Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: ShAdOw on 07.01.2011, Friday, 15:29:17
-
Квалитетно регулирано напојување со напонска и струјна регулација. Напојувањето се одликува со голем распон на напонот на регулирање од 0 до 50V, како и голема струјна регулација од 0 до 5A. Шемата е испробана така да слободно може да го изработите и еве јас ви стојам на располагање ако нешто не ви е јасно околу изработката ;).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Regulirano_Napojuvanje_0-30V_0-5A.jpg)
-
Ооо колега,фала богу смени малце,ојде накај напајања хахаха :D :D.Интересно напојување,ништо чудно да го направам,сега се мислам дали ова дали тоа со L296P ;D,ти си крив хахаха ;D ;D ;D.Имаш +реп од мене ;) :D
-
скапо ќе биде трафото.Ама ај,ја друго ќе правам
-
скулс секое напојување е скапо...што да правиш...
-
скапо ќе биде трафото.Ама ај,ја друго ќе правам
Па ако е 36V 5A,тоа ќе дојде негде 180-200W,па и не би било нешто скапо за вакво напајање до 50V и до 5А со струјна и напонска регулација... ;) ;D
-
скулс секое напојување е скапо...што да правиш...
да,аха.Ја барам едно трафо од 24волти 100вати.Да не има некој?Ако има одма да го купам хитно ми е
-
галото имаше нешто такви работи за мали пари (до 100W )
прашај го
-
ок,му пишав.А дали Шедоу имаш некое друго напојување?со трафо од 100вати?
-
попосле ке го разгледам подетално иако ми фати на око па може да го направам :))
-
Skols еве нешто како за тебе :D
http://www.eleccircuit.com/power-supply-regulatable-0-28v-20amp-by-lm317-and-2n3055/
-
читај трафо-20ампери :o :oима да потрошам 5000 денари само за трафото
-
Еве нешто поскромно ;)
http://regulatedpowersupply.org/
-
абе какво поскромно, ке си направиш еднаш за секогаш и ке дадеш малку повеќе пари ;D
-
Па привремено направи си едно со ЛМ317 и фурај,па после ќе направиш едно по јако и подобро како ова... ;D
-
абе ја имам едно од Народна Техника едно,ама тоа е слабо,одвај 500 мили ампери е :P :( :D
-
имам направено од емитер ама 5 пати ми прегоре 2n3055 и го бутнав во фиока, така да ке си направам сега некое добро па ке си го терам додека може :D
-
абе ја имам едно од Народна Техника едно,ама тоа е слабо,одвај 500 мили ампери е :P :( :D
Ја едно си направив,просто со лм317 едвај „дига“ 12 волти,до 11,6 е хахах :D :D 1,5А е мислам...Сега за сега е супер,ама нели треба и по моќно да се направи ;Dимам направено од емитер ама 5 пати ми прегоре 2n3055 и го бутнав во фиока, така да ке си направам сега некое добро па ке си го терам додека може :D
Збориш за тоа со тие TL интегралците и еден 2N3055?Шо така да гори транзисторот?
-
абе ја имам едно од Народна Техника едно,ама тоа е слабо,одвај 500 мили ампери е :P :( :D
Ја едно си направив,просто со лм317 едвај „дига“ 12 волти,до 11,6 е хахах :D :D 1,5А е мислам...Сега за сега е супер,ама нели треба и по моќно да се направи ;D
ама моево тера накај 30 волти,тука пак е 500 мили ампери
имам направено од емитер ама 5 пати ми прегоре 2n3055 и го бутнав во фиока, така да ке си направам сега некое добро па ке си го терам додека може :D
Збориш за тоа со тие TL интегралците и еден 2N3055?Шо така да гори транзисторот?
[/quote]
Тоа не е од Емитер она со 0-3 ампери и 2-20 волти?
-
Еве што користам јас,а ставив и два готови дигитални инструменти - едниот мери волти другиот ампери.Напојувањето им е 9В независно ( со друг исправувач и трафо! )Работи 3-4 години супер!!
-
дада за нив, абе да го пробам и ставам диода и свети на 3V и одеднаш качинапон на 36 волти и не реагира потенциометарот, ставив друг 2n3055 пак прегори, имав дома 4-5 иизгорев 4 и се изнервирави паво во фиока
-
ама ова твоево со ЛЦД екран,а јас сакам да направам со аналогно отчитување,ќе видам.До сега имам само кутија ;D
-
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=181
е ова го имам направено :)
-
а ти со 2 амперско трафо или со 3 амперско го возиш?Дека на сликата има 2 амперско
ПС.На сликите трафото тој го купил од Електронинвест
-
неми текнува одамна го имама направено...ке видам па ке ти кажам ;)
-
Аналогните инструменти,ако ги набавиш од продавница ке те коштаат поскапо од цел склоп! ;DЗатоа јас си ставив две мали дигитални инструментчиња ( двете вкупно 300 денари),им ги извадив кутиите и ги сместив на предна плоча.тие се 3,5 цифрени дисплејчиња и досега супер работат!!
