Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: goran_elektro on 22.03.2015, Sunday, 12:34:00
-
Добар ден на сите. Сакам да ве прашам нешто ми треба регулатор за полнење батерии (батерии од лаптоп 6 батерии по 3,6 волти три со три врзани во паралела значи вкупно 10.8 волти) е сега мене ми треба нешто како реглер на автомобилот што е колку и да дадам на влез (мислам дека во мојот случај нема да надминува 30 волти) да ми дава стабилизиран напон 12 волти за да ги полнам батериите ако има некој некоја таква шема да ми даде ке му бидам многу благодарен :-[
-
Колку А/h се батериите?
-
Е кој ги знае точно 10.8 волти и некаде 5000 до 6000 милиамперчасови
-
Ти треба за секоја ќелија 4.2в константни. Предпоставувам се литиумски, кај ними битен е напонот, но за да бидеш сигурен донеси им напон од 4.0в, да не има инструментот отстапки на пример или поради загревање на уредот.
Било кој напонски регулиран извор до 2А ќе ти брка работа, може и појака струја, нема гајле. Кај литиумсите батерии битен е само напонот да не се помине 4.2в, па дури и 4.3 трајно ќе ја оштети.
-
Да литиумски се кај мене се споени три во серија и уште еден таков пар и потоа три со три во паралела
Споено мислење: 22.03.2015, Sunday, 16:31:31
Ке може ли некој да ми даде таква шема?
-
https://www.google.com/search?q=li-ion+battery+charger&espv=2&biw=1366&bih=643&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ei=JeUOVa-yOubMygOGgYHgCA&ved=0CAcQ_AUoAg
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12949.msg111877#msg111877 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12949.msg111877#msg111877)
За секој пар ти треба о еден ваков, да ги полниш одеднаш, може и една по една, значи имаш 3 паралелно врзани батерии, тие ги ставаш на 4.2в и тие 3 се полнат одеднаш. Исто и следните 3 ... Напојувањата треба да се разделени галвански, ти требаат 3 трансф. може да користиш од тие адаптерите или било кои 5вац 2А, а со 1 трафо ќе треба пар по пар да ги полниш...
Фактички ии напојувањата ќе дојде како да се сериски врзани, како батриите... Може и појаки струи да користиш, зависи од тоа која шема ќе ја избереш, мада овие со лм317 ти се едноставни...
-
Работата кај мене е што влезниот напон варира од 0 па до максимум 30 волти имам 3 пара од по две батерии а и имам само еден извор :-[
Споено мислење: 22.03.2015, Sunday, 18:23:16
Чекајте малку што ја комплицираме толку кога може да биде едноставно треба да има само регулатор на напон кој што на влез може да му се однесе и напон од 30 волти а тој на излез да не даде ништо повеке од 12волти да дава константно 12 волти. Нормално дека ако падне на влез под 12 дека ке падне и на излез
-
Епа поентата е што сите батерии не се исти, и ако им пуштиш 12в топттан на сите, нема да се распредели подеднакво напонот, значи кај еден пар може да имаш 4в кај еедн 2в кај друг 6в... Затоа мора да се одвоени, или нешто што ќе ги надгледува напоните...Значи овие што се напајањава се само за една батерија или неколку во паралела, но мора да има и струјно ограничување како не би повлекле премногу стуја што ќе го прегори прлначот/регулаторот.. Може да земиш и трафо од одние адаптерине на пазар што се по 100 денари, има одвоени напони... таа мислам е со ограничена струја
http://danyk.cz/li-ion_en.html
Исто се полни и во лаптоп кога е односно за секоја ќелија има посебно коло. Трафата не мора да се исти, а од максималната струја ќе ти зависи брзината на полнење... Мах струја ти е определена со Rx тука мислам...
Може и со тоа напојување да ги полниш, ама една по една, што значи многу долго...
-
Не се разбравме добро изгледа имам само еден извор на напон (ветерница) а 6 батерии во паралела на еден регулатор ке ги полни ли?
-
Ти сакаш значи ветерницата да ја користиш како извор, а батериите кога нема ветар?
-
Зошто од почеток не кажеш што ти е конкретно намерата? Ова се што пиша Бицикле отпаѓа ,освен она за напонот на секоја ќелија.Меѓутоа,врзувањето на генератор за надополнување на литиумски батерии бара многу поголема анализа и конкретно треба да се интервенира на лице место ,како кажа Бицикле бидејќи од келија до келија има разлика! Сум видел на лице место како поради недоволна заштита експлодираат батерии и акумулатори врзани за вакви генератори.Тоа не е толку едноставен исправувач со регулатор и ограничувач.Мора да има автоматика за низок/висок напон и регулација на напон и струја. Тоа мора да се прорачуна точно спрема елементите,а ти не знаеш ни колку Аh имаат ,односно дали сите се еднакви или се собрани од повеќе уреди.За ветерниците постојат посебни акумулатори,а литиум јонски батерии и нивното врзување е мал ризик.
-
Сите се исти сите 6 се извадени од една батерија за лаптоп и сега како може најлесно да го решам проблемот ?
-
Многу внимателно со овој тип на батерии бидејќи ако се преполнат ќе пукнат и сигурно ќе се запалат. Ова значи дека никако неможеш да ги полнеш поврзани сериски без систем за мониторинг на напоните на секоја келија. Наједноставно е кога се сите паралелно поврзани и ги полниш со максимален напон од 4.2 волти и тоа е тоа.
-
Мислам дека државата дава субвенции за ветерници и опрема
-
Или да земиш СТАЦИОНАРЕН акумулатор.... А за што ќе ги користиш...?
-
Абре тоа е пример сега само ,значи и 6-те батерии ке ги полнам паралелно сите 6 во паралела и со еден регулатор за полнење на литиумски батерии ама ми треба некој што на влез ке му однесам напон што ке варира од 5 па до накои 20 волти, кога ке падне под 5 нормално ке престане да ги полни батериите и така нешто едноставно мене ми е само за проба и демонстрација како ке оди целиот систем не и да го користам.
-
Да ја искористам темева...Имам заостанато батерии од претходните лаптопи,двата беа ХП,батерии кои сакам да ги искористам како напојување и бекап на аларм за на викендица па ако сакате да препорачате некоја шема за полнење која сте ја работеле.Вака изгледаат,јас правев некои комбинации ама ништо не ми фати умот
(http://www.4shared.com/download/fmyeI5_gce/IMG_0001__3_.JPG?lgfp=3000)
-
Otpor, таа шемата со лм како што кажав... секоја ќелија че се полни , алармот ќе црпи постојано струја од батериите, но, полначот треба да ги покрива тие струи, така да ќе му дојде да влече од полначот алармот, не д материи, како кај аутото слулно, само што овде ќе имаш 3 сепарирани полначи од по 4.2в... Врзани во серија...
Со ветерницата... па малце е голем распонотот од 0-30в... али може да се направи некој регуалтор, степ даун 30 во7-8в од него да ги полниш преку рег. Има инвертери, конвертери кои на излез даваат доста стабилен напон при различни влезови...
-
планирам да го направам овој со лм317 но за да добијам поголема струја на полнење ке треба да ставам два во паралела така ?? ке треба ли нешто за да поврзам два лм317 во паралела или само да ги спојам ин со ин ,оут со оут и адј со адј ??
-
Може и повеќе од 2, а имаше некои комбинации со 3-4 2N3055...
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=7110.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=7110.0)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8364.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8364.0)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4949.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4949.0)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4128.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4128.0)
Итн итн....