Author Topic: УВ Штампање Плочка  (Read 3203 times)

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: УВ Штампање Плочка
« Reply #15 on 22.03.2013, Friday, 17:24:12 »
stiffy може да објасниш каков е тој тежок тонер, кој штампачи го користат...
добро го објасни тоа со проѕирноста на печатеното коло...
Абе вака...тој тежок тонер го користат HP (и некоји други) печатачи кои на нормално печатење (без софтверски подесувања) печатат на 1200дпи (dots per inch-мислам дека значеше). Исти се, само се поскапи и користат различна прашина (тонер). Прашај во продавниците за компјутери дали ги имаат и за цена. Со самото тоа што печати на 1200дпи (другите печатат на 600дпи) има дупло поголема густина на слојот на тонер поставен врз хартијата/фолијата при што исто така пропушта помалце светлина.
За да знаеш дека си добил добар отпечаток постави ја хартијата на светло, и види на водовите дали пропуштаат точки ситни светлина. Што помалце од тие “точки“ тоа подобро, затоа што помалце светлина ќе пушта помалце ќе се оштети бојата на деловите кои треба да бидат заштитени. Да се развие лакот може и со обично испечатен отисок, но со доста помал квалитет ќе биде плочката, па дури и нагризена на точки некои.
Исто така со тонер трансфер се изработуваат преубај плочки доколку имаш исто ваков отисок добар :))

Нели требаше да се стават прво во разтвор на каустична сода па во киселина? или гршка сум... одма имам читано за фото постапка...  
Да, да. Ултра чиста плочка, ја премачкуваш со фото лак, го сушиш, ја осветлуваш па ја редиш во базен раствор па нагризуваш ;)