Author Topic: Совет во врска со намалување на напон до 17v на 10v  (Read 2521 times)

ggoce

  • Guest
Ми се расипа трансформаторот од 2,1 пц звучниците па најдов еден со напон од "17v AC" па сакам да го намалам некаде до "13,14v DC" како предходниот, па дали ке биде најдобро со 78xx, 79xx  регулатори или зенер диоди?

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
дефинитивно со регулаторите, но ке треба да ги поставиш на добар ладилник  ;) ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Совет во врска со намалување на напон до 17v на 10v
« Reply #2 on 27.02.2014, Thursday, 00:35:10 (Edited 27.02.2014, Thursday, 02:21:26) »
Само со LM 317, ради комоција


Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Човекот пишал со 78хх и 79хх па сметам дека му треба симетричен напон, а лм317 не може да стабилизира негативен напон.... ;)
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Совет во врска со намалување на напон до 17v на 10v
« Reply #4 on 27.02.2014, Thursday, 00:42:33 (Edited 27.02.2014, Thursday, 00:53:32) »
Ке каже тој, а јас како што разбрав бара од 17 на 10V да намали.Не кажа ништо за симетричен напон,ама во последнице 2-3 години не сум имал 2.1 звучници со симетричен напон. 8)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Зависи колку се моќни звучниците. Ако влечат струја поголема од 1A, 78XX нема да врши работа. Треба да направиш посебен стабилизиран извор за напојување или евентуално да искористиш некој стабилизатор кој може да даде струја до 5A (ако се 2.1, не верувам дека ќе повлечат повеќе од 5A), со тоа што ќе треба да го земеш во предвид и тоа дека трафото цело време ќе троши енергија за стабилизаторот, па ќе треба трафото да има поголема максимална моќност од онаа која ја имала оригиналното трафо.

Или, може да пробаш и со друг пристап ;). Види кои интегрирани кола се користат во шемата и види колкави им се максималните работни напони. Најверојатно има две интегрирани кола кои се одговорни за засилување на сигналот, едно за двата сателити и едно за woofer-от. Ако она за woofer-от има релативно висок максимален работен напон (поголем од 17*1.41 - 1.4 = 22.6V), него може директно да го напојуваш од трафото. За сите останати кола, може да поставиш стабилизатори од 78XX серијата ;). Во datasheet од колото за засилување на сателитите сигурно има некој график или табела која му е максималната потрошувачка на струја, па врз база на неа, може да се одреди дали може да се стави интегриран стабилизатор од 78XX серијата (до 1A) или не ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Доволно е да види кои се диодите во исправувачот.Ако се некои кинески. слични на 1N400х,најголемата потрошувачка сум ја мерел 0,6А.Бидејки колегава бара намалување на 10V ( а не било 13V како јас прво помислив) сигурен сум и дека потрошувачката е под 1A.Најјаките ИК во 2.1 се TDA2030,но за нив треба многу поголем напон и од 17V,а не само 10V.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
батка, максимален работен напон на ТДА2030 е 18в, и да и јас верувам дека се искористени тие кола, 2 за сателитите и 2 поврзани сериски за вуферот. патем ако користи 7815 и да претпоставиме дека уредот ке троши 0.5а се добива дека во регулаторот ке има 22-15=7, 7*0.5=3,5 вати загуба и тоа само во еден, ако стави повеке ке има сигурно 15-20 вати загуба.  :D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Совет во врска со намалување на напон до 17v на 10v
« Reply #8 on 27.02.2014, Thursday, 00:55:53 (Edited 27.02.2014, Thursday, 01:04:25) »
Не ми е јасно ова - во насловот е 10V,а во првиот пост вели * 13-14 V DC* 8)

Споено мислење: 27.02.2014, Thursday, 01:04:25
батка, максимален работен напон на ТДА2030 е 18в, и да и јас верувам дека се искористени тие кола, 2 за сателитите и 2 поврзани сериски за вуферот. патем ако користи 7815 и да претпоставиме дека уредот ке троши 0.5а се добива дека во регулаторот ке има 22-15=7, 7*0.5=3,5 вати загуба и тоа само во еден, ако стави повеке ке има сигурно 15-20 вати загуба.  :D

Батка ,човеков бара редукција od 17 на 10V ! Веројатно знае со колкав напон се напојуваат звучниците. Тоа значи дека со 10-12V напон ,веројатно нема внатре TDA 2030,ами нешто друго.Ако дадеше барем некој модел или слика од звучниците немаше да има потреба да  пресметуваш сега глупости,загуби.... Нека си каже прво човекот. ;D

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
тда2030 може да работи и на 10в, а во случај да користи 7812 тогаш загубите ке бидат уште поголеми.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Совет во врска со намалување на напон до 17v на 10v
« Reply #10 on 27.02.2014, Thursday, 01:22:06 (Edited 27.02.2014, Thursday, 01:26:08) »
тда2030 може да работи и на 10в, а во случај да користи 7812 тогаш загубите ке бидат уште поголеми.

