Во време кога се правени овие појачувачи не ја знаеле А класата , Гледам ( ми се чини ли!???) има и хал/реверб спирала хоризонтално десно поставена.
А јас па чуди се што е тоа
.
Имам една кутија со 12ка вуфер 360W на 4 оми, може да се проба ако е ок импендансата. Како да измерам вкупна импенданса на трите звучници паралелно? Или само да мерам отпорност на големиот и на трите мали па да споредам?
Би ти препорачал посебен засилувач да направиш за тој звучник. Ова е преслаб засилувач за таков звучник. Ако е навистина 360W, доволен ќе ти биде 200W-ен засилувач за него... иако не верувам дека во 12-ка ќе успеат да „напукаат“ 360W, така да, претпазливо би одел со таа декларација. Ако имаш некој пријател кој има моќен засилувач, кажи му ако може да ти го позајми, дај му 50Hz тест тон од PC, види како ќе се движи мембраната и паралелно мери напон и струја низ звучникот. Кога ќе осетиш дека звучникот веќе „се гуши“ (не може повеќе од тоа да даде), тоа е реалната моќност на звучникот. Моја претпоставка е дека нема да излезе повеќе од 200W... а и оваа проценка е прилично оптимистичка.
Уште подобро, ако имаш пријател кој има вариак, тоа е уште подобар тест
. Врзи го вариакот за звучникот, истиот директно ти исчитува напон и струја, само треба да измножиш на крај
. Само полека, не со брзи одови, полека зголемувај... да не излезе од готово вересија
.
Да сумирам, не би го врзувал тој звучник за овој столб (извини, ама на тоа ми личи
), но ако веќе инсистираш, измери отпорност на сите три звучници, така како што се врзани (паралелно) и види дали е под 4Ohm-и. Ако е, слободно пробај
. Ако ти чини, стави еден XLR од страна или на задниот дел од кутијата, еден ON/OFF прекинувач за звучниците во кутијата и терај така
. Само пази прекинувачот секогаш да биде во OFF позиција кога е приклучен големиот звучник и да не го пушташ засилувачот во работа додека не го приклучиш големиот бас звучник (мислам кога прекинувачот е во OFF позиција, не работат внатрешните звучнници на Ace Tone VM-30).
Искрено премногу е лабава пружинага за мој вкус и звучи како да свирам во сала за мал фудбал, повеќе на краток delay одколку на reverb, ама не треба да се жалам...
Разгледај, треба да има подесување за стегнатоста на федерите... имам видено две вакви до сега, и двете имаа подесување за стегнатоста на федерите.
Уште се мачам да откријам што прават M/S прекинувачите...
Моно/Стерео
.
Се шегувам
. Најверјатно нешто во врска со бојата на тонот... Mild/Strong
. Пробај смени го од една позиција во друга, ама додека доаѓа сигнал на влезот, сигурно ќе осетиш некоја разлика
.
Не можам да го отворам по втор пат долниот дел нешто ми заглави шрафот, ќе пробам ќе го избушам деновиве за да го извадам, или со бонсек да исечам слот за прав шрафцигер оти пробуваќи да го одвртам го изабив.
Е за вакви ситуации, само грвирка му е мајката
. Пак ќе пишам, топло им препорачувам на сите да си земат една
.
А околу изведбата, се гледа дека е квалитетна, тука нема збор
. Направен е да тера уште 100 години
. А и многу е старо, се гледа, транзисторите... веќе не се ни произведуваат транзистори во тие куќишта
. Ама ако, чувај си го раритет е
. И не одзема премногу престор, во вертикала одзема, така да, нема премногу да пречи низ дома, дури и ако не го користиш
. А и секогаш може да се искористи како столче за шанк
.