-
во БТ електроника,има аналогни инструменти,ми рече земи 2 попуст ќе ти дадам.Тоа ќе дојде околу 260 денари 2 парчиња.
-
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=181
е ова го имам направено :)
јас имам 2 вакви направено, и ич не сум задоволен од нив...кога ке се ослободам малце ке расчепкам тоа шемата, да го направам каов што сакам и со струјна регулација...
-
па овој нема струјна регулација?Како се регулира напонот?Дека на кутијата не гледам потенциометар!
-
тој тример има ставено, наместо тример имам ставено потенциометар :D
-
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=181
е ова го имам направено :)
јас имам 2 вакви направено, и ич не сум задоволен од нив...кога ке се ослободам малце ке расчепкам тоа шемата, да го направам каов што сакам и со струјна регулација...
катастрофа се ств, за џабе прегорев толку транзистори...ама не е битно ке си направом ново ама еднаш за секогаш ;)
Споено мислење: 08.01.2011, Saturday, 03:18:16
зашто на шемава пишува кондензатор 4700uF/63V a на ппк пишува 10 000uF/63V ?
-
Како се поврзуваат амперметарот и волтметарот на шемава?
-
како што секогаш се поврзуваат амперметар и волтметар...амперметарот се поврзува сериски со излезот, а волтметарот се поврзува паралелно со излезот ;D
-
како што секогаш се поврзуваат амперметар и волтметар...амперметарот се поврзува сериски со излезот, а волтметарот се поврзува паралелно со излезот ;D
Значи стандардно...
Инаку, имам видено регулирани напојувања кај кои поврзувањето на волтметарот е паралелно на излезот, а амперметарот се врзува поинаку, на две точки внатре во шемата.
Edit: Може наместо 2SD110 да се употреби 2N3055?
-
а амперметарот се врзува поинаку, на две точки внатре во шемата.
Тоа поинаку што викаш ти т.е врзување помеѓу две точки на шемата е сериско поврзување ;).
-
Тоа поинаку што викаш ти т.е врзување помеѓу две точки на шемата е сериско поврзување ;).
Да, има ставено отпорник за да направи пад на напон, па врз база на падот на напонот, се штелува волтметарот (сите мерни инструменти се во принцип волтметри ;)) да покажува во ампери/милиампери колкава струја тече низ отпорникот ;).
-
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=181
е ова го имам направено :)
Добро е на ова напојување што е доста евтино но за жал јас како што видов има само напонска регулација а нема струјна иначе ние во школо правевме исто така регулирано напојување од емитер ама и со струјна регулација со транзистори 2N 3055 и BC219 поврзани со Дарлингтов спој!
Според мене добро е да има и струјна регулација кога више правиш прави асално зошто некогаш ќе имаш потреба и да му ограничиш на потрошувачот колку струја да конзумира.
-
Ме интересира дали треба да се направат некои преправки на шемата ако сакам да приклучам трансформатор со секундарен напон од 30 волти и струја 4 ампери?
-
немора да направиш преправки,само треба да пазиш да не го преоптоваруваш,за да не дојде до горење на намотките на трафото.
-
Ме интересира дали треба да се направат некои преправки на шемата ако сакам да приклучам трансформатор со секундарен напон од 30 волти и струја 4 ампери?
Не треба да правиш никакви преправки на шемата :), само со ова трафо ќе имаш помал напон и помала струја т.е. 0-42V 4A ;).
-
Сакам да го изработам ова напојување па да прашам дали некој го има направено и зошто распоредот на елементите на шемата се разликува од распоредот на ппк.
Ја разгледав целата шема и плочката, во суштина е истата, но сепак приметив повеќе разлики.
Поконкретно, на шемата кај потенциометарот од 3к се искористени трите изводи на потенциометарот додека кај плочката само два. И еден отпорник на плочката (веднаш над изводите за поставување на ресет копчето) не е означен, пишува само "P".
Исто така на плочката плусот на електролитот од 3,3 uF оди на емитерите на два BC327 додека на шемата плусот од истиот електролит оди на базата на еден BC327.
