Здраво Тома,
На обичниот штеќер, нема контакт/извод за заземјување. И затоа "заземјувањето" неможе да се "пренесе" на потрошувачот/уредот/шасијата, без разлика дали заземјувањето во објектот е нормално/правилно или е нуловано. Уредот останува без заземјување. (Оваа ситуација често настанува на слабо квалитетни продолжни кабли, каде од некои причини на не-добар контакт, не се пренесува заземјувањето иако секаде се шуко штеќери.)
Ако е шуко штеќер, контакт за заземјување има, и тој потенцијал се пренусува на уредот (ако утикачот/кабелот имаат извод за заземјување); без разлика какво е заземјувањето.
Ако прашањето е во поглед на FID склопката како ќе се однесува, ова се разликите:
- ситуации:
(S1) обичен штеќер (не е шуко).
(S2) штеќерот е шуко.
- кварови:
(K1) уредот има квар, допир кон шасија, но шасијата е изолирана од околината.
(K2) уредот има квар, одвод кон шасија, а шасијата не изолирана од околината, има дополнителни други "контакти".
Ако е обичен штеќер (S1), значи на шасијата на уредот нема заземјување, и ако има квар (K1) во уредот = има одвод кон шасијата на уредот, а шасијата е добро изолирана од под/ѕид, нема да потече струја кон никаде, нема да може да се затвори струен круг, и склопката нема да исклучи. (K2) Ако пак сега таа шасија се допира до соседен апарат или влажен ѕид или ја допре човек, ќе се затвори струен круг , склопката ќе исклучи (се разбира ќе исклучи ако потече доволна струја декларирана за исклучување на склопката).
Ако штеќерот е шуко (S2), склопката ќе исклучи и при квар K1, и без шасијата да има дополнителен допир како K2.
Поздрав,
mkfe.