Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: LordZi on 16.09.2015, Wednesday, 15:29:06

Title: Помош околу регулација на електрична скара
Post by: LordZi on 16.09.2015, Wednesday, 15:29:06
Имам една ел. скара/плотна која релативно често ја користиме, фабрички си има термостат за регулација, кој ја исклучува кога ќе се постигне зададената температура.
Проблемот е што после некое време, кога ќе се загрее термостатот, се продолжува времето на исклучување, односно работи да речеме 10-15секунди, па се исклучува 1-2 минути, за кое време се лади превише, па пак ќе се вклучи десетина секунди, па повторно ќе се исклучи и чекаш да се вклучи и така во круг... >:(
Сакам наместо термостатот да ставам електронска регулација, нешто од типот на димерите за светилки, бидејќи станува збор е греач, т.е чисто омски потрошувач. Јачината на греачот е 2000W, значи влече нешто под 9А.
Ми требаат искуства и совети од луѓе што го имаат правено ова или слично, да предложат решение кое ќе биде сигурно и трајно, знам дека теоретски би требало да може да се искористи било кој димер пошто повеќето се со 16А тријаци, ама сепак би сакал да слушнам мислења кој тријак за таа моќност, колкав ладилник, итн...
Title: Одг: Помош околу регулација на електрична скара
Post by: MilerovEfekt on 16.09.2015, Wednesday, 16:19:18
Ако може да ставиш сензор за температура, најдобро ќе е да направиш PID контролер :-)
Title: Одг: Помош околу регулација на електрична скара
Post by: LordZi on 16.09.2015, Wednesday, 16:27:33
Аха, и тач-екран во боја да има... :D

Ми треба проверено решение за димер што ќе може да регулира 2kW греач, а да не цркне после пола саат...
Title: Одг: Помош околу регулација на електрична скара
Post by: GigaWatt on 16.09.2015, Wednesday, 17:05:01
Аха, и тач-екран во боја да има... :D

Не се чуди, и вакви работи сигурно почнале да ставаат кај домашнине монтажни решоа. Ако можат со сензорски копчиња да ги прават, зошто да немаат touch екран ;D.

Инаку, искуство со волку моќни потрошувачи немам, ама не гледам причина зошто да не може да се искористи регулација со димер ;). Само треба триакот да е многу моќен, толку ;). Е сега, дискутабилно е колку ќе биде регулацијата линеарна (таа ќе биде линеарна, но дали ние, субјективно, ќе ја осеќаме како линеарна ;)), но со малку искуство, ќе си ја научиш, до пола за ова, до 3/4 за она и така ;).

Сега ми текна, можно е да се јават проблеми со замастување на потенциометарот. Можеби затоа и не ја прават таква регулацијата кај купечките изведби. Можеби најпаметно е регулацијата да се стави на крајот од штекерот, подалеку од маснотиите ;).
Title: Одг: Помош околу регулација на електрична скара
Post by: MURO on 16.09.2015, Wednesday, 23:09:38
Не е проблем во прекинувачот, тој може да биде тријак или реле не е битно. Димер не ти треба. Проблемот е во давачот,односно сензорот за температура. Тој го внесува тој голем хистерезис. Бидејќи се работи за голема тепература тогаш отпаѓа употребата на електронските сензори како што е на пример LM35 сензорот. Овој сензор дава 10mV за секој степен Целзиусов. Одличен е за употреба ама до 100 степени целзиусови. Не повеќе. За повисоки температури потребен ти е термопар, но проблем кај термопарот е што дава многу мал напон па многу тешко ќе направиш стабилен регулатор за него. Засилувач после термопарот не доаѓа во обзир затоа што тоа треба да биде DC засилувач кој неможеш да го стабилизираш. Постојат специјални инструмент DC засилувачи кои неможеш да ги најдеш во продавниците затоа што се користат само во индустрија. Има еден тип на инструмент засилувач кој се продава на Ebay ( AD597) но незнам колку е добар. А и да го земеш, ќе треба некој со професионалец да ти го проектира колото. Со овој засилувач ќе добиеш 10mV/C осетливост. Значи, не е лесно како на прв поглед.  Значи, ќе си бараш евтин термостат баш за таа намена. Оди во TEMS. Тоа е подобро снабдена продавница за електроматеријали за сервисирање на бела техника и слично. Се наоѓа Карши Скопјанка. Значи преку пат на ГАЦ. Визард системи имаа продавица таму.  Тука ако не најдеш нешто такво нема да најдеш на друго место. А и со цените се прифатливи.
Title: Одг: Помош околу регулација на електрична скара
Post by: BorceBT on 16.09.2015, Wednesday, 23:46:17
Имав сличен проблем со слична скара. Проблемот беше во кинескиот термостат кој беше многу лошо склопен и лабав. Сакав да ја преправам скарата со тоа што ќе ставев од оние минијатурните термостати што ги користевме во ламинаторите за да го замени постоечкиот меѓутоа сфатив дека не се исплати. Успеав со искривување на федерот и телото и повторни преподесувања на шрафчињата за штелување на постоечкиот термостат да го поправам до степен да има хистереза не поголема од 10тина степени и скарата еве ден денес ја користам таква :) Значи за помош: појак федер (позатегнат) помала хистереза. Но со затегањето на федерот се менува точката на вклучување и затоа со виткање на телото или вртење на шрафчето за подесување се враќа на старата (или малку поголема) вредност.
Title: Одг: Помош околу регулација на електрична скара
Post by: LordZi on 17.09.2015, Thursday, 09:23:22
Па и ова со термостатот останува како опција, уште не сум го отворил да го видам каков е, а тоа дека целата скара е кинески квалитет, тоа да, не верувам дека и термостатот е нешто подобар... :P