Инаку зошто служи ресет копчето и дали може да се стават 2n3055/3773 наместо 2SD110?
-
потенциометарот и на ел.шема е врзан така како на плочката, од трите изводи се користат два, каде и да побараш секаде така се користи притоа немои од тие три да има поврзано 2 :)
-
ShadoW стави слики кога си слободен ;)
-
Квалитетно регулирано напојување со напонска и струјна регулација. Напојувањето се одликува со голем распон на напонот на регулирање од 0 до 50V, како и голема струјна регулација од 0 до 5A. Шемата е испробана така да слободно може да го изработите и еве јас ви стојам на располагање ако нешто не ви е јасно околу изработката ;).
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=3540.0;attach=2309)
колку кошта ова напојување без трафо ?
-
Ajде помош за напојувањево,го склопив ама неработи.На излез дава 0.1V и нема никаква регулација т.е само стои фиксно 0.1V.Исто така приметив дека уште на излезот т.е колекторот кај BD242 нема никаков напон,а пред него си има напон т.е на емитерот.Друга работа што чепкав е кога ќе го извадам отпорникот 47Ω напонот се крева на 18V т.е на 18.3 и има регулација само 200mV од 18.3 до 18.5 :D.Транзисторите се 2N3772,пробував и со 2N3055 и со нив неработи...
-
Друга работа што чепкав е кога ќе го извадам отпорникот 47Ω напонот се крева на 18V т.е на 18.3 и има регулација само 200mV од 18.3 до 18.5 :D.Транзисторите се 2N3772,пробував и со 2N3055 и со нив неработи...
Јас никаде не забележав отпорник од 47 ohm-и на шемата ???.
-
Кај излезните транзистори е,кај базите.
-
Кај излезните транзистори е,кај базите.
А да, го видов ;).
Извади ги излезните транзистори и измери го напонот на нивните колектори.
-
Пред нив си има напон т.е 36V работата е што нема после нив :D.Друго цело време ми свети таа Лед диодата,како да има краток спој на излез...
-
Пред нив си има напон т.е 36V работата е што нема после нив :D.Друго цело време ми свети таа Лед диодата,како да има краток спој на излез...
Да не се излезните транзистори во краток спој ;D? Ај провери кој напон го има на колекторот на BD242A (со извадени излезни транзистори).

3-4 пати ги проверив излезните и супер се,пробав и со 3772 и 3055...Кај колекторот напонот варира од 13 до 17V и чим ги ставам излезните одма пага на 0V.
-
3-4 пати ги проверив излезните и супер се,пробав и со 3772 и 3055...Кај колекторот напонот варира од 13 до 17V и чим ги ставам излезните одма пага на 0V.
Хммммм... можно е да има некоја грешка во монтажната шема (да е правена од некој друг, не од оној кој го дизајнирал колото) бидејќи во оригиналната електрична шема, филтерскиот коднензатор има вредност од 4700uF, а на монтажната шема има вредност од 10.000uF. Нека пише ShAdOw дали го изработил напојувањево по оваа монтажна шема или некоја друга.
-
Незнам до што е,ама скроз истото и ShAdOw го направи со исти делови,без замени и на истата плочка.Е разликата е што него му проработе од 1-ва,а кај мене нејќе да чуе да проработи :D
-
Незнам до што е,ама скроз истото и ShAdOw го направи со исти делови,без замени и на истата плочка.Е разликата е што него му проработе од 1-ва,а кај мене нејќе да чуе да проработи :D
Вредноста на некоја отпорник да не си ја згрешил случајно? Ај провери ги сите вредности, изавди ги од лежиште и измери ги ;).
Нешто ми е сомнително околу напонот на колекторот на BD242A. Не би требало да се движи од 13V до 17V. Врз база на тоа што го гледам од шемата, да, минимален напон би требало да му биде 13V, ама максимален не би требало да му биде 17V, треба да биде поголем... ова го заклучив од некоја бегла анализа на колото, не знам, може и да грешам, но дефинитивно провери ги отпорниците, особено околу uA723 ;).
-
Ги проверив 3-4 пати,сите се на место.Исто така пред да ги лемам ги проверував со инструмент,така да не е до тоа нешто друго има...
-
Види половите на електролитските кондензатори дали се поставени правилно во поглед на поларитетот а и во поглед на капацитивноста :) А провери го и поларитетот на полупороводничките диоди :)
-
Ај одлеми го пинот 9 од uA723 и остави го така да виси. Види дали ќе смени тоа нешто.
