да играме, кај и да е и тоа ке го укинат :(
-
а зошто би го укинале, доколку стварно планираат да не додадат на листата и можеме да си отвориме сметка како и нај нормалните корисници кој ги имаат, тогаш нема да имаме потреба од криенка, сега засега ќе си играме :)
-
ај да се надеваме од јануари дека ќе не стават и нас на paypal на бела листа да си нарачуваме како луѓе тоа што ни треба :)
вака сега криенка играме
Не верувам дека ќе бидне од нова година, ама пуста надеж, последна умира ;D.
-
Од нова година ќе направат една чистка, па сите што користат лажни податоци, како например јас дека сум словенец, ќе ги избришат, па после ќе праиме промет кај ГАЦ и останатите.
-
Од нова година ќе направат една чистка, па сите што користат лажни податоци, како например јас дека сум словенец, ќе ги избришат, па после ќе праиме промет кај ГАЦ и останатите.
Со еден збор генералка хах :D ;D
-
може да се каже :D
-
Од нова година ќе направат една чистка, па сите што користат лажни податоци, како например јас дека сум словенец, ќе ги избришат, па после ќе праиме промет кај ГАЦ и останатите.
Од каде оваа информација?
-
пак ќе се најде некој начин :)
ако за друго не не бива, барем за дупки наоѓање во системи не бива (мислам на мекедонците (немој да ја сватите погршно пораката))
-
ако за друго не не бива, барем за дупки наоѓање во системи не бива (мислам на мекедонците (немој да ја сватите погршно пораката))
Нема што погрешно да се свати, такви сме ;D. Кај нас ќе се донесе некој закон и прво гледаме кои му се дупките и пропустите за да не го почитуваме ;D, Германците прово гледаат како да го почитуваат, машини се они ;), ама не би сакал да бидам Германец ;D.
-
а па другите да не се поарни? секаде е така само кај нив казните се многу ригорозни и неможат толку лесно да најдат некоја врска бидејќи се поголеми земји(со повеќе жители над 80 милиони во Германија) а не како нас со 2 милиони секој со секого се знае.
пр. ако на некого му пишат казна за пребрзо возење одма бара некој да ја скине казната и најчесто успева :D
-
кога веќе стана јавен багот на пеј пел
дали видовте дека и наши картички може да се примат, значи ова беше тешко криена тајна али некој ја издаде на јавноста очекување е дека за 1-2 месеци ќе го решат и тој баг :)
1.My Account -> Withdraw -> Withdraw fund to your card
2. Add Card (внесете ги вашите податоци) -> притиснете Add Card
3. My Account -> кај Notifications -> кликни на Confirm credit/debit card
Сега треба да се изврши транскакција и ке ви одбие пари од вашата картичка.
4. Му Account -> исто кај Notifications -> кликни на Confirm/Enter Code.
Кодот ке ви стигне преку порака, или ако имате онлајн сметка за проверување.
5. Внесете го 4-цифрениот број и готово!
-
Ќе се наоѓа секогаш по нешто колку да можеме да нарачаме, сега за сега кај мене добро, додека не го укинат тоа преку Словенија, после ке купуваме по нашине продавници. Не сум пробал со тоа BillMeLater новиот метод за плаќање. Ај ако некој знае нешто нека пише.
-
тоа е поврзано со пеј пел, ако сакаш да го користиш треба да имаш на пеј пел верификуван акаунт
јас кога порачувам прашувам дали примаат монибукерс тоа работи легално кај нас
ама се престроги за ситница може да те скинат
-
Се гледа дека ние сме тотално изолирани од цивилизацијана, толку сме уназадени што за еден акаунт да отвориш ти бараат милион информации :)
-
кога веќе стана јавен багот на пеј пел
дали видовте дека и наши картички може да се примат, значи ова беше тешко криена тајна али некој ја издаде на јавноста очекување е дека за 1-2 месеци ќе го решат и тој баг :)
Не ми е јасно, сега и наши картички се примаат? Нели не сакаше да се верифицираат нашите картички?