Да не нагаѓаме многу,одговорите ги дадовме,па ггоце нека каже што му треба.Во вакви случаи кога постои исправувач  дефиниран веќе со диоди(или грец) и електролити (така барем најчесто се изведуваат!) редукција на напон се врши во крајна нужда.Ако го поврзе директно на исправувачот новиот трансформатор треба да провери и колкав работен напон имаат електролитите (можеби треба и нив да ги замени!) и да го прекине + водот кон појачувачот(појачувачите!!).Тука на овој прекин најлесно е да се вметне плочка со LM 317 со тример 5К со кој би го регулирал прво напонот * во воздух*,а кога ке го приклучиш на појачувачот (појачувачите),веројатно ке може поради падот ,да направиш мала корекција.Ако е се во ред ,најчесто проработуваат звучниците.Ако можеш стави во примарот прекинувач и осигурувач,бидејќи честопати поради постојаната вклученост на примарот на 220V градска мрежа,доаѓа до греење или евентуално промените на напонот во мрежа ( шпицевите) го горат примарот на трафото.Честопати ми носат звучници,кои не прегореле во работа,ами по долго стоење под напон.

ggoce

  • Guest
Одг: Совет во врска со намалување на напон до 17v на 10v
« Reply #11 on 27.02.2014, Thursday, 12:37:51 (Edited 27.02.2014, Thursday, 13:09:06) »
Ке каже тој, а јас како што разбрав бара од 17 на 10V да намали.Не кажа ништо за симетричен напон,ама во последнице 2-3 години не сум имал 2.1 звучници со симетричен напон. 8)

Симетричен е со тда2030

Споено мислење: [time]27 Февруари 2014, 12:49:41[/time]
Зависи колку се моќни звучниците. Ако влечат струја поголема од 1A, 78XX нема да врши работа. Треба да направиш посебен стабилизиран извор за напојување или евентуално да искористиш некој стабилизатор кој може да даде струја до 5A (ако се 2.1, не верувам дека ќе повлечат повеќе од 5A), со тоа што ќе треба да го земеш во предвид и тоа дека трафото цело време ќе троши енергија за стабилизаторот, па ќе треба трафото да има поголема максимална моќност од онаа која ја имала оригиналното трафо.

Или, може да пробаш и со друг пристап ;). Види кои интегрирани кола се користат во шемата и види колкави им се максималните работни напони. Најверојатно има две интегрирани кола кои се одговорни за засилување на сигналот, едно за двата сателити и едно за woofer-от. Ако она за woofer-от има релативно висок максимален работен напон (поголем од 17*1.41 - 1.4 = 22.6V), него може директно да го напојуваш од трафото. За сите останати кола, може да поставиш стабилизатори од 78XX серијата ;). Во datasheet од колото за засилување на сателитите сигурно има некој график или табела која му е максималната потрошувачка на струја, па врз база на неа, може да се одреди дали може да се стави интегриран стабилизатор од 78XX серијата (до 1A) или не ;).

гига електролитите во плочата се со напон до 16в па тоа е проблемот ке треба сите да ги менам иначе стариот беше со 11в 1,5А а за сателитите се некаде до 2w со интегралче. Напонот до него е со регулатор до 9v  јас го направив за да не изгоре, без разлика и да ги сменам електролитите па напоно ке биде голем за тда2030 бидејки со испеглан напон ке дојде до 21,22v.

Споено мислење: 27.02.2014, Thursday, 13:09:06
тда2030 може да работи и на 10в, а во случај да користи 7812 тогаш загубите ке бидат уште поголеми.

Да не нагаѓаме многу,одговорите ги дадовме,па ггоце нека каже што му треба.Во вакви случаи кога постои исправувач  дефиниран веќе со диоди(или грец) и електролити (така барем најчесто се изведуваат!) редукција на напон се врши во крајна нужда.Ако го поврзе директно на исправувачот новиот трансформатор треба да провери и колкав работен напон имаат електролитите (можеби треба и нив да ги замени!) и да го прекине + водот кон појачувачот(појачувачите!!).Тука на овој прекин најлесно е да се вметне плочка со LM 317 со тример 5К со кој би го регулирал прво напонот * во воздух*,а кога ке го приклучиш на појачувачот (појачувачите),веројатно ке може поради падот ,да направиш мала корекција.Ако е се во ред ,најчесто проработуваат звучниците.Ако можеш стави во примарот прекинувач и осигурувач,бидејќи честопати поради постојаната вклученост на примарот на 220V градска мрежа,доаѓа до греење или евентуално промените на напонот во мрежа ( шпицевите) го горат примарот на трафото.Честопати ми носат звучници,кои не прегореле во работа,ами по долго стоење под напон.
батка исправувачот е со две диоди изведен на најпрост начин и наевтин (кинески)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Дали е трафото со два симетрични секундара или само со еден?Еве види кинезиве како го прават тоа со две диоди.Дали е така врзувањето?Како на првата или втората слика? И не кажа кој модел и марка се звучниците,можеби имам и некоја шема.Чудно ми е што сакаш на 10V да го намалиш напонот.

ggoce

  • Guest
Одг: Совет во врска со намалување на напон до 17v
« Reply #13 on 27.02.2014, Thursday, 15:51:56 (Edited 27.02.2014, Thursday, 15:56:40) »
Дали е трафото со два симетрични секундара или само со еден?Еве види кинезиве како го прават тоа со две диоди.Дали е така врзувањето?Како на првата или втората слика? И не кажа кој модел и марка се звучниците,можеби имам и некоја шема.Чудно ми е што сакаш на 10V да го намалиш напонот.

батка таа втората со еден симетричен мислам за старото трафо што беше но новото има со два симетрични секундара но не проблем тоа, 10в грешка е пишано ке го поправам. Значи ми треба напонот да го намалам на 12/14в +- но да не се се намале и снагата на трансформаторот оти знам дека 78.. и 79.. снагата ја намалуваат до 1000мА, а со зенер од 1w дали ке може да се изведе?

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
неможе, тоа што сакаш да го направиш може само со switching напојување да се направи
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)