Дигитална електроника > Микроконтролери

CH341A Programmer

<< < (2/18) > >>

GigaWatt:
Тие од PCI слотови добро стегаат околу чипот на плочата?

LordZi:
Да, со помош на ластиче... ;)

krema:
Конечно после 6 недели од нарачката. :)

GigaWatt:
На здравје, со среќа да си го користиш ;).

Jumper-от е за бирање на мод/емулација, Serial (RS-232) или Printer (LPT). Стави го во LPT позиција. Не знам зошто, никако не успеав да го проработам кога е подесен како COM порт да работи.

krema:
Фала Гига,

Моментално џамперот е на 1-2, треба да го ставам на 2-3?

Инаку баш сега пробав да исчитам еден биос, ама не го препознава чипот AMIC A25L080.
Чипот е ставен во слотот за 25-ки со знакот према рачката за затегање, мислам дека така треба и да биде.

edit:
Гига,
Пробав со џампер 2-3 + инсталирав драјвер, вака воопшто не сака да се конектира со програмерот, а со џампер 1-2 се врзува како што треба ама не препознава чип.
Пробав со една друга верзија на софтвер (постара 1,13) и тргна работава, го препозна чипот и го исчитав како што треба.
Е сега каде е штосот не знам, инаку првично пробував со верзијата ти што ми ја даде. :)

edit:2
Сум се прелажал самиот себе, и со постарата верзија ништо, го чита чипот ама само на празно, кога ќе направам detect ми дава све unknown.
Пробано и со верзија v1.29, иста ситуација како и v1.13.
хмм

edit:3
Ај да бидам појасен, во првиот едит кажав дека го препозна чипот, но тоа беше погрешна моја констатација додека не го разгледав софтверот.
Пробав и друг чип од друга матична (mx25l1605dpi-12g), но и кај него истата ситуација.
Други идеи немам :)

Ова го добивам со твојата верзија кога ќе направам детектирање.



А во друга верзија на софтверот при детектирање ми дава од левата страна непознати карактеристики, практично пак не го детектира чипот.



Драјверите си ги покажува како уредно инсталирани, во спротивно нема да стои долу лево во програмот дека е конектирано.
Со џампер на 2-3 LPT не можам да остварам никако конекција.
Пробано на две различни конфигурации, едната со Win7, другата Win10. Истите работи се случуваат и кај двете конфигурации.
Заглавив поштено :D

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version