-
се примаат ама ова е баг во скриптата на пејпел, со овај баг да се примаат
ама инаку не се примаат, ако одиш на легален начин сеуште сме блокирани, со ова можеш да се конектираш, ама откако стана јавно мислам дека ќе го закрпат за брзо време
-
јас летоска си вадам картица од америка и си уживам после тоа :)
-
јас летоска си вадам картица од америка и си уживам после тоа :)
Барем година дена ;D.
-
абе еднаш ти извади картичка и верификувај го акаунтот :)
после лесно правиме хаха
-
Јас одамна го имам направено акаунтот на paypal па не знам тоа кога ќе ми истече картичката што треба да сменам таму? Сеуште не е помината важноста на картичката, ама за 3 - 4 месеци ќе заврши.
-
епа кога ќе ти истечи картичката збогувај се (ако во меѓувреме не не додадат) пошто секоја картичка има различен број, и кога ќе треба да го смениш бројот нема новиот да ти го прифаќа, а верувам дека овај багот за брзо ќе го средат
така да..
купувајте додека можите :)
-
Дали некако може бидејки нема пајпал во македонија јас некаде да регистрирам сметка и ако најдам некоја страна за заработака на интернет што работи јас да правам пари и да стигнат на таа сметка и после да можам со тие пари да купам нешто од интернет пример...некој хостинг/домен...??
-
отвори не верификуван акаунт на пеј пел, тоа е единствено што е дозволено за нас да се прави сега за сега
на него можеш да добиваш пари и да плаќаш, но не можеш да ставаш пари од твоја сметка (банкарска) и да префрлуваш и да вадиш пари (на твоја банкарска сметка)
па кога се регистрираш на тоа страните за пари правење (избегнувај птц сајтови не се исплаќа) намести парите да ти одат на пеј пел, после со овие пари можеш слободно да работиш без ограничувања :)
-
јас летоска си вадам картица од америка и си уживам после тоа :)
Барем година дена ;D.
mojata kartica e do 2014 taka da ako ne mi ja izbrisat ke imam uste za teranje :)
p.s od tel sum
-
хаха, ете од кај ќе порачваме и преку кој ќепорачваме :P
-
отвори не верификуван акаунт на пеј пел, тоа е единствено што е дозволено за нас да се прави сега за сега
на него можеш да добиваш пари и да плаќаш, но не можеш да ставаш пари од твоја сметка (банкарска) и да префрлуваш и да вадиш пари (на твоја банкарска сметка)
па кога се регистрираш на тоа страните за пари правење (избегнувај птц сајтови не се исплаќа) намести парите да ти одат на пеј пел, после со овие пари можеш слободно да работиш без ограничувања :)
абе добро направив акаунт на пајпал(мислам имав од поарно) и сеа се регистрирав на фивер(заработка на интернет) и сеа има таму 5 долари бесплатни и кога дојде да ги префрлам на сметка има да потполнам кредитна картичка број? па немам кредитна картичка сеа ? неможе да се префрле?
-
абе јас кога работев на фивер си ги префрлував на пеј пел, провери дали има некоја можност да тие пари се префрлат на пејпел а не на картица, мислам дека има
разгледај убаво..
-
јас неможам да додадам картица, преку тутунска банка виза електрон има и пари на неа ама ми пишува дека има проблем од банката?!
-
дали проба со онаа постапката која е некој пост наназад презентирана ?
значи кога ќе ти повлечат пари од сметка и го добиеш тој кодот, ти го внесуваш на pay pal и картицата ти е поврзана, е сега финтата е што не можеш да повлекуваш пари на сметката, ама можеш да плаќаш :)
и тоа оди вака, пр. за ebay кога плаќаш ти отвора страна на pay pal таму кликаш ти да си избериш со што сакаш да платиш, ти си избираш од картичка, и директно од картичка ти земаат пари :)
-
јас провав све како што е на постот, ми вика дека има проблем околку банката, а инаку код не ми стигна никаков???