@MURO, мислам дека со сензори и сл. само ќе ја комплицираме целата работа, не ми треба некоја прецизност, доволно е да може со димер да се ограничи снагата на греачот на некоја зададена вредност, па со тек на време ќе стекнеме искуство која положба на која температура одговара... Знам дека ти работиш со овие моќниве регулации, кој тријак би го препорачал за 2kW континуирана моќност...? Дури се мислам да барам регулација од некоја стара правосмукалка над 2kW, ако најдам да и ставам поголем ладилник и да ја користам неа...?
Иначе, имам нешто дома, не знам дали е тиристор или тријак, не наоѓам податоци, на него пишува DCP209, има штраф за монтажа, изгледа доста моќен, ако е тријак може да се искористи за димер...
Title: Одг: Помош околу регулација на електрична скара
Post by: BorceBT on 17.09.2015, Thursday, 18:16:10
Стави BT139E или BT139F на некој обичен димер и мислам дека нема да имаш проблеми :)
Title: Одг: Помош околу регулација на електрична скара
Post by: MURO on 17.09.2015, Thursday, 19:09:04
За грејач од 2KW сосема ти е доволен BTA12/600V. Не ти треба повеќе. Димер од 2000W правосмукалка директно можеш да го употребиш на грејачот без дополнително ладење. Да,  ти изгледаат многу 2000W, но тие се трошат на потрошувачот а не на тријакот. Иако низ тријакот течат 10А, во состојба на вклученост напонот на него е многу мал помал од 0,5V па 10А*0,5V = 5W. Тоа го решаваш со нормален ладилник. Инаку тријакот е "најсреќен" кога како потрошувач има грејач. Внесувањето индуктивност во колото на тријакот е веќе некоја друга приказна. Значи димер со 12 Амперски тријак. Ако сакаш да ја "бутнеш" моќноста на грејачот на половина тогаш само во серија со него поврзи 10А диода.
Title: Одг: Помош околу регулација на електрична скара
Post by: LordZi on 17.09.2015, Thursday, 21:12:02
Фала за советите, тоа е тоа што ме интересираше, ќе гледам да ја реализирам регулацијата во најскоро време, па ќе ставам слики и искуства... ;)
Title: Одг: Помош околу регулација на електрична скара
Post by: BorceBT on 17.09.2015, Thursday, 21:21:18
Доколку го менуваш тријакот на постоечки димер имај на ум дека на BTA му треба скоро трипати поголема струја од BT на гејтот за да работи, што кај некои димери не работи воопшто, кај други гори потенциометарот а кај трети работи. Немора да ме прашуваш како знам :)