Author Topic: Помош во врска со трансформатор од старо UPS напојување  (Read 597 times)

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
Помош во врска со трансформатор од старо UPS напојување
« Opened on 21.03.2014, Friday, 00:15:29 (Edited 21.03.2014, Friday, 02:31:49) »
Како што кажува насловот имам 2 потполно исти трафа извадени од стари упс напојувања од пц.. работат на 220в.. излез имаат 7в и 15в мислам дека се околу 170 180 вати.. сакам да прашам дали ке се нафати некој да ми ги премота и дали ке може од едно трафо да извадам 40в.. сакам 2те трафа да ги поврзам заедно и да извадам симетричен напот -/+40в за да направам некој засилувач  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Подобро намотај ги со секундар 2х40V.секој посебно и потоа направи си два посебни исправувачи за стерео верзијата на појачувачот.Не оди од двата трансформатори да правиш еден исправувач.Колку си сигурен дека напоните на двата трансформатори по мотањето  ке бидат идентични??

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
Одг: Помош во врска со трансформатор од старо упс напојување
« Reply #2 on 21.03.2014, Friday, 00:25:40 (Edited 21.03.2014, Friday, 00:28:02) »
батка затоа пишав на форумот пошто незнам како одат тие работи... незнам дали ке може од едно трафо да извадам 2x40в ако може подобро за мене затоа прашав.. и дали ке има некој да се нафати  :)

Споено мислење: 21.03.2014, Friday, 00:28:02
не е проблем и 2x35в да извадам  ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
За премотување барај професионален винклер.Не знам од каде си,ама најди некој мајстор кој знае да го растури,ама има и лак жица да го намота трафото.Тоа сепак е мајсторска работа,знаење ,ама и материјал.И уште ако има трафо лак да го потопи во него .... закон,да не бруи, 8)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Не е проблемот што ќе добиеш +-35в, него што едниот ќе биде 35в другиот -40в на приемр, не е баш едноставно да се намота, башка во едната гранка може да имаш 0,35оми отпор во другата 0,49.. Жицата треба да биде стегната на трафото во спротивно ќе бруи со фекфенција од 50 хз. Ако не се подредени жиците нема да ти стигне простор да намоташ доволно жица. Значи без машина тешко. Да може и рачно, ама после 300-400 намотки фрли си ги рацете  :D Најарно ти е на винклер да си ги премоташ,(2х30ац) и да направиш стерео засилувач, па после можеш и да го мостуваш...