-
во извештајот треба да ти стигне 4 цифрен број, дека ти се подигнати пари од pay pal
поточно кога ќе ти подигнат тие 1.5$ (или колку се) како причина во тоа трансакцијата го наведуваат кодот тоа е нешто PP*XXXX во ваков формат некако, ама проблем е со банкиве наши што трансакциите на извештаите ги прокнижуваат за 3-5дена (овие онлајн трансакциите што се)
да не речите Devil лаже :)
-
на која банка ти е картицата, кај мене е на тутунска и ништо не стигна на мобилен ли или на оннлине сметка ти стига кодот?? видов јас дека е од3-5дена и дека зима 1.5дол. >:( >:( >:( >:(ама сепак несака
-
кодот не стига ни на емаил ни како SMS, кодот го има во извештајот кој го даваат од банката, јас имам онлајн сметка од шпаркасе баш поради вакви работи, да не мора да се мачам да барам како што кога кој...
-
Eве и јас извадив картица од тутунска,па сега ќе пробам да видам дали ќе сака да се регистрира на paypal (што не верувам ;D)

Јас имам од Тутунска банка, си направив на инетрнет профил и немора да одам во банка, се си гледам на интернет, така и кодовите за активирање ми стигнаа на интернет ;)
Споено мислење: 31.01.2012, Tuesday, 18:41:59
Eве и јас извадив картица од тутунска,па сега ќе пробам да видам дали ќе сака да се регистрира на paypal (што не верувам ;D)
Како што наслушнав целосно е забрането и како словенец веке неможе, ама сепак кога веќе си ја извадил пробај си ја среќата ;)
-
Како што наслушнав целосно е забрането и како словенец веке неможе, ама сепак кога веќе си ја извадил пробај си ја среќата ;)
Tикви со расол среќата :D
Споено мислење: 31.01.2012, Tuesday, 21:19:50
Леле ама ме зае*аа овие од тутунска,ми дадоа Maestro картичка...Еб*те картичката ни од deal extreme неможам да нарачам... :S
-
Оди откажи ја оваа и зами нова или пак оди кажи им дека погрешка си ја земал сакаш да ја замениш ;)
-
Оди откажи ја оваа и зами нова или пак оди кажи им дека погрешка си ја земал сакаш да ја замениш ;)
Значи како ме зае*аа,стручно :D.Таму кога бев и викам на таа ми треба картица да можам да купувам од интернет,и вика ок,имаме таква,visa electron.Е викам таква да ми дадете...Сега одам,ја зимам кога доле у ќош maestro...Незнам сега дали ќе ми ја заменат дека оваа е на мое име,од тој еб*ниот пакет за млади-малолетни...А пишува таму дека даваат и master card light,ама топки што ми дадоа таква...
За кого е наменет?
Клик пакет за млади е пакет на банкарски продукти и услуги наменети за сите млади од 16 до 25 години.
Што вклучува?
Трансациска сметка
Бесплатна Maestro дебитна картичка
НЛБ Мини клик – бесплатно
Надополна на кредит за мобилен преку банкомат
MasterCard Light кредитна картичка
Студентски кредит
Уникатен подарок
Поволности на КЛИК пакетот за млади
Брзо и едноставно отварање на трансакциска сметка
Бесплатно подигање на готовина со Maestro картичката од сите банкомати во НЛБ Групацијата
Пониски провизии за подигање на готовина со Mestro картичките на туѓи банкомати во земјата и странство
Можност за проверка на состојбата на твојата сметка и плаќање на редовните месечни трошоци со НЛБ Мини Клик - електронско банкарство за физички лица
Можност за плаќање на 6 рати за износи над 1.500 МКД со MasterCard Light кредитната картичка
Можност за користење на студентскиот кредит отплата по завршување на студиите (по 3 години)
Е сега незнам,да не треба уште нешто за да ми дадат таква master card...
