Значи првин да се декларирам у поглед на електроника сум неписмен, значи опции од типот на контролери тешко ќе се изведат. Е сега сакам да направам нешто како на клипов што го има на страницава.
http://web.mac.com/robertrayson/USA_Hebo/SSB3_Scroll_Machine.html
Значи не ми се потребни сите тие опции за виткање (иако тоа е само да се подеси колку да се заврти моторот, ми треба само да успејам да сфиткам железо како во првиот дел(тоа како бубрег.)
Може ли некој да ми препорача каков мотор би ми требало, дали постојав веќе такви мотори што се движат споро или пак постои некоја опција „обичен“ мотор да се успори. Дали на моторот што ќе се користи ке му треба некаква „gearbox“ или пак не? сето ова ми е нејасно и се надевам дека вие ќе можете да ми го објасните колку толку.
Значи сега за сега сакам да направам барем пробна верзија од машинава, колку да видам дали има потенцијал, по можност со некој стар мотор кој што би можел да го најдам по некој отпад или било каде само да пројдам поефтино. За металните делови(она железото што дава форма) не е проблем тоа го имам веќе само што мора рачно да вртам.
За сета помош, однапред сум благодарен
PS сега размислувам за ваква опција да се „успори“ до одреден срепен „обичен“ мотор и потоа со ситем од запчаници да се добие потребната брзина на крај. Стартувањето и исклучувањето би се контролирало со обичен тастер.