Како ти се погоди Дремелот ГигаВат?
Сакав и јас да земам, ама па завршив работа со друга, нормална...И пак некако ми се врти малата дремел...Многу е практична за ситни работи...
Кои карактеристики ги има?
Поздрав
Искрен да бидам, очекував повеќе :S. Деловите се квалитетни, но читав на интернет (а и самиот се уверив) дека ни Dremel не се тоа што биле :S. Не се како останатите гравирки, подобри се, ама и на нив им е паднат квалитетот :S.
Најголем проблем беше нецентрираноста на дел од додатоците и на футерчињата. Прво мислев дека е ова нормално, ама читајќи на интернет, излезе дека цела 300 серија го имале тој проблем :S. Е сега, као демек, 4000 серијата го немале тој проблем, помоќни биле и постабилни. Е сега, дали е тоа последица на поголемиот и помоќен мотор, не знам, но верувам дека е. Поголем мотор обично значи помал број на вртежи, а со тоа се постигнува поголема стабилност. Максималниот број на вртежи на Dremel 300-ката јас што ја имам е 30.000 вртежи, што не е баш малку, така да, кога е поставена на максимум вртежи и ако има поставено некој додаток на врвот, дури и да е тоа само футерче, знае да бруи (осцилира) :S.
Да бидам искрен, самата машина, без додатоците, на пример, без футерчиња и бургиичка или нешто слично поставено на неа, одлично работи, не осцилира, не бруи. Мислам дека проблемот е пред се во центрираноста на додатоците, мислам дека не се обрнува доволно внимание на тоа веќе :S. А 4000-ката можеби подобро работи бидејќи е помоќна, па подобро се „избалансирува“ оваа неисцентрираност со вкупната тежина на моторот (моторот е потежок, па не дозволува баш така лесно да го „замае“ некоја неисцентрираност на додатоците, а моторот кај 300-ката е помал, па кај него е поизразено тоа :S).
Пак, искрен да бидам, и покрај сите маани кои и ги имам најдено, сепак, не би ја менувал за ништо
. Освен тоа, дел од тие неисцентрираности се средуваат по неколку вадења и ставања на деловите и футерчињата (ќе погодиш некоја точка во која некако се е избалансирано
), така да, не ми пречи
.
Околу спецификациите. Моќноста на моторот е 125W и работи на 230V наизменичен напон (нема трансформатор), прилично моќен е, но сепак, може да се случи да заглави некаде при работа, особено ако го користиш како мене, за се и сешто
. По правило, не треба гравирката да се користи за дел од работите за кои јас ја користам, ама сега за сега се има покажано супер, така да, уште ќе си ја гњавам
. Е сега, ако заглави некаде, гледај веднаш да ја извадиш од таа позиција бидејќи можно е да изгори моторот :S. Не е честа оваа ситуација, ама ми се има случено еднаш или два пати
. Регулацијата на бројот на вртежи почнува со 10.000, а завршува со 30.000. Регулацијата не е линеарна (со потенциометар), туку е со прекинувач (преклопник), што е една од работите кои сакам да ги искорегирам кај оваа гравирка, сакам да и ставам линеарна регулација, но да почнува од 1000 или 2000 вртежи, па нагоре, бидејќи некогаш ми треба да има многу помал број на вртежи, а минимумот е 10.000 :S. Но, тоа подоцна, чекам да и помине гаранцијата
.