Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Инструменти => Topic started by: cekaj on 09.09.2010, Thursday, 12:51:32

Title: Минимум Теремин 101
Post by: cekaj on 09.09.2010, Thursday, 12:51:32
За проектот


Овај проект беше направен „по нарачка“ на татко ми, па и мене ми изгледаше интересен па го направив. Изработката на плочката заедно со лемењето и ставањето во кутијата беше околу 3 часа, повеќе изгубив време во антената. Требаше да се сечи парче алуминиум 15х15 цм и антена (алуминиумска шипка) од 15 цм па нагоре. Во случајов мојата е 25 цм од кои околу 5 цм се во кутијата, за стабилност. Имав некои проблеми со дупките кај потенциометарот и тримерот - беа на различно растојание од пиновите, па ги проширував. Исто така имав некои грешки во ППК - на шемата од еден претходен терамин, имаше еден отпорник повеќе, па на грешка сум оставил место за тој отпорник, но во оваа верзија, тој е непотребен. Исто така, можете да забележите дека на шемата имаше 12 отпорници но во мојот терамин имаше 15. Причината беше дека немав отпорници по 270kΩ, па ставив сериски од по 220kΩ и 47kΩ што е приближно 270kΩ.

Опис на колото

(http://www.pic.mk/thumbs/theremin10.gif) (http://www.pic.mk/?v=theremin10.gif)

Овај склоп има две интегрирани кола познати како „хекс инвертери“ кои се користат за основните функции на тераминот. Тие се CMOS (Complimentary Symmetry Metal Oxide Semiconductor) кола кои се користат во дигиталните кола за изведување на логичката функција „инверзија“. Секое ИК содржи шест идентични секции, од каде што доаѓа името „хекс инвертер“.

Секциите А и B на интегрираното коло U1 заедно со R1, R2 и C1 формираат променлив осцилатор кој работи на фреквентен опсег од околу 73kHz. Антената формира половина од променлив кондензатор кој е дел од одредувањето на фреквенција на осцилаторот, а раката на корисникот ја формира другата половина. Како што се менува растојанието помеѓу раката и антената, така се менува и капацитивноста, па така се менува и фреквенцијата на осцилаторот. Секцијата C од U1 обезбедува доволно струја на излезот од променливиот осцилатор, за да обезбеди изолација од останатиот дел од колото.

Секциите А и B на интегрираното коло U2 заедно со R11, R12, RV1 и C9 го сочинуваат внатрешниот осцилатор на тераминот, прилагодувани со потенциометарот PITCH ZERO CONTROL (Контрола на висина на тонот) и тримерот ZERO CAL (Нагодување на фреквенција). Тримерот RV1 е вграден на ППК и се користи за нагодување на фреквенцијата на внатрешниот осцилатор. Со соодветно нагодување на RV1, фреквенцијата на внатрешниот осцилатор ќе биде еднаква на фреквенцијата на променливиот осцилатор (надворешниот осцилатор), со раката најдалеку од антената. Под овие услови врската на двата осцилатори ќе биде константна, па кога раката е далеку од антената, уредот нема да дава звучин сигнали. Секцијата C од U2 обезбедува доволно струја на излезот од внатрешниот осцилатор, за да обезбеди изолација од останатиот дел од колото. Останатите 3 секции од U2 не се искористени, па затоа нивните излези се поврзани кон маса.

*Текстот е преведен од оригиналната страна:

Code: [Select]
http://harrisoninstruments.com/101/101_schematic.html

ППК

Code: [Select]
http://rapidshare.com/files/418026437/theremin_101.LAY
(http://www.pic.mk/thumbs/therem1284030195.gif) (http://www.pic.mk/?v=therem1284030195.gif)

Слики

(http://www.pic.mk/thumbs/1001798.jpg) (http://www.pic.mk/?v=1001798.jpg)

(http://www.pic.mk/thumbs/1001797.jpg) (http://www.pic.mk/?v=1001797.jpg)

(http://www.pic.mk/thumbs/1001801.jpg) (http://www.pic.mk/?v=1001801.jpg)

(http://www.pic.mk/thumbs/1001803.jpg) (http://www.pic.mk/?v=1001803.jpg)

