Абе Бицикле - *Еднонасочна струја(т.н. жива т.е дц струја)* - многу ги мешаш појмовите - ОМОВИОТ закон да си го повториш!!
Не се работи за струја,ами напон и батали * жива* -*мртва * струја,како да сме вуду-секција!
Пониските фреквенции кои доаѓаат на звучникот се средуваат со свртница.Проблемот е ако се јават фреквенции на кои звучникот резонира - тогаш е лошо!Се тресе неконтролирано и мембраната *лета* и лесно се кине!
*При наизменична струја во калем се ствара реактивен отпор,исто и магнетното поле влијае на протокот на струјата* - тоа важи можеби за асинхрони мотори,ама за звучници - не!
Звучникот има свој отпор ,јачината на струјата е константна ,според дебелина на жицата,значи проблем е напонот!!! Звучникот работи на наизменичен напон!Еднонасочниот напон ,макар и бил со помала волтажа, го прилепува на една страна калемот низ кој тече максимална струја ,се јавува греење ( игра калемот улога на греач!) и намотката страда,дури и се запалува мембрана,спајдер и калота и излегува бел дим од него!