-
да да крединта картичка, ако сакаш да не можеш 2 години да се исплатиш :)
-
Ви реков да одите во Шпаркасе ;D.
-
Ви реков да одите во Шпаркасе ;D.
Да ама не даваат на лица под 18год.,или даваат?Јас имам лична карта,ама незнам дали ќе ми дадат...
-
Ви реков да одите во Шпаркасе ;D.
Да ама не даваат на лица под 18год.,или даваат?Јас имам лична карта,ама незнам дали ќе ми дадат...
Па би требало да даваат, но само со лична карта ;). Само имај лична карта и ќе се пополниш како невработено лице ;) ;D. Не сум прашал, ама мислам дека нема да направат проблем ако имаш лична карта ;).
-
Бев до шпаркасе,ми рекоа дека ќе ми дадат,само да дојдам со еден родител и лична карта ;D.Утре,правац шпаркасе ;D
-
и пази да ти дадат Visa Electron :)
за да можеш да ја користиш, треба да има 16 бројки напред и 3 назад, тие назад се кодот кој го бараат кога купуваш, нешто како демек сигурносен код било тоа :)
-
Леле да ги изнае*ам сите од банкиве,како ме ребрат...денеска го пратив таткоми да земе таков лист што треба да се пополни,како барање и им кажал дека ми треба виза електрон и они исто како тутунска,неможе таа,ако сака маестро...А вчера бев ми рече тој копукот дека можело да ми дадат виза електрон :S
-
па оди сам де, или оди на нивната страна симни си го барањето испечати си го и пополни си го за Visa electron :)
-
па оди сам де, или оди на нивната страна симни си го барањето испечати си го и пополни си го за Visa electron :)
Може вака,да не ме ребрат пак :D
-
Темава на времето се викаше како може да купам од ebay или така нешто ;D
ама пошто таму се развија повеќе дискуси за тоа како да се отвори сметка и од каде и такви некој работи името на темава му е променето..
ако има некој нешто против тоа слободно нека пиши во темава, ама тоа нека биде со добро образложение
-
Има некој успех со отворанје Paypal сметка ??
Инаку ако е за порачки може да ме барате (на маил или приватна порака), имам на располагање окулу 1000$ , но потребна ми е и друга сметка пошто неверификуваните одат само до 2500е..
-
јас имам отворено pay pal акаунт со кој редовно си порачувам мали количини на производи од интернет :)
најчесто ebay ама има и некои други страни :)
-
јас имам отворено pay pal акаунт со кој редовно си порачувам мали количини на производи од интернет :)
најчесто ebay ама има и некои други страни :)
ама како што разбрав да отвориш Paypal е доста комплицирано, вистина?
-
не баш, има некој работи на кој треба само да се внимава друго е се едноставно
-
не баш, има некој работи на кој треба само да се внимава друго е се едноставно
јас пробав pay pal преку тутунска пред 2 години, се пишав како Словенец, со македонска адреса, ја верифицирав сметката ми наплатија не знам колку беше околу 2 долара, и сакав да порачам од Кина, и ми ја блокираа сметката, и ми бараат сега нова картичка, за одново да ја верифицирам сметката.
инаку имам преку moneybooker и одлично работи без проблем. најчесто нарачувам од Полска. нема никаков проблем со нив.
-
неколку страни наназад наведив како се отвора pay pal акаунт, едноставно кога плаќате ви тргаат директно од картичка, не плаќате со тоа што го имате на акаунтот :)
-
Еве, и јас да дадам позитивен feedback за „финтата“ со картиците на Devil ;D.
Нарачав од ebay термо-паста, 1.98 долари за 30 грама (има и поголеми пакувања, 100, 200, 300 гарама, 1 килограм, ама ова беше само колку за тест ;)). Пастата стигна (по скоро два месеци, ама битно стигна ;D), така да, се е ОК, пари се префлаат, може да купувате со paypal со таа „финта“ ;).
-
Дали функционира уште
„финтата“ со картиците на Devil ;D.
