Ова е сабвуфер направен од еден велешанец,кој одамна неуморно работи на создавање на свој комплет за слушање музика.Тој се вика Сашко,скромен е,а има мајсторска рака.Едвај го натерав да ми даде слика и шема на излезниот дел на вуферот за кој сметам дека е мало ремек дело! Од сликата не може многу да се процени ,ама кутијата е гумирана,односно внатрешно и надворешно е третирана со материјал кој се нанесува со шприцање ,а се применува кај колите за заштира на каросерија.Ми рече дека кај нас го нема нити материјалот,нити алатот за третирање,а целата постапка е направена во Италија,каде работеше некое време.Бидејки не му е автолимарството струка не знаеше конкретно да каже како се вика постапката(материјалот),ама јас се пуштам во пребарување ,па ке дознаам..
Иначе, звучникот е 250 ватен ФБТ бас 8 ома ( 25-3000 Хз) .Појачувачот за него е во посебна кутија,заедно со два 50 ватни излези за средни и високи и активна свртница (двоканална).Ако успеам да го натерам да ја отвори и кутијата со појачувачите ке има и снимка од таа конструкција!