(http://www.pic.mk/thumbs/1001811.jpg) (http://www.pic.mk/?v=1001811.jpg)

(http://www.pic.mk/thumbs/1001819.jpg) (http://www.pic.mk/?v=1001819.jpg)

(http://www.pic.mk/thumbs/1001820.jpg) (http://www.pic.mk/?v=1001820.jpg)

(http://www.pic.mk/thumbs/1001834.jpg) (http://www.pic.mk/?v=1001834.jpg)

(http://www.pic.mk/thumbs/1001835.jpg) (http://www.pic.mk/?v=1001835.jpg)

(http://www.pic.mk/thumbs/1001837.jpg) (http://www.pic.mk/?v=1001837.jpg)

Видео

Minimum Theremin 101 by cekaj (http://www.youtube.com/watch?v=zLnQthvvzG0#)

Title: Одг: Минимум Терамин 101
Post by: Malecko on 09.09.2010, Thursday, 13:29:33
Одлично изработено cekaj еве ти +реп од мене за маката :D ;D.
Title: Одг: Минимум Терамин 101
Post by: SKOLS_OLD on 09.09.2010, Thursday, 14:06:12
Одлично no coments!!! ::)
Title: Одг: Минимум Теремин 101
Post by: LordZi on 09.09.2010, Thursday, 17:12:03
Ха,ха, браво, интересна работа... :)
Title: Одг: Минимум Теремин 101
Post by: GigaWatt on 09.09.2010, Thursday, 18:04:14
И јас планирав да го правам овој Theremin од Harrison Instruments, само што никако да стигнам да го направам :S. Ама ако битно некој имаше време и реши да го сподели ова со нас,  ;D. Браво ;). Навистина добар проект. Јас моментално работам на нешто друга за што ќе ми треба малку повеќе време, ама кога ќе биде готово, ќе го презентирам ;).

И од мене имаш +rep, да можев и многу повеќе ќе ти дадев ;).
Title: Одг: Минимум Теремин 101
Post by: cekaj on 09.09.2010, Thursday, 18:23:27
Го ставив и фајлот од ППК изработено во Sprint Layout 5 таму можете да си ги смените тие „дополнителни отпорници“ кои ги користев како замена за 270kΩ, исто така можете и да го избришите тој голем бакарен дел - маса, ако не ви се допаѓа, се заиграв со Zone Tool и затоа  ;D

Giga не ми треба повеќе, доволни ми сте вие и форумот поради многуте работи кои ги научив, откако сум зачленет  ;)
Title: Одг: Минимум Теремин 101
Post by: batka on 09.09.2010, Thursday, 20:29:30
xxx
Title: Одг: Минимум Теремин 101
Post by: MarkoMK on 09.09.2010, Thursday, 23:17:45
За што служи ова???
Title: Одг: Минимум Теремин 101
Post by: Devil on 09.09.2010, Thursday, 23:25:32
за музицирање
има еден чуден звук кој го произведува, па кој умее и е по музиката може да свири на вакво нешто, јас дека не сум само слушам :)
Title: Одг: Минимум Теремин 101
Post by: Bojan on 10.09.2010, Friday, 00:27:21
супер сработено ова...може да се користи и како proximity сензор :D
Title: Одг: Минимум Теремин 101
Post by: GigaWatt on 10.09.2010, Friday, 15:01:41
Да, ама функционира само на човечка рака, односно човечки „допир“ (да не речам електромагнетниот шум што секој од нас го емитира како последица на сите електромагнетните бранови кои се секаде околу нас, а ние ги примаме и повторно предаваме, особено во денешната ера на безжични комуникации ;)). Може да функционира и со матални прачки или некои такви работи, ама пак треба да ги држи човек, барем колку што имам јас пробувано, можеби и грешам ;D.
Title: Одг: Минимум Теремин 101
Post by: cekaj on 10.09.2010, Friday, 20:07:01
Реагира и на метални предмети, затоа, како што стои во упатството за склопување, доколку склопот се стави во метално куќиште, антената треба да да биде изолирана од кутијата, бидејќи ќе свири цело време. Притоа на раката реагира од поголемо растојание, така да имате можност да создадете поголем број на тонови кога користите рака како полуосцилатор (бидејќи другиот полуосцилатор е антената заедно со U1).