Откако регистрирав налог на ибеј, пробав да додадам картичка и стигнав до втората точка 2. Add Card (внесете ги вашите податоци)
арно ама кај картици ми дава само Виза. Е таква немам :P
Доколку ова функционира да одам да извадам негде виза или џабе да не се мачам ???
Споено мислење: 20.01.2013, Sunday, 16:16:27
И ова не ми беше јасно
Во адреса кога регистрирав налог ја ставив домашната адреса ама сега гледам на се тоа што сум пишал вклучително и Македонија на крај додава Словенија. Неможе ли тоа да не го додава. Да не се чудам кај ми е пратката а таа се расшетува низ Словенија ;D

Како прво на ebay сите продавачи не праќаат според адреса на paypal сите гледаат адредсаата на ebay што ја имаш ставено, а тоа нормално ќе си ја ставиш оваа во Македонија што ти е.
-
Финтата работи пред некое време јас регистрирав повторно нова картичка (на друго име)
на pay-pal адресата и не е битна, со договор со продавачот ќе ти испрати и во америка ако сакаш :D
картичката мора да има 16 цифри и код за верификација (тоа 3 цифрен број одпозади)
-
Како прво на ebay сите продавачи не праќаат според адреса на paypal сите гледаат адредсаата на ebay што ја имаш ставено, а тоа нормално ќе си ја ставиш оваа во Македонија што ти е.
Па би требало да е така :)
Споено мислење: 20.01.2013, Sunday, 17:29:20
Дали картичката мора да е од некоја специфична банка или може да се регистрира виза од било која банка ???
Финтата работи пред некое време јас регистрирав повторно нова картичка (на друго име)
на pay-pal адресата и не е битна, со договор со продавачот ќе ти испрати и во америка ако сакаш :D
картичката мора да има 16 цифри и код за верификација (тоа 3 цифрен број одпозади)
@Devil
Од која банка беше оваа што си ја регистрирал?
-
Како прво на ebay сите продавачи не праќаат според адреса на paypal сите гледаат адредсаата на ebay што ја имаш ставено, а тоа нормално ќе си ја ставиш оваа во Македонија што ти е.
Па би требало да е така :)
Абе ти кога ќе ти префрлиш парите ако ти е толку страв пиши му на тој од кај што си купил порака да ти ја прати пратката според адреса од ebay, јас секогаш така правам.
-
Дали картичката мора да е од некоја специфична банка или може да се регистрира виза од било која банка ???
Може да биде Visa картичка од било која банка ;). И јас пред некое време регистрирав една картичка која беше на Охридска банка, немаше никаков проблем ;). Важно е само да има 16 цифри и да има три цифрен сигурносен код на задната страна (сите 16 цифрени картички го имаат, без разлика дали се Visa или не ;)).
-
Финтата сеуште работи :)
Виза од тутунска - денес ја конфирмирав картицата и ми земаа 1,5 €
-
Финтата сеуште работи :)
Виза од тутунска - денес ја конфирмирав картицата и ми земаа 1,5 €
Важи се тоа, ама почнаа ненормално многу да каснат, дури по два месеци, сега ми се случи нарачував нешто и го немаше тоа месец и поисе, му пишав на продавачот и ми вика ОК ке го пратиме повторно и после еден месец ете ги двете пачетцинја на врата ми стигаат.
-
ти е гајле, 1 доби фрии :D
јас ако доцнат си ги барам парите назад и си нарачувам од друг продавач, ако има нешто друго такво
-
ти е гајле, 1 доби фрии :D
јас ако доцнат си ги барам парите назад и си нарачувам од друг продавач, ако има нешто друго такво
Не побарав пари пошто од кого и да нарачаш исто е сега, нешто има проблеми и не стига, вака ке ти прати две и гајле ти е. Порано ми имаат стигано за 3 недели пратките, сега два месеци.
-
Бидејќи не сум нарачувал од интернет до сега, ме интересира како ги одбирате производите или ај попрецизен да бидам како ги бирате продавачите. Им следите фидбек од купци, колку продале .... или како кој му дојде па ако стигне пратката ОК ???
