Електронски уреди > Монитори и ТВ приемници

Регенератор за CRT екрани

<< < (2/12) > >>

GigaWatt:

--- Quote from: malecko on 26.08.2010, Thursday, 00:17:02 ---Aј пробај сега дали ќе сака да се симне GigaWatt ;)

--- End quote ---

Сега е веќе друг муабет, но за секој случај, еве и перманентен mirror ;).


--- Code: ---http://www.box.net/shared/r72in9ory9
--- End code ---


--- Quote from: Devil on 25.08.2010, Wednesday, 22:57:28 ---Околу проблемот тон има слика скн,
Еве што најдов од една книга „TV prirucnik “ се вика и има опишано за најчести проблеми кај ЦРТ телевизори, додуша за стари телевизори е ама принципот на работа мислам дека е тој и кај поновите ( не дека измислија нов телевизор, само ги надградуваат старите )

Нема слика, тон добар
- Нема висок напон на анодата од катодната цевка ( би требало кинескоп да се вика ама ај ) или е премал
- Нема напон на првата или втората решетка од кинескопот :)
- Не работи хоризонталниот осцилатор или хоризонталниот излезен степен

мене ми се случуваше исто, значи прегрева делот за висок напон ( еден транзитор таму ) од напојувањето и напонот ми паѓаше, така да после одредено време снемува слика, тон има :)
ова некако најверојатно ми е, нека провери убаво напојувањата и останато, нека внимава има огромни напони и до кај 15.000V можат да се сретнат овде онде :)

Сив екран, тон добар
-Неисправен излезен степен на појачалото за слика ( видео појачало)
- Неисправна електроника во меѓуфреквентен засилувач на слика или видео детектор

Хоризонтални темни линии на екран наместо слика
- Неисправна електроника во локалниот осцилатор, кај бирачот за канали
- Некој елемент од локалниот осцилатор сменал вредност ( изгоре најверојатно )
- Има прекин на водовите од локалниот осцилатор
--- End quote ---

Ќе му речам се убаво да провери од ова и ќе пишам што направил ;). Мада морам да признаам дека многу поискусен од мене е во видео техника и доста се разбира, така да не верувам да превидел нешто, ама пак за секој случај ќе му спомнам ;).

А за регенераторов, треба да се види како работи, само што го симнав текстот и шемата, уште немам видено како функционира, да ја изанализирам малку па ќе пишам ;).

z33dgm:
Постои уред генератор на висок напон ( знам сервисер во Штип го има ) кој го поврзува на катодната цевка и директно му пуста висок напон за да ги надокнади изгубените електрони или така некако беше не ме фаќајте за збор мислам дека така некако работи како што ми има објаснувано

GigaWatt:
Не дека ги надокнадува, него најверојатно го „крши“ оксидираниот слој од катодата (слично како кај греачи за машини за перење кога се чистат од бигор) ;).

Urahara:

--- Quote from: GigaWatt on 26.08.2010, Thursday, 13:39:56 ---Не дека ги надокнадува, него најверојатно го „крши“ оксидираниот слој од катодата (слично како кај греачи за машини за перење кога се чистат од бигор) ;).

--- End quote ---

Точно така, со високонапонски и високоффрекфенциски пулсови ја *мие* катодата така што се регенерира екранот. Ги има многу на ebay овие уреди, единствено знам дека еден има во Штип, друг не сум сретнал.

GigaWatt:
Значи потребни се високофреквенциски импулси за да може ова да функционира, така? Со напон од 220V-на мрежа ништо не се прави? Значи шемата што ја има post-ирано malecko е во принцип неупотреблива?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version