Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Претставувања => Topic started by: SaleSk on 12.04.2012, Thursday, 00:26:21

Title: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: SaleSk on 12.04.2012, Thursday, 00:26:21
Како што гласи и самиот наслов на темата...
Пред да продолжам со идејата за оваа тема, би било корисно модераторите да ја постават како леплива за да не се изгуби во море од пораки и претставувања на нови членови...
+ ке биде и многу полесно и попрегледно за сите...

Оваа тема би сакал да ја отворам со цел за да си помогнеме еден на друг доколку ни е потребно...
Изјаснувањето би било доброволно. Секој што сака може да каже со какво образование се стекнал, со каква професија се занимава и со какво хоби се бави...
Или накратко секој да напише своја лична и кратка биографија :)
Еве јас би почнал прв:

Основно училиште ЈБ Тито во Влае, Скопје...Средно електро во Орце Николов...Краток временски период студент на електро и филолошки факултет, а потоа дипломиран на Технолошко Металуршки факултет во Скопје, отсек Дизајн и Менаџмент - Петрохемиско контролно инженерство.
1998 завршен 5-ти степен на универзитетот Кочо Рацин во Скопје за РТВ механичари. Од тогаш па се до 2007 година имав сервис за електронски апарати (аудио видео опрема). Меѓу другото бевме и овлстени сервисери на Блаупункт аудио видео опрема вклучувајки ја и аудио и видео опремата за возила, овластен сервис на програмата на НИКО, Смарт, Авико Компјутери (МАГ, Релизис, Сони, ЛајтОн итн) и тн.
Од 2004 година работиме како овластен сервис на дел од опремата на Телеком односно ИСДН-и, ПЦМ-и, АДСЛ, СХДСЛ итн. Од 2007 работам како сервисна подршка на компанија за рент на аудио и видео опрема како споредна работа. За повеќе инфо:
Code: [Select]
http://reversa.com.mk/default.aspжОд 2007 па до ден денес вработен во Siemens Healthcare како сервисен инженер...

Главно хоби покрај електрониката ми се возење велосипед и повремено одење по риболов кога слободното време тоа ми го дозволува :)

Доколку ве интересира уште нешто, слободно прашајте.

 ;D
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: GigaWatt on 12.04.2012, Thursday, 03:39:19
Немам толку дебело портфолио, имам завршено средно во ДСУ Владо Тасевски, Електротехничар за телекомуникации, сеуште студент на ЕТФ (ФЕИТ), ама се гледа крајот ;D, смер Електроника и Телекомуникации (по стара програма), повремено работев на неколку работни места, сервисер за аудио опрема, PC, монтер, системски решенија... тоа е тоа. Повеќето на форумот знаат во што се разбирам, а што не и што ме интересира, а што не ;).

