Македонски форум за електроника
Останато => Електронски компоненти => Topic started by: masterficx on 21.02.2013, Thursday, 02:27:03
-
Ми треба помош да ја идентификувам SMD компонентата која е оштетена на средина од сликата. Се работи за матична плоча Matsonic MS9107C+ Rev3.2, но не успеав на интернет да најдам било каков податок кој ќе ми помогне. Дали вие можете да ми кажете некој начин како да ја идентификувам оштетената компонента ?
(http://fotografija.com.mk/images/2013/02/21/IMG796.jpg)
Фала!
-
Според ознаката на матичната плоча, најверојатно е некој N-канален MOSFET.
-
а има ли некој начин да откријам која компонента да ставам на нејзино место или пак да дознаам што имало таму??
-
Дај сликај ја во малку поголема форма матичната, мислам дека е IRL3103 ама не сум сигурен
-
а има ли некој начин да откријам која компонента да ставам на нејзино место или пак да дознаам што имало таму??
Ај прво извади ја, сликај ја под светло (најдобро е дневно, но може и под сијалица или неонка, стави го фото апаратото на macro и не користи блиц), па измери ја (кој пин со кој е краткоспоен, најверојатно ќе биде секој со секој), па врз база на тоа, ќе разгледаме дали е MOSFET или стабилизатор (како што пишав, врз база на ознаките, најверојатно е MOSFET). Но, пази, можно е да има уште некој проблем плочата ако вака „пукнала“ компонентата, не мора да значи дека е она проблемот, така да, немој да се чудиш ако ја смениш и ако и новата компонента изгори.
-
на среќа ми се погоди да имам слична матична плоча расипана кај мене, и го пронајдов точниот дел,
STD17NF03L, гигават погоди дека е н-канален мосфет и го заменив расипаниот дел, но сега сеуште имам проблем со матичната плоча. Кога ќе ставам графичка картичка во АГП слотот не појавува слика, додека кога ќе ставам графичка картичка на PCI слотовите компјутерот си функционира, па имам прашање. Дали може да направат проблем електролити доколку имаат пад во капацитивноста од 50-тина микрофаради ?
Извадив неколку електролити од матичната плоча и сите имаат пад одприлика од 50-тина микрофаради, на пример ако треба да се на 1000 mf , тие се 920, 942, 950, 960 и слично. Има 6 такви електролити...
-
Дали може да направат проблем електролити доколку имаат пад во капацитивноста од 50-тина микрофаради ?
Извадив неколку електролити од матичната плоча и сите имаат пад одприлика од 50-тина микрофаради, на пример ако треба да се на 1000 mf , тие се 920, 942, 950, 960 и слично. Има 6 такви електролити...
Можно е, но не мора да значи. Најдобро е ако можеш да им измериш ESR.
-
Јас се извинувам за мојата неукост, но што е тоа ESR и како се мери ?
Јас електролитите ги извадив од матичната и ги мерев со ова :
(http://www.platan.ru/img_base/nn_jpg/30355.jpg)
-
Ова е обичен дигитален мерач на капацитет, не мери ESR, имаш неколку комплетни проекти за ESR-метар на форумот, побарај... ;)
-
Имам на неколку пати објаснувано што е ESR, побарај малку низ форумов.
http://en.wikipedia.org/wiki/Equivalent_series_resistance