Author Topic: Ми треба помош за заземјување.  (Read 2107 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Ми треба помош за заземјување.
« Opened on 10.09.2013, Tuesday, 00:44:13 »
Бидејќи инсталацијата дома нема земја, како би можел да изведам?

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Како мислиш нема земја
Нема заземјување или во дворот воопшто немаш земја се ти е бетонирано па неможеш да го изведеш заземјувањето .
ако е првото односно немаш заземјување ќе земеш трака за заземјување онаа што си ја гледал по училиштата за громобрани широка околу 2,5/3 см и должина околу 15 метри и ќе ископаш некаде блиску до куќата  барем 20 см длабоко во земјата пример 2/2 метри ќе ја легнеш траката и ќе ја измоташ во форма на полжав и ќе ја затрупаш  остатокот ќе го врзеш право на куќата во дозна од каде што  преку полн кабел минимум 4мм ќе оди во мерилото
можеш и да земеш цевка околу 4 см во дијаметар железна шуплива а долга отприлика 1 метар која по можност ќе ја избушиш со бурмашина на повеќе места  и ќе ископаш дупка исто блиску до  броилото па ќе ја набиеш  во земјата со токмак и откако ќе го направиш тоа со некој здрав штраф и мутер  ќе и врзеш бакарна жица исто 4мм жолто зелена која ќе оди  во мерилото .
препорачуваат во цевката да сипеш крупна сол.
трет начин   ти е со подебела железна плоча лим барем 4/5 мм  може и поцинкувана со димензии барем 1/1 метар  исто ја закопуваш што подлабоко во земја и и заштрафуваш полн кабел 4мм како и предходно
кај мене во куќата ги имам употребено и  првиот и вториот начин  и заземјувањето е одлично
еден совет размислувај на начин како  поубаво да  се пренесе заземјувањето  до саатот со што поголема површина да биде железото што ќе го внесеш во земја  и што повлажно место тоа поубаво .
можеби некој знае и други подобри начини .

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Земја има, едино во овај случај е поволно што е влажна. Сега за сега имам поставено само неколку шипки за арматура, ама деновиве ќе набија една цевка водоводна донив и ќе ги зашвајца да има подобар контакт. Фала.

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Одг: Ми треба помош за заземјување.
« Reply #3 on 10.09.2013, Tuesday, 22:07:56 (Edited 10.09.2013, Tuesday, 22:19:03) »
За места каде е карпест предел и не е можно да се изведе заземјување според некои прописи, има една шега:
“Земете една саксија со земја и ставете жица и ете заземјување.“  ;D ;D
Ако арматурата е поврзана со темелите на куќата тоагаш имаш темелно заземјување и треба да има добри резултати ако е опфатен целиот темел, шипките во бетонот нема да оксидираат, а ако изведбата е со поцинкована лента во земја по 10-20 години од неа има само 'рѓа.
Во секој случај обавезно е да се вгради ФИД склопка, која делува и со вредност на заземјување до 120 оми.
А тоа со сол и други зачини да не се лажеш, на почеток солта ќе ја апсорбира влагата околу нејзе, и дава подобри резултати при мерењето, а после тоа копа по металнот спроводник што го имаш и за една година го уништува(оксидира). најоптимални услови на влага се на длабина од 50-90см.
Прво измери колку изнесува заземјувањето со тие арматури, ако има добра вредност <5 оми, тогаш е добро бидејќи струјата на грешка ќе повлече поголема струја и ќе прегорат осигурачите, ако вредноста е голема на заземјувањето, нема да има прегорување на осигурачите а тоа што оди во земја дебело ќе ти се наплати бидејќи мерниот уред(броилото) се ќе регистрира, но со ФИД склопката тоа во дел од секунда ќе се реши без да прегорат осигурачите, и местото на спојот нема ни да варничи, а со тоа да се појави опасност од пожар.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Не е постоечката арматура, него јас си додадов(набив в земја) 5-6 шипки од арматура, ама кратки околу 50 цм беше најдолгата, другите се пократки. Кај мене местото е претежно црвеника(да не реча глина) па држи вода. Е сега да копам 5-6м долж 20 цм длабина не ми иде некако... треба цела бавча да ја прекопам... а велиш метар арматура да набија в земја ќе брка работа? Патем кај и како да мерам тие 5 ома ако сакаш подетално да ми објасниш? Меѓу 0 и земја колку отпор треба да имам? Патем штекерот си е засебен т,е, на прекудач кој го користам по потреба, за апарат за заварување, земјата е директно поврзана со штекерот (додуша оди и в куќа една жица демек земја...)

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Одг: Ми треба помош за заземјување.
« Reply #5 on 11.09.2013, Wednesday, 17:41:23 (Edited 11.09.2013, Wednesday, 17:44:10) »
кога велев арматура шипка мислев дека е дел од бетон на темелите, но овака ништо од тоа, она што е во земја мора да е поцинковано, инаку одма ќе зарѓа, а оксидот е изолатор.значи ти треба водоводна цевка(поцинкована) дебелина од цол  должина 1,5м и да ја набиеш во земја, но прво ископај кратер од длабина 0,5метри, па потова со токмак набивај до доле. Горниот дел од цевката претходно направи отвор за штраф, на растојание од 15см од врвот зошто со токмакот ќе се деформира ако е до самоти врв. бакарната жицата стегни ја убаво со штрафот, обавезно да има и федер шајбна и може тој дел на спој да го намачкаш со маст за автомобили, за да нема корозија, како капак стави пресечено пластично шише, и потоа затрупај ја дупката. ништо комплицирано, а според земјиштето (глина) би требало да се добри резултатите. ако се слаби ова го повторуваш на 2-3 метри подалеку од првата дупка а жиците се споени од двете сонди со заедничкото заземјување на објектот- куќата.
ФИД склопка обавезно ја препорачувам без тоа какви се резултатите од мерењето на заземјување!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Ќе пробам деновиве, фала.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Можеби ќе звучи глупаво но каква е таа фид склопка и каде може да се најде ?
Дообјаснете ја функцијата на истата.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Не знам точно, мислам дека ги споредува струите низ фазите и нулата- ако има разлика значи течи низ земја и исклучува све. Така мислам ама не сум сиг.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Можеби ќе звучи глупаво но каква е таа фид склопка и каде може да се најде ?
Дообјаснете ја функцијата на истата.

Еве ти имаше тема за тоа:

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1631.0
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Dragan Stoilovski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 56
Фид склопката функционира на принципот струјата што  излегува т.е што мине низ потрошувачите истата треба да се врне назад доколку фали нешто (тече струја према земја) настанува нарушување на магнетниот флукс во фид склопката и таа го прикинува струјниот круг бидејќи регистрира грешка, фид склопките се произведуваат со струја на грешка 0.5А 0.3А 0.05А и 0.03А. Што значи ако земеш фид склопка која има струја на грешка 0.03А за да ти исклучи скплопката при грешка треба да имаш отпор на заземјување кој се пресметува по следната формула R=230V/0.03=7 600oma што значи и една вилјушка да ставиш за заземјувач нема да имаш никаков проблем и се кје функционира се без проблем, за разлика ако не ставиш фид склопка ќе треба да направиш многу подобар заземјувач пример ако имаш осигурувач од 20А за да исклучи треба да имаш отпор на заземјување R=230/20=11oma