Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: batka on 19.12.2013, Thursday, 21:15:32

Title: Симетрично напојување
Post by: batka on 19.12.2013, Thursday, 21:15:32
Бидејќи од повеќе теми и постови видов дека симетричното напојување на некој не им оди,еве две шеми за симетрично напојување  за појачувачи и симетрично напојување со стабилизатори за позитивен и негативен напон со стабилизатори од серијата 78хх ( 7805,7806,7808,7809,7812 ... - позитивни стабилизатори ) и 79хх (негативни стабилизатори).Двете шеми се без вредности на елементите,кои зависат од напонот кој се користи ,односно се добива на излезот.Тука е и печатената плочка за двете верзии,со напомена дека тоа е поглед од страна на елементите.