Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: Devil on 23.04.2014, Wednesday, 22:02:34
-
Напојувањето е изработено и супер си функционира, за жал немам слика од готовиот уред
Се користи сетерео потенциометар за двата напони да се менуваат исто, да не мора со два потенциометри да се подесува секој напон посебно.
Исто на плоча не е предвиден и грецов спој, тој ќе треба да си го поставите негде на друго место, дали тоа ќе биде на друга плоча или пак ќе си набавите за монтирање на шасија, тоа останува на вас.
Деловите за напојувањево (без трансформатор) коштаат околу 150-200 денари максимално.
Во атачмент ја има и шемата и плочата за истото напојување со тоа што потенциометарот мислам дека нема да одговара на плоча, не сум сигурен наменет беше за со жици и да се намонтира на преден панел од кутија или слично.
-
Ова напојување треба да се користи со овај засилувач
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12196.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12196.0)
па поради таа намена, плочата е редизајнирана и спремна за испраќање во некоја фабрика во кина каде што ќе биде изработена плочата, двослојна со ground plane на двата слоја
Шемата е иста со таа што е прикачена во првото мислење.
-
Малку доцнам јас, ама еве ги плочите од напојувањето, со тоа што на плочава има уште неколку елементи за напојување за една додатна електроника, која нема врска со ова напојување, така е изведено да може да се изостават тие компоненти и да си работи се како што треба
(http://i.imgur.com/PBx96iD.jpg)
(http://i.imgur.com/sTK6OHS.jpg)