Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: MARK123 on 19.12.2013, Thursday, 17:35:43
-
Го направив овој полнач и добро ме служи подолго време.
Ме интересираше која е функцијата на лед диодата D4 со транзисторот Q2 бидејќи во пдф-от не е спомнато ништо околу неа,и не свети.
Поздрав
-
може покажува дали е осигурачот изгорен или ако се поврзе акумулаторот со обратен поларитет
edit:
уствари...ако го поврзеш акумулаторот обратно ке ти изгори осигурачот и ке се запали лед диодата :D
-
Пишува во pdf-то
Indikator pregaranja osiguraca napravljeno je sa Q2, R7, R8, R9 i LED.
-
уф не сум го приметил ,до јазикот ќе да е :)
Благодарам
-
Лед диодата светнува кога е осигурачот прегорен
-
Полначов што го имам спомнато предходно си работи убаво меѓутоа транзисторот 2n3055 многу грее(оптеретен со 21w/12v сијалица),во пдф фајлот од шемата има прикажано како да се упарат два транзистори(2n3055) за да се смали дисипацијата.Меѓутоа едниот транзистор грее ненормално многу а другиот едвај млак.
Во што би можел да биде проблемот?
Дали би можело да се разликуваат по некои карактеристики бидејќи знам дека неможе да се произведат скрос исти.
Поздрав
-
Јас имам ставено во драјвер за сплит трафо 4 такви транзистори на ладилници со по еден сериски отпорник ставен на емитерот од 0,33 оми 5W. незнам што е кај тебе проблемот, колкави им се вредностите на отпорниците што си им ги ставил?
-
отпорниците се 0,1 оми=5 вати
-
Овие се поставени на колекторите? А на базите?
-
поставени се на емитерите
-
Можеби едниот транзистор добро *лежи* на ладилникот,а оној што загрева не лежи.Провери дали се двата добро наместени на ладилникот.Стави лискунска или тефлонска изолација и термо паста под нив.Отпорниците на емитерите проеври дали се иста вредност,а ако можеш зголеми ги на 0.22 оми/5W.
-
Ми беа поврзани без ладилник независно еден со друг се случуваше истото едниот грее, им ги заменив местата сега грее другиот ,лискун и паста на ладилнк немам ставено + под стариот лaдилник ставив дупло парче алуминиум стегнати добро Транзисториве се доста стари од времето на HSR појачала така да ококлу квалитет нема сомнеж. Предходно беше еден транзисто па не загреваше толку останува да ги заменам отпорниците да ставам од 0,22ohm.
-
Мери појачување на транзисторите: ако еден има појачување 1,а другиот 100.бадијата се.Гледај отприлика двата приближно да се тука некаде.И двата на еден поголем ладилник стави ги.
-
Можно е значително да им се разликуваат параметрите. Пробај додади и базен отпорник и види дали со него ќе се изедначи греењето.
-
А да му ставиш еден мј11033 наместо 2 2n3055?
-
Може и 13007/9 да ставиш од АТХ напојувањава.Само ладилникот да е солиден.Не оди на 10х10 см да ставиш два транзистора. 8)
-
Благодарам на сите остана по старо како што е дадено на шемата со 0,1оhm=5w Проблем беа параметрите на засилување како што рече batka еден со еден не беа исти едвај најдов приближно слични,сега е ок.
-
Кај мене нон стоп свети диодата, додуша не баш сјајно...
-
Моја препорака, 2n3771, најголема примена имаат за моќни исправувачи