Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: nsu on 07.01.2014, Tuesday, 22:07:15

Title: Прашање за променлив кондензатор од радиоприемник
Post by: nsu on 07.01.2014, Tuesday, 22:07:15
Значи колеги како што кажува насловот имам едно прашање сигурно ги знаете они старине FM/AM приемници со саат што беа и со будилник.Е сега каде што е лизгачот имаме променлив кондензатор кој е кружен и тој се користи и при избирање на станици и кога уредот работи на ФМ подрачјето и кога работи на АМ подрачјето.Значи заеднички е и за двата опсега.Е сега тој има 6 изводи.И прашањето ми е дали некој знае колкав му е капацитетот на овој променлив кондензатор.Ми се чини да беа по 2x250pf или само 250pf вие што мислите. ???.И дали знаете кој пин каде се користи.Тоест кој пинови се за АМ а кои за ФМ.А инаку портабл приемниците оние кои работеа на батерии имаа по 3 извода кај променливиот кондензатор но тоа не е битно.Инаку сакам да ве прашам дали некој знае колкав им е капацитетот и случајно кој извод е за АМ а кој за ФМ или тоа нема врска.Инаку нели оние старине приемници беа со голем променлив кондензатор тие беа со 4 извода таму мислам немаше врска кој извод се носи за АМ прием а кој за ФМ.Па дали и кај овие другиве исто нема врска незнам затоа прашувам,и капацитетот колкав им е.Бидејќи еден мој познаник изработува ФМ/АМ приемник па затоа ве прашувам незнае кој пин од променливиот кондензатор е за АМ прием а кој за ФМ или тоа нема врска што мислите вие.Значи тоа ми е прашањето дали кај било кои променливи кондензатори дали со 4 извода дали со 6 изводи треба да се запази кој пин каде оди.Се работи за променливи кондензатори извадени од разни радија али сега човеков сака да направи нешто.Па рече јас да ве прашам.Доколку некој знае во врска со пиновите нека пише и колкав отприлика им е капацитетот.Ако не е добра темава или ако не е на место избришете ја не е нешто хитно. ;)
Title: Одг: Прашање за променлив кондензатор од радиоприемник
Post by: DX-er on 07.01.2014, Tuesday, 23:32:42
Мислам дека се по околу 550pF за АМ
Title: Одг: Прашање за променлив кондензатор од радиоприемник
Post by: batka on 07.01.2014, Tuesday, 23:38:40
А да го сликаш малку да видиме кој тип е??? За АМ е доволно 500 пф ,ама има веројатно и една секција за локалниот осцилатор.
Title: Одг: Прашање за променлив кондензатор од радиоприемник
Post by: nsu on 08.01.2014, Wednesday, 00:56:11
Договорено ќе одам кај пријателот и ќе го сликам фала ви за одговорите ;).