јас мислам да ги поставиш кулерите како што има нацртано masterficx зашто така ке знаеш дека воздухот сигурно поминува низ ребрата од ладилникот, додека тоа гига што го има дадено како предлог не ми држи вода дека воздухот не би се движел така како што има нацртано (сепак, воздух е, не е нешто што можеш да му кажеш како да се движи) освен ако немаш направено некаков вид на канали за да го усмериш воздухот (да ставаш прегради и такви работи).
Па може и една преграда да се стави, еве вака
.
Вака, најголемиот дел од воздухот, сигурно ќе циркулира во назначената насока
. Освен тоа, преградата ќе служи и како оклоп од електромагнетни пречки (брум) создадени од трансформаторот
. Ќе се направат дупки на адекватните места на преграта (онаму каде треба да премнинуваат кабли) и со тоа ќе се реши и проблемот со каблирањето низ преградата
. Е сега, да, мал дел од воздухот кој циркулира, ќе се провира низ процепите (нема сигурно да биде херметички зацврстена преградата за кутијата
), ама тоа нема да биде најголемиот дел од воздухот
.
и гига тоа што имаш пишано Најголемиот дел од воздухот што едниот кулер ќе го внесе, нема веднаш да биде исшмукан од другиот, под услов да се прилично оддалечени еден од друг
не си баш во право, во хидраулика има еден закон за континуитет (што би важел и тука) и нај просто кажано е „се што ке влезе треба да излезе“ така да и само еден кулер да стави што ке дува навнатре ке биде доволно за да се обезбеди (скоро) исто струење на воздух.
Да, во право си, и тука би важел овој закон, се разбира дека е така
. Но дефинитивно полесно ќе циркулира ако нешто „го влече“ воздухот што влегол, отколку ако само се постави еден кулер на едно место и нема други дупки на кутијата
. Како што пиша, можеби и ќе се постигне исто струење на воздухот, но само ако има додатни дупки на кутијата. И, се разбира, во тој случај, струењето нема да биде насочено, воздухот ќе влегува од една страна и ќе излегува од сите страни. Можно е тоа струење да биде доволно, но што ако не е
. Тогаш ќе мора да се направи систем за насочено струење на воздухот, а мислам дека овој кој го имам предложено е прилично добар, со оглед на тоа дека кулерите се поставени на задната страна, а не на бочните страни од кутијата или на предната страна, што може да биде малку проблематично ако се земе во предвид дека можно е овој засилувач да биде монтиран во rack, а тогаш, кулерите монтирани на бочните страни нема да може да црпат воздух, освен ако не е rack-от странично отворен, што е редок случај.