ПС: Морам да го пофалам SaleSK за идејата за оваа тема ;). Мене лично барем ми се допаѓа ;).
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: LordZi on 12.04.2012, Thursday, 10:02:29
Мене електрониката ми е хоби веќе дваесетина години, завршив средно електро - енергетичар, иначе по професија сум инг.агроном, моментално работам на продажба на препарати за спортисти - кој сака протеини и креатини за да се билда, ќе добие форумски попуст ;D.
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: ZareBt on 12.04.2012, Thursday, 13:20:27
Мислам дека моето досие е најбогато  :P
Роден сум во Битола, таму и живеам. Имам завршено основно образование во ОУ Стив Наумов во Битола. Моментално сум средно образование, трета година во Средното Општинско Техничко Училиште Ѓорѓи Наумов  во Битола. Отсек : електро. Смер: електротехничар за компјутерска техника и автоматика.
Иако во мојот смер, електроника учев само во втора година, продолжив да се занимавам со електрониката и се надевам дека ќе продолжам. На факултет ќе си останам во Битола, на техничкиот факултет, исто електро. Хоби ми е возење велосипед (рекреативно), играње фудбал. А навивањето и љубовта кон Битолските клубови фк,рк и кк Пелистер ми се пред сите овие хоби, што претходно ги набројав. Член на навивачката група Чкембари веќе 6 години активно, а 7 година пасивно. Пасивно- причината е забраната од МВР за присуство на навивачки настани и кривичната пријава, поради кршење на грчки возила.  ;D
Па ако уште нешто ве интересира, прашајте  8)
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: Nakolce on 12.04.2012, Thursday, 13:53:11
Немам нешто многу, учам во СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје струка: електротехничар за електроника и телекомуникации. Хоби ми се компјутерите и колите.. А од време на време одам по риба негде :D
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: donis92 on 12.04.2012, Thursday, 14:56:29
Завршив средно во Неготино во ДСУ,,Св. Кирил и Методиј'' Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, сега студирам на штипскиот универзитет Гоце Делчев- Отсег Компјутески Дизајн 2ра година, со електрониката се занимавам од ко почнав со средно. инаку обожавам аудио опрема
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: bicikle on 12.04.2012, Thursday, 15:05:42
почнав основно во кузман јосифоски -питу па од тика 5,6,7,8 во др. ладимир полежиноски-бато па в битола во ѓорѓи наумов мислам беше, седењето ми беше смрт - немаше шоњи и време за спиење, па наставив природно математичка во кичево во мирко милески, па на електро пробав, ама на фон на информатика ми се виде полесно, има завршено 3 години сега напост-дипломски сум на информациско комуникациски технологии... имам работено шанкер, дрва има цепено, плоча фрлано и во перална, со нешто посериозно не су се занимал, хоби ми е електроника, велосипед возење(можда е очигледно од никот) и чат пат в теретана одам пред да дојт лето месец два да се скрца малце, па  можиме со лорд зи да се договориме за whey протеинчиња :)
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: XaKK on 12.04.2012, Thursday, 15:29:43
Немам нешто  многу,   основно имам завршено во Радовиш во oсновното училиште "Никола Карев" сега учам во Струмица во СОУ "Никола Карев" Електро-механичар III година сум, и да ви се пофалам сега во мај ке одам на натпревар не знам точно каде ќе  е . Имам работено во Авто ЕлектроСервис Бехлим исто така е во Радовиш  хоби ми е електрониката а исто така ми бесе хоби и возење на велосипед но од кога си купив мотор велосипедот собира само прашина во гаража :)
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: Devil on 12.04.2012, Thursday, 18:43:57
завршив техничко битола смер електротехничар за електроника и тк, сега сум на факултет на смер електроенергетски системи, одам во работилница за мехатроника (клуб за мехатроника при факултетот што е) одам на програмирање кај Петар Котевски (учиме професионално програмирање, нешто поразлично од куцање на код само). скоро се ме интересира, откако памтам опкружен сум со електроника, имам 1-но дневно работно искуство во РЕК, поточно за фирма која на багерите и цела таа механизација (од приватен сектор) која работи во рудникот во рек поставува GPS системи, сакам да отворам фирма ама ми фали финансиска поддршка, така да ако некој е заинтересиран да донира околу 6000Е слободно нека ме контактира ќе му дадам сметка кај да уплати :)
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: Z31GH on 12.04.2012, Thursday, 21:01:31
Роден сум во Solothurn, Швајцарија во 1980 година. Од 1987 година живеам во Битола. Основно училиште учев во неколку училишта во ОУ „Тодор Ангелевски„, ОУ„Др-Трифун Пановски„, ЦОУ„Св. Климент Охридски„ во Битола. Средно образование ЕМУЦ „Ѓорѓи Наумов„ смер Машински Техничар. Работам на универзален струг (дребонг) скоро 10 години. На 29 години положив V-ти степен ВКВ специјализација за металостругар и станав најмлад ВКВ мајстор во Битола. Работам во ТРАНСКОП- Битола како дреар и прв човек во одржување. Со радиотехника се занимавам од 1987 година па до ден денес, радиоаматер со CEPT-1 класа и остварени многу врски, који најдалечни ми беа врските со Јапонија и Австралија кое го сметам за голем успех. Како машински техничар добар сум во изработка на антени за радиостаници. Зборувам одлично Англиски и Германски јазик

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/206748_1007952571426_1603293812_30025907_2340_n.jpg)

Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: KiloVolt on 15.12.2013, Sunday, 11:58:23
Учам во О.О.У Кочо Рацин од Прилеп, (осмолетка, последна генерација). Се занимавам со електроника од шесто одделение. На почетокот гледав како да направам генератор за статички електрицитет, но кратко време потоа западнав во високонапонската техника, теслини трансформатори, каскади, високонапонски трансформатори, Марксови генератори и.т.н.. Центар на внимание ми  беше Теслиниот трансформатор, кој по половина година истражување успешно го направив. Иако слаб, тој ми беше поттик за понатамошно експериментирање. Точаш за првпат намотав високонапонско трафо, 30 - 10000 волти, кога го приклучив на каскада, вистинското задоволство си дојде, со искри од 2 цм. Подоцна, по разгледување на интернет, видов колкав е најмалиот теслин трансформатор на светот, и видов дека можам да направам помал со леснотија, па почнав да мотам. Го направив по 3 дена. Го собираше во цевката на тој од интернет, го приклучив и работеше, тоа ми беше уште поголем поттик. И еве сум сега, со свои проблеми и постигнувања. Инаку хоби освен електрониката ми е рибарењето, акваристиката(имам над 2000 риби), пчеларството, оригами, експеримантирање(по хемија), и.т.н.
Инаку и понекогаш си заработивам од татко ми за поправање на уредите по дома. ;) ;)
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: GigaWatt on 15.12.2013, Sunday, 16:26:53
Ова личеше на CV ;D.