-
Ај одлеми го пинот 9 од uA723 и остави го така да виси. Види дали ќе смени тоа нешто.
Oк има некој напредок сега дава на излез 17-18V со све излезните ама пак нема никаква регулација,истиот напон го има и без излезните транзистори.Лед диодата пак свети.
-
Oк има некој напредок сега дава на излез 17-18V со све излезните ама пак нема никаква регулација,истиот напон го има и без излезните транзистори.Лед диодата пак свети.
Хммммм... случајно да не е изгорено uA723? Ај пробај смени го со друго.

Нејќе ни тоа,пробав со два други интегралци истото е...
-
како што видов само една лед диода има што најверојатно е за струјното ограничување...види транзисторот што е над лед диодата е ок или па да не си ставил НПН случајно и диодата што е на базата обратно ставена
-
Проверено е и тоа,пишав претходно дека ги проверив сите елементи башка како што беше на листата делови така ги купував.Со компонентите нема грешка,проверени се пред да се залемат,пазев на плус-минус тие работи се е по шемата.Некоја друга мака си има,ама до што е незнам.
-
А од кој производител е uA723? Ако не, нека пише ShAdOw од кој производител е неговото uA723 и дали има некои ознаки на крајот (A, CN, што и да е), па да видиме дали се совпаѓа со твоево. Можеби има некои измени кај новите кои ги немало кај постарите (претпоставувам дека шемава е постара).
Исто така, ај зимери ги напоните во двете точки обележани на сликата ;). Притоа, се нека биде монтирано во колото (врзи го пинот 9 повторно за GND и постави ги излезните транзистори назад во колото ;)).
(http://imageshack.us/a/img20/4857/semagb.jpg)
-
Интегралецот е на ЅТ и е LM723CN.Напонот кај точките е 37V.Ништо,баталете,не го бива напојувањево ќе го расклопам и готово, џабе мачење само...
-
Интегралецот е на ЅТ и е LM723CN.Напонот кај точките е 37V.Ништо,баталете,не го бива напојувањево ќе го расклопам и готово, џабе мачење само...
Епа тука е всушност проблемот. Изгледа има проблем во секцијата за струјно ограничување. Тој напон треба да биде барем 0.7V под напонот на емитерот на BC327 (оној на кој мереше напон на базата) за да биде диодата зигасена, односно за да биде овој транзистор во OFF подрачје. Реално гледано, тој напон воопшто не треба да биде во близина на напонот на напојување. Причина за ова може да бидат неколку, меѓу кои, како највозможни се двата транзистори прикажани на сликата. Можеби се погрешно врзани или се изгорени (во краток спој да им се емитерите и колекторите или евентуално, емитерот со базата на тој десниот). А можно е и диодата во базата да биде краткоспоена.
(http://imageshack.us/a/img31/7281/sema01.jpg)
Не го расклопувај, уште има надеж ;).
-
Прво оној елко 3,3 мФ е врзан обратно- со - на + полот,друго јас би ги заменил сите BC327 ци со НПН транзистори,само обратно врзани- со Е према маса ( минус пол).Пробај така и мислам дека ке проработи.Стави 547 или 2N2222 ,ako имаш.
-
Прво оној елко 3,3 мФ е врзан обратно- со - на + полот...
Да, навистина, јас ова не го забележав ;D. Пробај смени му поларитет, можеби ќе тргне работата ;D.
-
Ја му кажав да ги провери сите полови на кондензаторите а он не ме рецка :( >:( Ете сепак било до тоа 8)
-
На монтажната шема и плочката е точно нацртан кондензаторот,а исто така и e наместен.
(http://i45.tinypic.com/34q0eg0.jpg)
-
На монтажната шема и плочката е точно нацртан кондензаторот,а исто така и e наместен.
Значи сега е правилно поставен?
-
На монтажната шема и плочката е точно нацртан кондензаторот,а исто така и e наместен.
Значи сега е правилно поставен?
Да,кондензаторот е правилно поставен.
-
Провери ги транзисторите кои ги спомав во претходниот post и провери дали сигналните диоди (1N4148) се исправни и правилно врзани.
-
Која шема е сега испробана Shadow ?
Електричната или монтажната ?
-
Јас го правев напојувањето според монтажната шема и проработе од прва, незнам што е проблемот кај Malecko. Ќе поставев слики, ама бидејќи почнав со изработка на многу покомплицирано напојување, ова не ми требаше и го растурив за делови.
-
ShAdOw,
Дај ни ја страната да прочитам за напојувањето...........
