Македонски форум за електроника
Останато => Алат => Topic started by: BorceBT on 01.04.2010, Thursday, 14:48:57
-
Сигурно сте сменале еден куп лемила затоа што прегорувале и прегорувале. Што е проблемот? Кинезите сакаат да ви прегоруваат лемилата за само да купувати и купувате. Освен ако не сте купиле многу квалитетно лемило и лемилата од средна класа знаат да прегорат после година или две работа. Веројатноста дека ќе направите „вечно“ лемило е многу мала но со следнава модификација ќе направите вашето лемило (кинеско или од средна класа како Solomon на пример) да трае барем 5 пати подолго отколку што би работело без оваа модификација.
Значи многу е едноставно: ја прекинувате едната жица од кабелот за напојување и вметнувате (значи сериски) диода 1N5408 за низ неа да тече струјата што влегува во лемилото. Вака:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=865.0;attach=256)
Со оваа модификација се намалува моќта на лемилото за околу 30% но доколку на пример сте купиле посилно лемило (40-60W) ќе имате лемило од 30-40W кое ќе биде 5 пати потрајно од оригиналот. Дефинитивно се исплати.
Важно: Не ја применувајте оваа модификација на сервисните „пиштол“ лемила!!!
-
Здраво борче
За да ја намалиш снагата од 30 вати на 25,кој исправувач да искористам,зашто ако искористам 1N5408 да не ја намалам прмногу снагата на лемилото.
Поентата ми е,сакам лемилото да не работи со 100% ;D
-
За да ја намалуваш снагата на лемилото колку сакаш во проценти може да искористиш обичен димер за сијалици.
-
Знам за варијантата со димерот,него мене ми е да ставам во него некој тип на исправувач кој ке ја намали за 20% снагата.да не биди преку димер па во леткумот.
-
Нема начин, отпорници и зенер диоди не доаѓаат во предвид бидејќи неможат да бидат толку мали за да ги собере во лемило а да можат толку вати да „изгубат“ без да прегорат.
-
луге во школо,правевме уред (регулација на светло со TIC226)дали овој уред може да се искористи и за регулација на лемило?
-
Да може само незнам до која снага држи тријакот и зависи од тоа што лемило имаш
ако имаш некое до 100 вати не би требало да се става ладилник ако е нешто поголемо ќе ти треба ладилник!!!
-
40W е леткумот,но мислам дека се прегрева лемот ми го прави како топце и кога ке го тргнам лемилото го влеце калајот со себе,немозам добро да залемам.
-
за да не го влечи треба да имаш пред се убав врв, значи убав чист калаисан врв
друго можи смешно звучи ама не клавајте калај на врвот па нанесувајте го на лемното место
треба да греете ноџето и фолијата истовремено да нанесете калај
-
Употребувајте паста за лемење ако е неопходно (не ја користете премногу само за да го „освежите“ калајот на лемилото ако лемите на тој „принцип“.
-
нема врска тоа со лемењето,констатиравме дека лемилото се прегрева,врвот откако ке го исчистам гори за неполни 60 секунди.ке пробам со димеров за светло.ако не работи ке си ставам ваква диода.
-
Подобро да пробаш со диода отколку со димер бидејки побрзо може со диода да истеестираш или ако имаш димер исто ти се фаќа.
-
имам димер,не го користам ке пробам.
-
ова со диодата ми изгледа како по добра работа оти ќе му пушта само една полупериода ова го видов пред некое време кога отворив едно мини шпоретче кое имаше и грил и класична релна со горен и долен греач. У ствари финтата беше во тоа дека грилот и горниот греач на релната се еден исти греач само што кога требаше да работи грилот струјата течеше дирекно а кога требаше да се уклучи горен греач течеше преку диодата па така греачот работеше со по мала снага и не се усвитуваше . Паметна работа од тој што го измислил ова оти со една диода и еден наизменичен прекидач зааштедува цел еден греач .
