Вака сега, значи планирам да правам аналоген аудио delay ефект. Постојат три најпознати типови на изведби на delay кола. Најстариот користи магнетна лента за доценење на аудио сигналот, и скоро е исфрлен од употреба, така да не верувам дека ќе најдам баш таков „ленташ“, плус, станува збор за цел уред, а не само за интегрирано коло. Вториот тип не користи механички елементи како првиот и е хронолошки гледано понов од првиот. Принципот на работа му е „доцнење со полнење на кондезатори“, значи има во серија поставено голем број на кондензатори и како што поминува аудио сигналот низ сите нив, доцни за онолку колку што е потребно да се наполни едне кондензатор (ако има во ланецот поставено, на пример, 12 кондензатори, и ако секој од нив се полни за времетраење од 10uS, значи дека вкупното доцнење на сигналот ќе биде 1.2mS). Ваквиот принцип на работа се нарекува bucket brigade и во 70-тите и 80-тите (па и почетокот на 90-тите) се има многу често користено во аналогните педали за бас и електрични гитари, како и во ефектори, миксети, итн.
. Но, со продорот на дигиталната технологија и DSP чиповите, овие аналогни интегрирани кола се исфрлени од употреба и веќе не се произведуваат (ги има на e-bay, ама се продаваат на аукции и едно интегрирано коло може да стигне вредност и од 100 па и повеќе долари
). Најновиот принцип на работа е базиран баш на DSP чиповите, се врши А/D конверзија на сигналот, се користи buffer кој го држи сигналот определено време, потоа се врши D/A конверзија на сигналот и се препраќа на излезот од уредот, значи тоа е во принцип (скоро) истиот сигнал, само што е задоцнет за определено време (најчесто, тоа време може со потенциометар да се подесува и може да трае од 1mS до 1 или 2 секунди).
Бидејќи сакав сосема аналогна да биде изведбата на delay-от, сакав да го изведам со интeгрирано коло кое работи на принципот на bucket brigade, но проблемот се интегрираните кола. Нешто читав на net и видов дека овие две кола се најпопуларни, барем кога станува збор за bucket brigade принципот на работа (нешто повеќе околу принципот на работа на bucket brigade колата, можете да најдете
тука). Може ли кај нас да се најдат/купат овие кола? Прашав во Алфа, но ги немаат, а колку што сум забележал од некои делови кои сум ги барал кај нив, познати се по тоа дека имаат некои vintage (ако може така да се изразам
) компонети, како на пример ICL8038. Во Скопје, нема шанси да ги има, освен ако некој не ги нарачал на времето, па да не успеал да ги продаде, а јас таква индивидуа не знам :S.
Прашањето ми е следново, значи дали може да се најдат овие кола во Македонија, или не, и дали има замени за нив, или евентуално некоја еквивалентна шема со која би можеле да се еквивалентираат овие кола. Исто така, дали има некои други кола кои работат на bucket brigade принципот на работа, бидејќи видов на net дека има, ама принципот не им е баш ист со bucket brigade принципот на работа, туку се нешто како хибриди, но без разлика, доколку ги има, и ако може да се најдат во Македонија, би сакал да знам
.
Благодарам однапред
.