Споено мислење: 02.02.2013, Saturday, 22:13:11
Дали прво ги контактирате продавачите на маил пред да купите ?

Абе во принцип сите пракаат, нема лоши таму, јас на пример гледам кој има најниска цена и фидбек, тоа пресудува кај мене.
-
Абе во принцип сите пракаат, нема лоши таму, јас на пример гледам кој има најниска цена и фидбек, тоа пресудува кај мене.
...изгледа и јас така ќе се водам во изборот :D
Еве сега ќе ја направам првата (first ever) порачка, па ако стигне и кога ќе стигне ќе ве информирам. 8)

25 работни дена откако ќе поминат можеш да го контактираш продавачот, тој ќе ти каже дали ја пратил, ќе почекаш уште една недела и ке му кажеш дали е можно да го пратите повторно или да ми ги вратите парите во спортивно ќе морам да ви оставам негативен фидбек. Од тоа многу се плашат, да не им оставиш негативен фидбек, ако треба 10 пати ќе ти пратат само тоа да не им направиш.
-
Порачката е направена. Сега останува да чекам.
-
Сум ја подзаборавил темава и требаше да ве информирам за тоа како поминала мојата прва нарачка од ибеј. Како и да е поарно некогаш да одговорам отколку никогаш :D
Еве вака... значи нарачката ја направив на 2 февруари, пратката била пратена на 4 февруари и нормално ко за првпат се искомплицираа работите и нарачката ми се изгуби негде во бермудскиот триаголник. >:( Откако поминаа 25 работни дена ги информирав дека сеуште нема ништо стигнато на моја адреса па кинезите ми пратиле нова пратка, без дополнителни трошоци, која среќно стигна на 25 март после 50-тина дена.

Сосема нормална работа ;D. Ама не плаши дека ќе ги изгубиш парите ;), побарај си да ти пратат нов производ или да ти ги вратат парите, едно од тие две сигурно ќе прифатат ;).
-
Во меѓувреме на оваа првата нарачка, направив и друга исто од Кина, која стигна релативно брзо. Некои 15-16 дена.
-
Во меѓувреме на оваа првата нарачка, направив и друга исто од Кина, која стигна релативно брзо. Некои 15-16 дена.
Зависи од која провинција стигнуваат. Ако доаѓаат од Hong Kong, стигнуваат побрзо. Јас до сега сум нарачувал од Shenzhen и од Hong Kong, побрзо стигнуваат од Hong Kong.
-
Се што оди преку Hong Kong Post стига многу побрзо, за околу две недели, тоа штo оди преку China Post минимум 25 до месец дена, кога имам можност секогаш бирам продавач од Хонг Конг, макар и да е нешто поскап... ;)
-
пред 3-4 дена нарачав нешто...појма неам од каде, чекам за 2 недели ваљда ќе стигнат стварите :P
-
И првата (50 дена) и втората нарачка (15 дена) се од продавачи од Шенжен ( Shenzhen, China така беше наведено на ибеј). И двете се пуштени со Standard Int'l Shipping. Незнам која му е разликата од Economy Int'l Shipping ама и вакво имам видено. Интересно е што и двете се пратени со хонгконг пост авионски, а праќачот има адреса Хонгконг а не Шенжен...
За оваа првата изгубената пратка второто праќање т.е препраќање било на 8 март. Така да и на оваа и требале 16-17 дена за да стигне.
-
здраво да прашам некој со искуство
имам порачано од интернет некој транзистори
и се уште ги чекам веќе 4 недели
не знам дали се задржани на царина и дали ќе добијам некое известување
од царината
или јас треба да проверам некаде во царина
поздрав
-
а ти сигурен си дека воопшто се испратени транзисторите ?
доколку стигнаа и се на царина ќе беше најверојатно известен
-
ДА
испратени се би требало
значи ке ме известат
ок фала сепак