Логиката е проста. Брановата должина на електромагнетен бран е l = c/f каде c e брзина на светлината и изнесува 3*10^8 m/s, l е брановата должина, а f е фрекенцијата на бранот која во случај на УКБ подрачјето е околу 98MHz. Значи: l = 3*10^8/98*10^6 = 3m.
Правило: Ако препреката на која наидува бранот значително помала од брановата должина, тогаш бранот минува низ неа, но ако препреката на која наидува бранот е поголема од брановата должина тогаш тој се одбива од неа. На колку препреки поголеми од 3 метри наидува бранот од Србија према Битола или Штип, па макар да биде зрачен и од граница со Македонија? Дури и да не е тоа, површинскиот бран по земја (полупроводна средина) слабее со квадратот на фреквенцијата, а 100MHz е висока фреквенција. УКБ бранот не се одбива од јоносфера како што е случај со краткиот бран туку ја пробива и оди во вселената. Со Краток бран може поради рефлексија од јонсофера да се оствари и врска со Јапонија со 5W станица, но не и со УКБ.