(http://www.pic.mk/images/dioda1.jpg)
-
можеби е подобра работа ама сепак со димерот имаш регулација сакаш повеќе сакаш помалку
ова е добро за некој осетливи елементи :D
-
ако сакаш да имаш регулација неспорно е подоборо со димерот ама ние дискутиравме за да ја направиме по трајна и да не и гори врвот толку оти ако изгори врвот ќе ти бега калајот.
-
Денес направив со димер регулација
димерот е прилично мал 3х1цм и е сместен во кутија од оние штегерите што се за надвор, не за во ѕид туку со капаче :)
работи добро
-
Ке може ли слика и шема да видиме како изгледа..
-
шема имав негде прикачено да ја побарам на форум ќе ви дадам линк
за слика после ќе ставам :)
еве шемата
(http://i64.servimg.com/u/f64/12/64/31/28/light_10.jpg)
само треба некој мали измени
значи потенциометарот нека е 470к оми, за повеќе да се регулира, пошто со 47к многу малку ќе можете да регулирате
друго нема ;D
-
Не е лоша идеја да се направи PWM контролиран димер, на пример со 555. Попрецизна ќе биде регулацијата на напонот кој се носи на лемилото ;). На овој начин trigger-от не се носи од мрежата туку од посебен генератор на trigger, па може да се постави фреквенцијата да биде било која, 10KHz, 15KHz, 20KHz, било која ;).
-
еве слики од готовиот уред
на првата слика потенциометарот изгелда накриво поставен, ама не е тоа е од сликањето така неубаво излезе :)
(http://pic.mk/images/dsc0001274039168.jpg)
(http://pic.mk/images/dsc0001274039243.jpg)
-
Aко е за во работилница, што е битно како изгледа, битно функционира ;D.
-
Aко е за во работилница, што е битно како изгледа, битно функционира ;D.
Овде си 100% во право, во работилница треба да функционира, а во друга соба да изгледа убаво.
-
а бе луѓе па ова супер си изгледа...не е некое грдо кутивче лепено на сите страни па растечени лепаци...супер изгелда...сега ова да си земеш еден конец да си го врзеш за врат и да се фалиш со него... :D
-
Супер е како од фабрика...и јас ке го правам во кутија од стар продолзен кабел
-
Да додадам :ако можете да најдете купете си колофониум за чистење на врвот на лемилото.Тоа е темнокафена кристална материја,која ја користат музичарите-виолинисти за подмачкување на жиците на виолината.Значи побарајте го во некоја продавница за музикалии ;D Јас го користам него и не препорачувам паста за лемење (таа се употребува само за лепење тенџериња! ;)).Секоја ваква паста содржи киселина која влијае на самиот спој и по некое време може да дојде до стварање ладен лем.
-
Да додадам :ако можете да најдете купете си колофониум за чистење на врвот на лемилото.Тоа е темнокафена кристална материја,која ја користат музичарите-виолинисти за подмачкување на жиците на виолината.Значи побарајте го во некоја продавница за музикалии ;D Јас го користам него и не препорачувам паста за лемење (таа се употребува само за лепење тенџериња! ;)).Секоја ваква паста содржи киселина која влијае на самиот спој и по некое време може да дојде до стварање ладен лем.
Да, ама па калафониумот може на високи фреквенции да биде проводник, а не изолатор :S.
-
Ако мислиш да ја премачкуваш плочката-да! Ама ако само го чистиш врвот - не ! Плочките за ВФ по правило треба да се обработат прво со скратување на сите заостанати изводи на лемните места,а потоа со турпија,па шмирглање и на крај игра алкохолот (96%) со кој се чисти плочата.На крај игра пластик спрејот и се е во ред. Слободно употребувајте го калофониумот! Јас го правам тоа над 20 години...
-
испробано е колега, ама за тие 5 пати не е сигурно, за потрајно да, потрајно ке биде. ама дали 5 пати ке биде потрајно тоа никој не ти го гарантира....
-
ова јас го имам ссо регулирање како девил а го имав направено и тоа со диода ама не е нешто баш баш а со тој димерот пак имаш регулација колку толку служи направиго ако сакаш ама леткумот треба да ти биде на 220 волти