Author Topic: Потребна ми е шема за контрола на вртежи на мотор  (Read 1159 times)

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Потребна ми е шема за контрола на вртежи на мотор
« Opened on 14.03.2015, Saturday, 23:59:12 (Edited 15.03.2015, Sunday, 16:47:25) »
Здраво колеги, му се наоѓа ли на некој  шема за контрола на вртежи на моторче??? Спецификации многу за моторчето незнам, а и на самото моторче не пишува освен  дека работи од 1.5 В на батерија па до 12В DC бар јас на толку го пробав и  врти ненормално брзо и не грее,  е сега со 12 волти мене ми треба некоја шема со која би можел со потенциометар да ги контролирам вртежите побрзо поспоро ама да издржува до кај 1А струја. Пробав со една многу едноставна шема со потенциометар и BD139 не викам не имаше контрола ама проблемот беше што транзисторот ептен грееше и тоа на ладилник. На ибеј најдов  баш како што ми треба па еве за каква контрола барам шема, оваа е навистина едноставна и со малку делови а издржува струја и до 2А.

линкот избришан од администрација

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Шема има во линкот што си го поставил.
Жан

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Има шема ама ги нема деловите ИК  е 555, и отпорниците може да се видат ама ајде диодите, тој транизсторот што е на излез, кондензаторите ?

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Тоа е наједноставната шема за PWM контрола со NE555.

Code: [Select]
https://www.google.com/search?q=ne555+pwm&es_sm=93&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ei=9b4EVa2eC4rgaqungeAN&ved=0CAcQ_AUoAQ&biw=1440&bih=809
Жан

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
Шемата што си ја ставил од И-беј е одлична. Моја препорака , земи толку голема плочка , со маркер на горната страна на плочката направи ги основните точки: на потенциометарот , на интегрираното коло , па потоа и на останатите делови со одприлика оддалеченост. Издупчи ги сите со 0,7 мм бургија, потоа исчисти ја да ,,свети'' бакарната страна со жица за садови. На следната слика на И-беј ја има плочката со водови долу на бакарот. Дупчените точки поврзи ги (изцртај ја плочката со маркер) гледајки од таму, потоа стави ја во киселина и 12% ходроген. Сите делови ги имаш на самата слика на И-беј. Ова е лесно , немаш потреба од професионално направена плочка. Јас би можел со леснотија да го направам ова, за неколку часа. Со среќа !

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Одг: Потребна ми е шема за контрола на вртежи на мотор
« Reply #5 on 16.03.2015, Monday, 18:15:17 (Edited 16.03.2015, Monday, 23:21:35) »
Па вака одлучив по оваа шема да ја правам плочката, со буз11 доста едноставно па ке видиме што ќе излезе од сето ова.Инаку мерев денес кога моторчето е оптеретено  (кога го држам роторот, а на влез донесувам напон од 12В ДЦ)  влече  повеќе од 1А струја, па се надевам ќе  издржи овој контролер и нема да има греење  и ке биде се во ред :)
 Еве ја шемата доколку и на некој друг му треба, да ги набавам елементите и ке споделам искуство во врска со оваа шема.


Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
можеш на соурце-драин да ставиш 470нано-1уФ кондензаторче и некој индуктивитет измеѓу...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не е некој јак мотор,нема да има потреба од  RLC членови.Доволна е диодата  паралелно со моторот.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
...одлучив по оваа шема да ја правам плочката, со буз11...
Еве изглед на плочка.
Жан

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Не е некој јак мотор,нема да има потреба од  RLC членови.Доволна е диодата  паралелно со моторот.

Да али нема да е на одмет :)

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Шемата ја направив  и можам да кажам дека е одлична, не додадов никакви кондензатори и калеми, туку како што си е на шемата така и ја нацртав. Буквално нема никво греење се си е најнромално, само јас за секој случај буз-от го ставив на еден ладилник.Така да ако на некој му треба, нека ја направи оваа шема функционира 1000%  :)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Ја имам исто изработено за пријател, меѓутоа се корстеше за малце поснажен мотор ии за придвижување на камера, па затоа ги ставив и тие додатни елементи, не дека вака не чини  :) Со здравје да бушиш  :)