Author Topic: Засилувач 500W со 2SA1943 и 2SC5200  (Read 1951 times)

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Засилувач 500W со 2SA1943 и 2SC5200
« Opened on 24.04.2016, Sunday, 00:01:29 (Edited 24.04.2016, Sunday, 17:06:41) »
Бидејќе претходно во една тема спомнав дека го имам правено овој засилувач одлучив во оваа тема да го документирам тоа. Засилувачот подоле го завршив денес за еден муштерија. Проработе од прва, без никакво проблем, транзисторите што се користени се кинески не се оргинални. Плочката за засилувачов е малку поголема, па затоа ке треба малку поголема кутија за да се направи стерео верзија. Бидејќи едниот канал го направив а заборавив да ја сликам како испаднала, па реков на втората плочка ќе сликам ама и таму заборавив па откако залемив некој дел ми текна и ја сликнав, слика во прилог:



Подесување на засилувачов нема многу, треба само на краевите на насочувачките диоди да се добие 0.7V, на излезот нула волти при неприклучен потрошувач. Трансформаторот треба да биде со напон од минимум 30 волти до максимум 55 волти. Кутијата што ја имам искористено е од појачало некое, од претходното појачало ги искористив трафото, ладилникот, кондензаторите и насочувачките диоди за исправување на напонот. Имам искористено два кондензатори од по 33.000uF/73V. Појачалово дава чист звук и лесно е за правење. Еве неколку слики од конструкцијата:





Калемот не игра некоја улоага, јас намотав рандом број намотки дебелина на жица 1мм, двата калеми имаат различна вредност



Бидејќи вака не ми одговараа транзисторите на ладилникот, ги превртев обратно, за поубаво да може да се вклопат на ладилникот







Деловите што беа останати од старото појачало, напојувачкиот дел



Целосо склопено





Подетално објаснување и повеќе податоци има на следниот линк

Code: [Select]
http://construyasuvideorockola.com/proyect_amp_stereo_1000w_1.php
Доле е прикачен pdf од плочката, шемата и списокот на делови

Offline darkoveleski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 63
  • Gender: Male
Одг: Засилувач 500W со 2SA1943 и 2SC5200
« Reply #1 on 24.04.2016, Sunday, 00:21:31 (Edited 24.04.2016, Sunday, 00:42:24) »
е ова е то шо се бара ,браво друже за изработката.

Споено мислење: 24.04.2016, Sunday, 00:42:24
трафото колку напон дава  и колку вати е?

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Секоја чест
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
е ова е то шо се бара ,браво друже за изработката.

Споено мислење: 24.04.2016, Sunday, 00:42:24
трафото колку напон дава  и колку вати е?

1kv е трафото дава 2x50v,  може да се користи и 2х55v :D