Аналогна електроника > Технологии

Kабелски дистрибутивни системи

(1/2) > >>

DX-er:
Дечки, сакам да споделам со вас одлична статија за кабелските дистрибутивни системи или популарно наречени кабелски телевизии. Голема благодарност до авторот Миле Кокотов кој одвои време за да ја напише оваа прекрасна статија и знаењето да го сподели со нас.  Цела содржина е напишана на разбирлив јазик, лесна за памтење и дури оние кои не се упатени во овие технологии ке разберат и ке научат како функционираат кабелските телевизии.


--- Code: ---http://www.qsl.net/z33t/kds_glavna_stanica_mkd.html
--- End code ---

GigaWatt:
Нешто читнав... дел од овие работи важеа порано, дел сега, дел се веќе obsolete. Голем дел од програмите веќе одат како TVoIP и од страната на операторите (од каде што се примаат и препраќаат ТВ каналите) и од страната на корисниците. Околу оптичкиот backbone, тоа е сега актуелно, до пред 10-тина години, ретко кој имаше вакво нешто, особено не локалните (маалски) кабелски опратори. Праќа како знае преку коаксијален кабел со регенератори на определени растојанија (често оставени и надвор, само во метална кутија поставени на некоја бандера, лето сонце ги гори, зима снег ги вее, а тие се наменети за in door употреба ::)).

Добро објаснето, и да, лесно сватливо, ама реално, ова е „совршен случај“, т.е. како треба да изгледа (или изгледало, голем дел од таа технологија веќе не се ни користи) една кабелска телевизија. Кај нас... „држ ме мајко“ се работите. Затоа и не може никој кабелски оператор кој дистрибуира интернет преку коаксијален кабел да прати повеќе од 20/1, 2, 3Mbps, иако оние Моторолине поддржуваат до 40/10 (можеби беше и 40/15, не сум сигурен). Никој нема асален backbone за коаксијалната инфраструктура. Кабли се пуштаа на бафтана, како ќе побараат корисниците, односно како им е најлесно на екипата која монтира, сплитери на секои 10 метри (кој како си се приклучувал и исклучувал, сам си крпел, ставал, доставал, итн.), терминатори... немам видено, кога се исклучува корисник, само се цвика кабел и тоа е тоа.

И потоа, зошто сигналот е за никаде, сецка, има шум, ова она... епа ќе има кога и корисниците и операторите/екипите кои работат на терен си прават како ќе им дојде на га*от, а не како што треба, по пропис ::).

batka:
Се слагам Гига со констатацијата дека кабелските оператори не се придржуваат кон пропишаните параметри,користат скрпена опрема, стари мрежни карти, свичеви и рутери. Во Велес започнаа со поставување подземна мрежа и прекопаа скоро се - улици,паркови,згради.Имаше бунење дека не им дозволувале луѓе да им копаат преку дворовите!?? Па тоа е нормално! И поставуваат некои самоделски сандачиња и црева за каблите кои ако се спровнат три кабли низ нив ќе се расцепат! :DКнигата е во ред ,само како се констатира има некои работи кои веќе се вон употреба.Воглавном, мислам како четиво е добра, ама ако се донесат некои законски решенија за употребата на безжични дистрибутивни системи, кабловците ќе станат минато.

GigaWatt:
За задолжително користење на некоја безжична дистрибутивна мрежа, не верувам дека ќе се донесе закон бидејќи секој таков безжичен систем е подлежен на атмосверски влијанија... имам видено такви решенија, има еден интернет провајдер во Скопје кој ја има така решено мрежата (да не го спомувам бидејќи не знам дали е регистриран како интернет провајдер, а како таков работи ::)) и знам како изгледаше да имаш net од него од прва рака (скоро прва, на мој братучед му беше провајдер). А врне, нема net, а дува, нема net. Летно време, ако прегрее безжичниот уред (мислам дека користеа WiMAX, ама не сум сигурен), немаш net. Практично, 70% од времето немаш net, а плаќаш како да имаш барем 95% од времето (целосна сума).

Освен ако немаш неколку backup системи, од backbone, па се до end user уреди, вакви безжични системи нема никогаш да фатат замав. Прво, поради реално големата можност за целосно губење на конекција, а второ, дури и да не падне конекцијата поради атмосверски влијанија, поради намалување на bandwidth (не е дека немаш net, ама споро иде ;)). Прво, нема да прифатат фанатиците на HD и Ultra HD. Иако 80% (ако не и повеќе) од корисниците не знаат разлика меѓу HD Ready, True HD и Ultra HD (гарантирам дека над 95% од нив нема направат разлика меѓу 720p сигнал и 1080p ::)), сепак тоа "Ultra" е доволно за ги намами на определена понуда од некој телекомуникациски оператор ;) (телевизија/интернет/телефонија), и замисли се ова да се одвива безжично ;D. One сеуште има проблеми со DVB-T на MPEG-4 SD (:o), а камо ли се тоа да се пренесува како Ultra HD ::). Ако успее уредот да се синхронизира со мрежата за да прикаже 1 frame во минута при лоши временски услови, ќе биде супер ;D ;D ;D.

За бежични технологии со all inclusive пакети, треба уште леб да се јаде ;). Не зборувам за кај нас, на светско ниво ;). Идејата како идеја е добра, ама, далеку од масовна практична реализација. Прв проблем што треба да се реши е band shifting. На хартија е многу просто, ама во пракса... малку потешко дека ќе успеат во нареднива деценија да го решат тој проблем ;).

DX-er:
Видете, во статијата е наведено како се се почнало со кабелските системи од историјата па навака, значи од почеток како почнала да се развива кабелската технологија низ светот, па доаѓа и до современите методи на пренос како што е оптички кабли и сл. опрема. Иначе колку за информација Близу и Телекабел барем во Скопје се хибридни мрежи, делумно користат оптика а делумно бакар за пренос на ТВ, радио, интернет и телефон.



--- Quote from: batka on 28.06.2017, Wednesday, 13:16:58 ---ако се донесат некои законски решенија за употребата на безжични дистрибутивни системи, кабловците ќе станат минато.

--- End quote ---

Мислиш на пренос на ТВ сигнали преку DVB-T од типот плати па гледај ? Или сосем друга технологија

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version