Ако прв пат правиш, искрено подобро е да отвориш некој стар звучник што не ти треба и да видиш од таму барем како се врзуваат компонентите
.
Изработи ја скретницата според електричната шема ти ја дадов во претходниот пост. Кондензаторот C2 и калемот L1 можеш да ги изоставиш (да не ги монтираш воопшто), тие се всушност филтерот за бас-среднотонецот, но бидејќи тој сам по себе изиграва филтер, не мора да се монтираат.
Кога ќе го моташ калемот за високотонецот можеш да ставиш и феритно (фермомагнетно) јадро, но пожелно е да не ставаш, може да се избличи сигналот, но и ќе имаш повеќе за мотање во тој случај. Пожелно е да калемот биде намотан со поделбела жица (на пример, 0.5mm или нешто потенка или подебела).
Најчесто не се изработува пешатена плочка за волку едноставни скретници, само за покомплицираните важи тоа. Кога ќе ја склопиш, би требало да изгледа нешто како на сликава подолу.
Ова е веќе покомплицирана скретница, но принципот на монтажа на деловите е тој. Се сае монтира на една подлога и се лепи за неа.
Ако сакаш уште поедноставна изведба, еве шема и за неа.
Граничанат фреквенција е некаде околу 4.5KHz, што значи дека би требало да биде поадекватна за конкретните звучници што ги имаш на располагање.
Не зааборавај да ги ставиш сијаличките што ги спомна Baze во серија со позитивниот извод од високотонецот. Мислам дека најчесто се ставаат после кондензаторот C1, ама не ме земај за збор
.
Ако имаш уште некое прашање, пиши, ако знам ќе ти договорам
.