Всушност сакав да ги ставам батериите во Fluke осцилоскопот што го купив (бидејќи оригиналните Ni-Cd баетрии му беа „отидени“). Еве како изгледаа оригиналните батерии, си имаат посебен пин за полнење на батериите кој е под самите батерии (и е врзан за плусот од сериски врзаните батерии). А инаку во самиот осцилоскоп може да се користат и обични алкални батерии, само што бидејќи го немаат тој дополнителен пин, нема да може да се полнат (што е правилно направено). Инаку во самиот user manual пишува дека треба да се користи тој нивниот Ni-Cd battery pack (имаше и некое кодно име, не ми текнува сега кое) или 4 обични алкални батерии од 1.5V, што значи се на се се напојува со напон од 6V. Е сега Ni-Cd батериите (па и Li-Ion-ските, барем јас колку што знам) имаат напон од 1.2V, што значи дека вкупниот сериски напон е 4.8V, од каде следува дека може без проблеми да се полни и со Li-Ion-ски батерии, ама не знам дали можам да начекам Li-Ion-ски батерии со овие големини (слики има подолу).
Исто така доколку ја поврзете литиум-јон келијата во коло без BMS (Battery Management System) најверојатно ќе се подуе при полнењето и при празнење ќе се доиспразни под долната граница и никогаш повеќе нема да може да се наполни пак
Јас барем колку што имам забележано, нема некој кој знае каков Battery Management System, само јавува дали е празна батеријата со трепкање, а искрено не знам дали се полни цело време додека е вклучен адапетрот на напојувањето (што мислам дека е поверојатна опција, сепак претходно имале користено Ni-Cd батерии кои колку и да ги полниш, на крајот само им го скратуваш векот на траење, ништо повеќе од тоа) или си има некаков систем кој ги полни батериите до некоја определена врендост, па после го исклучува полнењето и работи чисто на Adapter Power.
Од ова што го пиша Борче, изгледа попаметна опција ми е да си купам Ni-Cd батерии, иако се поинфериорни во однос на Li-Ion-ските :S.