Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Претставувања => Topic started by: cekaj on 09.07.2010, Friday, 07:41:13

Title: Здраво на сите!
Post by: cekaj on 09.07.2010, Friday, 07:41:13
Не знам зошто темата ја отворам дури по 1 месец откако се зачленив на форумот, најверојатно поради тоа што не сум го видел овај подфорум или поради помислата дека е касно сега да се претставувам, сепак еве ќе се претставам :)

Со неколку членови на форумот се имам сретнато неколку пати, мислам дека ме знаат..

Се викам Михаил, живеам во Битола, имам 16 години, учам во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ на насока Техничар за комјутерски технологии и автоматика..

Со електрониката се запознав пред околу 4 години, се заинтересирав кога татко ми купи една лемилица и кога го прашав зошто му е, ми рече дека ќе се најди (иако е дипломиран машински инженер).. Тогаш во основно училиште не одржувавме часови по Техничко Образование, поради проблеми со распоредот на часови, но со електрониката конкретно се заинтересирав кога добив проект по физика - изградба на коло со паралелно и редно поврзани сијалички  :D.
Тогаш наставничката по физика ми предложи да ме пушти на напревар по електроника, кој беше организиран од страна на народна техника. Таму се појавив со еден проект „Мини аларм“ од списанието Емитер кој рабореше на принцип: отворен тастер (во случајот рид-реле) вклучување на сирена (свирење на звучникот). Склопот се користеше како „чувар“ на фиока или слично.. На натпреварот отидов со знаење да лемам со дадена монтажна шема ( lame xP ), читање на отпорници и по малку теорија. Вака-така извадив прво место на локално ниво со готова ППК ( lame xP )..
По 7 дена повторно бев на натпревар но овој пат на државно ниво. Е тука беше интересното! Имаше 14 учесници, сите имаа од интересен поинтересен склоп.. Од лајт шоуа, до детектори на метал, сирени, засилувачи, токи-воки, детектори на ниво на течност итн..
Јас за жал го имав истиот проект, бидејќи дома немав интернет, па не можев да најдам некој салам проект, во меѓувреме подготвував еден ласерски аларм ама и од него не бидна ништо па повторно го имав стариот проект. Таму имавме за изработка еден проект, електронски рулет, со LED, црвени и жолти го изработив проектот шести, па тоа беше и моето финално место.. Имаше некои несогласувања со жири комисијата бидејќи не ги ставив лежиштата за интегралците, па ми правеа проблем иако склопот беспрекорно работеше и без нив.. Бев зачуден како од толку одлични идеи како домашни трудови, јас испаднав во првата половина, шесто место од четрнаесет натпреварувачи. Сепак, тоа е тоа.. Се вратив дома, па паузирав година дена, па во втора година со праксата повторно се „поврзав“ со електрониката, пред месец дена го најдов овај прекрасен форум, кој уште повеќе ме занесе во електрониката..
Иако зад мене имам сосем мало „портфолио“ на проекти (неколку незавршени), јас се стремам кон нови и нови проекти и ширење на знаења од оваа област.. Од областа електроника не издвојувам некои како омилени теми, се занимавам скоро од сé по нешто, чисто за занимација..

Знам дека повеќе од половина нема да се замараат да го читаат ова целото мислење, ама тоа е тоа  :D
Се надевам сум добредојден на форумот и дека добро ќе се согласувам со сите членови.

Поздрав, cekaj
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: Devil on 09.07.2010, Friday, 09:25:33
јас сум од тие што го прочитаа :)
имај пријатен престој, ако треба помош нешто идеа или слично слободно прашувај ;D
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: cekaj on 09.07.2010, Friday, 10:07:42
Фала многу Девил! Ете го изменав мислењето, напишав целото мислење да не си речи некој дека се чувствувам игнориран :)
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: GigaWatt on 09.07.2010, Friday, 12:20:12
Интересна приказна, нема што ;). Немој да се чудиш на тоа дека од 14 души си излегол а 6-то место, јас на натпревар по основи на електротехника во средно (значи теорија, решавање на задачи, не смеев да одам со практичен проект, многу сум бил мал, сега не знам како е) излегов на 2-ро место на државно ниво, а задачите ги решив за 25 минути (боза беа, редно, паралелно и триаголник врзани отпорници за едно со уште неколку простички задачи). Второто место беше само поради еден тип кој беше четврта година и му требаа поени за упис на fax, така да (знаете како идат кај нас работите) он заврши на прво место, тоа е тоа ;).
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: DX-er on 10.07.2010, Saturday, 14:15:48
пријатен престој cekaj :) , само ако може да ни кажеш од каде идеата за необичниот ник?
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: GigaWatt on 10.07.2010, Saturday, 14:19:09
Да да, и мене тоа би ме интересирало ;D.
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: didy on 10.07.2010, Saturday, 15:30:38
многу убаво. и никогаш да не го изгубиш жарот за електроника
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: cekaj on 10.07.2010, Saturday, 18:47:37
Порано играв Кантер, и не знаев што ник да си ставам и си реков ај првиот збор што ќе го слушнам, и еден до мене што беше викаше „Чекај..“ и јас почнав така да се потпишвам, и од тогаш го користам тој ник  ;D
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: Baze on 10.07.2010, Saturday, 18:57:09
Здраво..па уживај на форумов и учи повеке од него...инаку и јас учев средното тех.училиште во Битола...интересно училиште нема што  ;D
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: DX-er on 10.07.2010, Saturday, 19:36:40
Порано играв Кантер, и не знаев што ник да си ставам и си реков ај првиот збор што ќе го слушнам, и еден до мене што беше викаше „Чекај..“ и јас почнав така да се потпишвам, и од тогаш го користам тој ник  ;D
хех веруваш или не, сега првиот збор што го реков беше почекај значи првиот збор откако го прочитав текстов
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: r00t on 10.07.2010, Saturday, 20:45:25
велком  :D
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: Bojan on 10.07.2010, Saturday, 21:29:53
welcomeeeee ;D
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: Devil on 10.07.2010, Saturday, 22:10:27
хаха пола форум учиме/учевме техничко битола ;D
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: GigaWatt on 11.07.2010, Sunday, 13:44:58
Тууууу, некој учел во ПТТ? Само јас сум ;D?

BTW, заборавив, добредојде ;).
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: G*O*C*E on 12.07.2010, Monday, 02:21:10
јас учам во ПТТ  ;D ;D
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: GigaWatt on 12.07.2010, Monday, 03:12:49
Шуќур, имало еден ;D.
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: SaleSk on 12.07.2010, Monday, 07:49:30
Добредојде и имај убав престој на форумот  ;D
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: G*O*C*E on 12.07.2010, Monday, 10:56:51
не сум само јас тука е дарк и влатко*  може има и друг незз  ::) ::) ::) ;D ;D
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: SKOLS_OLD on 11.08.2010, Wednesday, 18:43:29
Тууууу, некој учел во ПТТ? Само јас сум ;D?

BTW, заборавив, добредојде ;).
  И јас учам во ПТТ сега ќе бидам 3 година!!! ;D ;D ;D
Title: Одг: Здраво на сите!
Post by: batka on 18.09.2010, Saturday, 14:40:37
Абе момак јас бев во таа комисија за оценување! Проблемот ти беше што немаше добри лемови,па де имаше ,де немаше спој! ;) Таа година и штампата на уредот беше нешто дефектна.(Мислам беоа од ГАЦ)