Нема везе ;D, се зезам ;). Ајде, со среќа со градбите во високонапонската техника, но пази, мал си. Кога се работи со висок напон, грешки се прават еднаш или два пати. Немој премногу да глибиш со високонапонска техника. Тоа е едно цело неистражено поле. Можеби некој ден, токму ти ќе го истражуваш ова поле (никогаш не се знае ;)), ама до тогаш... многу претпазливо ;).
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: Gavro on 15.12.2013, Sunday, 18:19:05
Мене хоби ми е да поправам ( се што е расипано  и има електроника  ;D ). Сега сум четврта година, учам во Соу Гошо Викентиев во Кочани- електротехничар за електроника и телекомуникации , а инаку сум од Виница, првата поправка ми беше во 4 одд. и лемев едни новогодишни сијалички, инаку тоа ми беше прв пат кога држев леткум во рака и во паметење ми остана дека се испогорев  :D  :D. МНОГУ сакам да "читам"... Барем двапати во неделата се начитувам... возам велосипед и то. А да, и со Металика смe "колеги" секој ден одиме на училиште заедно. Инаку он е прва година информатика а ме шие и тоа страшно  ::) .
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: didy on 15.12.2013, Sunday, 21:55:26
 образование:
  ел тех. автоматичар ЕМУЦ Никола Тесла - Скопје 1981г.
 положен државен испит за управување со електроенергетски постројки

работно искуство:
 ИМВ Брежице - камп приколки 1986
ИМП Пионир 1986г
Елегант конфекција 1992
Приватен РТВ сервис ОМ 1996
ЕСМ ЕВН  проект менаџер + ДМС софтвер (естимација на СН мрежи) од 1999 до денес

хоби : “Копам бунари со тетин ми“  ;D
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: puknati on 15.12.2013, Sunday, 22:39:40
Завршив средно Електротехничар за електроника и телекомуникации, потоа електро факултет смер електроенергетски системи, и како што нормално на оваа држава не и се потребни стручњаци, професионално работам во фирма за изведба на централна климатизација на големи објекти .

 Во слободно време (после 4 ;D) работам и парно греење, солари, климатизација, електрични инсталации, виклување на електромотори и трансформатори.
Хоби ми е изработка на разни скаламарии во мојата работилница.
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: ivica.s on 28.12.2013, Saturday, 20:34:27
Роден во Битола, израснав во Кичево и поради сплет на околности од 2004 години живеам во Прилеп. Завршив гимназија (природно-математички смер) и дипломирав на Технички Факултет  Битола на отсекот Техничка информатика па сега сум B.Sc. in Applied Computer Science.  :)

Од 2008 работам исклучиво на интернет од што имам задоволувачки примања.

Освен електрониката немам друго специфично хоби, едноставно ме интерсира се за техника.
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: stiffy on 28.12.2013, Saturday, 22:57:09
Ај покусо да не останам!

Роден „далечната“ '96та, живеам во Охрид. Учам во ОЕМУЦ Св. Наум Охридски - Охрид смер информатика/автоматика 3-та година. Се занимавам со електроника од ко знам за мене по стапките од тато. Почнав со батериски ламби на 4-5 години и главен сервисер за количиња во цело маало :D. Сега многу не се има променато, работам со изработка на ппк, електронски склопови и уреди, автоматики и одржување на озвучења воглавно...покушавам да се осамостојам (сам да се финансирам :P ) не ми е интересно да барам од тато пари. Ваљда тоа е се :)

Хоби: ова време пред нова година поправам сијалички од цело маало :/
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: jovce. on 29.12.2013, Sunday, 20:49:20
@Stiffy
Ти да не си синот на Николчета брат ;D?
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: stiffy on 30.12.2013, Monday, 03:37:17
Yep! :3  ::)
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: Ratko-F on 27.06.2016, Monday, 17:29:08
Здраво на сите.
За мене:
Хоби електроничар, ме интересира автоелектроника,
И слабо стојам со форумите.
Се надевам дека ќе научам нешто ново.
Title: Одг: Образование, професија и хоби на членовите на форумот
Post by: GigaWatt on 28.06.2016, Tuesday, 01:40:22
Добредојде ;).