Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Инструменти => Topic started by: oliver-sk on 09.02.2011, Wednesday, 16:40:15
-
Здраво до сите,
ме интересира дали некој од вас има шема за обежичување на електрична гитара
-
како тоа да ја обезжичиш гитарата? на што ќе свириш ако немаш жици... ?
-
Нјаверојатно мисли да нема кабел ;). Има повеќе шеми низ форумов за bug-ови (буби), побарај, има една шема со кристал, таа би требало да има најстабилне предавателна фреквенција и може да се фати на радио, само не очекувај премногу од оваа шема, сепак, не е наменета за професионална употреба ;).
-
Здраво до сите,
ме интересира дали некој од вас има шема за обежичување на електрична гитара
oliver-sk среди го насловот напиши ми треба помош и објасни поубаво оти неможеме да те разбереме што поточно бараш ;)
Мислиш обежичување на гитарата да предава безжично на појачало или нешто слично како што кажа GigaWatt ???
Ако сакаш така бежична да ти биде гитарата тогаш купи си готов безичен микрофон кој го има на пазар и наместото од микрофонот ќе го ставиш приклучокот(џекот) од гитара ;)
-
да значи сакам да ја направам мојата гитара без кабел односно бежична
-
Со аматерски можности нема да добиеш кој знае што,кабел си е кабел.. Ама,да не те разочарам еве нешто па размисли!
-
со ова нема да може во процесор или гитарски засилувач или пак миксер
-
Ти треба прво сигналот да го *фатиш* на ФМ тунер/приемник,па потоа да го носиш на почалувач,миксер или ефект/педала.
-
ке имаш губитоци на квалитетот на звукот со овие работи поарно ој по продавници прошетај низ МК можи ке најдиш нешто по квалитетно,
-
или нека оди на Бувлјак како што и јас направив,најдов бежично нешто,како он што вели и му го шитнав на другарот.Претходно го поправив дека ова работеше на 110волти па јас морав да правам нова шема за на 220волти на 12волти со 35мА.
-
Ако не се работи за квалитетен предавател, ке слушаш звук но нема да биде баш како оригиналниот, значи или купи некој предавател со висок квалитет и наменет за таа намена или пак направи некој квалитетен предавател од типот на Вероника
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3736.msg34733#msg34733 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3736.msg34733#msg34733)
-
Абе не му треба Вероника,тој сака на 10-20метри да фати сигнал.Најголем проблем е во приемникот:колку е квалитетен и стабилен.Предавателот е горе-доле стабилен на 20 м.,а ако сака професионален(сигурно не сака) едно 150-200 ЕУ е нов систем RX/TXза гитара,
-
Темава е стара меѓута јас се уште немам ништо направено, па сеа ајде да појаснам што ми треба бидејки гледам некои членови не ме сватиле конкретно на што мислам.
1.Предавател - делот кај што ќе приклучам гитарата
2.Приемник - делот кај што ќе го приклучам во миксер,....
Дали може некшто вакво да се направи за да можам ја коа ќе свирам да ми се мотаат кабли околу нозе xd
Благодарам однапред :)
-
Се разбира дека може, и претходно истото го имаме напишано ;). Но проблем е квалитетот на пренесениот сигнал :S. Ако сакаш профи звук, со домашно направено предавателче најверојатно нема да го добиеш тоа :S. Ако си задоволен со шум и шуштење од време на време и некои други пропратни нуспојави, можеш да пројдеш и со home-made ;).
-
значи ќе треба да купам :(
-
значи ќе треба да купам :(
Паа... најверојатно, да, и да одвоиш релативно добра сума на пари за тоа (како што има пишано batka, се што е над 150 евра и спаѓа во безжичен пренос на звук е добро).
-
Темава е стара меѓута јас се уште немам ништо направено, па сеа ајде да појаснам што ми треба бидејки гледам некои членови не ме сватиле конкретно на што мислам.
1.Предавател - делот кај што ќе приклучам гитарата
2.Приемник - делот кај што ќе го приклучам во миксер,....
Дали може некшто вакво да се направи за да можам ја коа ќе свирам да ми се мотаат кабли околу нозе xd
Благодарам однапред :)
Оваа тема е мнооогу постара батка! Ама се се сведува - колку пари - толку музика!! Во аматерски услови,ако веке толку сакаш безжична гитара,направи си предавателче на чиј излез ке ја приклучиш гитарата,а за приемник користи некој FM тунер или радио со такви можности.Сигналот од тунерот * обработи го* преку каков сакаш ефект и внеси го во излезно појачало ( какво сакаш).Предавателчето е најлесно со батерија да го напојуваш за да бидеш наполно * безжичен*.А,дали ке го вградиш внатре во гитара,ке го носиш на појас,тоа е твоја работа.