Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: mihajlo on 15.01.2015, Thursday, 22:16:03

Title: Многу добра модификација на ATX напојување
Post by: mihajlo on 15.01.2015, Thursday, 22:16:03
Обично ATX излезите имаат осигурачи на терет така да ако во било кој случај е оптеретен или креткоспоен излезот напојувањето се гаси ама баткава на видеово многу добро објаснува како можи да се искористи целосната моќ на напојувањево без никаков проблем а и изгледа многу по професионално. јас сум решен да го правам за вас незнам.

Converting Computer ATX Power Supply to Lab Bench Power Supply (http://www.youtube.com/watch?v=z2oSFpKh_Uw#ws)
Title: Одг: многу добра модификација на ATX
Post by: batka on 15.01.2015, Thursday, 23:55:50
Oваа модификација не е ништо посебно,едино што е секој напон посебно донесен на буксна.На Форумов имавме презентирано преправки ( не модификации !) на АТХ напојувања со интервенции на самата печатена плоча ,па со таа интервенција можеш да направиш и исправувач со континуирана регулација до некои 30V.Прегледај ги постарите теми во напојувања.
Title: Одг: Многу добра модификација на ATX напојување
Post by: mihajlo on 16.01.2015, Friday, 10:05:15
форумов го читам и знам дека ова е аматерски спрема другите теми овде но сепак за лесен и брз проект е добра идеа.
Title: Одг: Многу добра модификација на ATX напојување
Post by: LordZi on 16.01.2015, Friday, 10:19:31
Иако не е некоја којзнае каква модификација, сепак е корисно да се има едно вакво, јас барем, не знам за другите, релативно често користам компјутерси напојувања за разни работи и секогаш бутам жици во молексот или импровизирам нешто со крокодилки, вака со буксни е попрактично... ;)
Title: Одг: Многу добра модификација на ATX напојување
Post by: GigaWatt on 16.01.2015, Friday, 16:42:06
Проблемот е што откако ќе го направиш ова, ќе сватиш дека немаш ниедно друго исправно ATX напојување за тестирање на PC-иња со проблематични напојувања ;D.

Лесен совет за да не мора да додавате буксни или да правите цели преправки. Земете едно кабле male-female Molex конектор од кулерче (или извадете женски Molex од некој CD-ROM, HDD, било што), преправете го со крокодилки, продолжете ги каблите по потреба, а за да случајно не се преспојат крокодилките една со друга (да не настане спој), монтирајте ги со шрафчиња на некое парче дрво ;). Како ќе ги монтирате... ваш избор ;). Важно е да не може да се допрат ;). По потреба ќе си го врзувате женскиот Molex за било кое исправно напојување и тоа е тоа ;). Освен тоа, транспортно е, може било каде да го користите ;).

Бидејќи овие конектори (4 пинските) можно е некогаш да зезаат и да губат контакт, уште подобро е ако го искористите 20 пинскиот Molex ;). Така не мора да му правите ни "jump start" на напојувањето со спајалица или нешто слично ;D, а згора на тоа, ќе имате и 3.3V ;). Извадете од некоја стара матична плоча 20 пински Molex конектор, ќе ги преспоите адекватните пинови на конекторот за да го пуштите напојувањето, ќе видите кои пинови се за 12V, 5V, 3.3V и ќе си ги „групирате“ со калај тие пинови , случајно ако нема добар контакт некој од нив, другите да компензираат ;). Може и отпорник за товар да си ставите бидејќи некои напојувања не се пуштаат ако немаат товар ;). Целата конструкција потоа залијте ја со онаа „течнана пластика“ (не знам како се вика ;D, јас така ја викам ;D) и си имате готов адаптер, спремен за било кое ATX напојување ;).
Title: Одг: Многу добра модификација на ATX напојување
Post by: batka on 16.01.2015, Friday, 20:41:08
форумов го читам и знам дека ова е аматерски спрема другите теми овде но сепак за лесен и брз проект е добра идеа.

Ми беше зборот - ако веќе *расипуваме* АТХ напојување,тогаш или да го изработиме како континуиран исправувач за напони и малку поголема јачина на струјата,а ако веќе ги користиме стандардните напони и јас би го прифатил советот на Гига Ват и дури би направил посебна кутија ,каде би се *штекал* АТХ-от ,а од него би ги вадел стандардните напони (најчесто 5 и 12 V). Не гледам и јас потреба да врзувам АТХ за да добијам два напони.Сепак ,може да се најде и за РС. 8)