-
Еве ја страната, само ќе треба да ја преведете, бидејќи е на шпански :).
http://www.forosdeelectronica.com/f21/aporte-fuente-regulable-0-50v-0-5a-9940/
-
Еве ја мојата изработка на напојувањето по шемата на ShAdOw.Инаку правам две со две посебни трафа од 140вати и ке бидат сместени во една кутија.Трафата ке ги премотам овие денови и би требало напред да има дигитална табла па ке видиме како ке испадне сето тоа склопено....
(http://img7.imageshack.us/img7/3126/napojuvanje050v05as1.jpg)
(http://img231.imageshack.us/img231/2915/napojuvanje050v05as2.jpg)
-
Супер ;). Одлично изгледа ;). Можно е да требаат малку поголеми ладилници, ама и овие се доволни, ако не се преоптеретува многу долго напојувањето ;).
-
kako raboti, dali e mozno, da se spoi plus i minus i da raboti? kratko
-
kako raboti, dali e mozno, da se spoi plus i minus i da raboti? kratko
Не те разбирам.........Како да се спои плус и минус???
-
супер е ти фалит убава кутиа и подобри ладнаци
-
kako raboti, dali e mozno, da se spoi plus i minus i da raboti? kratko
kako raboti, dali e mozno, da se spoi plus i minus i da raboti? kratko
Не те разбирам.........Како да се спои плус и минус???
мислам дека ако го краткоспоеш ќе ја вклучиш струјната заштита и нема ништо посебно да се случи :D
ќе се ограничи струјата и ќе греат минимално транзисторите
-
Имам едно прашање, како може да се направи (додаде) и фина регулација на колово ?
Односно покрај овие 2 линеарни потенциометри уште 2 за фина регулација за да не мора да купувам повеќе обртни потенциометри.
-
Во серија со лизгачите на потенциометрите ќе додадеш и еден потенциометар врзан како реостат, а неговата вредност е максимум 10-тинка од вредноста на потенциометрите за контрола ;).
-
Едно, благодарам до тебе :D ;)
-
Што димензии има плочкава и дали ќе може да се користи на напон од 56 волти, на некои 3 - 4 ампери струја?
-
Супер изработено !!
Со здравје да го користиш!!!
склопи го па да видиме какви резултати ќе даде!!!
-
kako raboti, dali e mozno, da se spoi plus i minus i da raboti? kratko
kako raboti, dali e mozno, da se spoi plus i minus i da raboti? kratko
Не те разбирам.........Како да се спои плус и минус???
мислам дека ако го краткоспоеш ќе ја вклучиш струјната заштита и нема ништо посебно да се случи :D
ќе се ограничи струјата и ќе греат минимално транзисторите
ѓаволе...како минимално ке греат транзисторите кога цела моќност во нив ке треба да се дисипира...на колекторот го имаш напонот на напојувањето (50В) а на емитер блиску до 0В и ако тече поголема струја отидоа транзисторите....колку транзистори имам цркнато баш заради тоа неможам да избројам ;D
-
кога ќе се уклучи струјната заштита, струјата паѓа до многу мало ниво (онаа која тече низ транзисторите), тие се скоро закочени така да нема ни да грејат, пошто нема течење на струја напонот и тој паѓа на нула, и се држе до нула се додека не се отстране краткиот спој, транзисторите на ваков краткој спој кај што имаш струјно ограничување нема да се греат, или ќе се греат во некои минимални рамки
-
значи ти го местиш на струја (пример 1А) и правиш краток спој и напонот на излез паѓа за да се одржи таа струја од 1А
-
не работи така, незнам за оваа, ама онаа јас што ја имам струјната регулација ко ќе ја поставиш ти на 1А, ко ќе се достигне струја од еден ампер напонот паѓа на 0 а и струјата е 0
-
е тоа е веќе друго, јас напојувањето што го имам ако го наместиш на 1А и ако го оптовариш повеќе напонот ќе падне за таа струја од 1А да тече цело време...
-
Го има некој направено ова напојување, да покаже некоја слика од него, да даде пофалба дали е функционано ;)
-
Праам едно со смпс 5А па ќе видиме што ќе излезе...
-
ок луѓе, добро е да се има регулирано напојување, но зошто до 50 волти? Толкав напон тешко дека некогаш ќе го користите. Според мене попрактично би било истото да биде до 24 волти. Се натаму е неисплатливо
-
Гледам најчесто се 1,5-30в, апсурдно би бил 0в,а и напони под 0,7в за што би ти биле..
-
...напони под 0,7в за што би ти биле..
Моторче од DVD player, она што го врти дискот, може да работи на 0,3V ;D