Author Topic: ТВ сендер со евтини делови  (Read 602 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
ТВ сендер со евтини делови
« Opened on 11.04.2011, Monday, 08:27:28 »
Ја добив шемава и треба да направам плочка за овој едноставен ТВ предавател.Сите транзистори се идентични,осцилаторот е посебно оклопен,а најдобро од се е решението со модулаторот за звук,кој всушност е *мал предавател во предавателот*.Ако го одвоите само овој дел лесно ке препознаете ФМ предавател,но дечкото горрешил проблемот многу едноставно. Се надевам ке го направам и ке поставам и ПЦБ .Дометот изнесувал 100-200 м соТВ антена, а 20-30м со парче бакарна жица.

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
тие калемите се купуваат(дали ги има во продавници за елек. компоненти) или може да се направат?
и дали наместо бакар може да се заштити осцилаторното коло со алуминиум?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Готови калеми мислам кај нас не се продаваат.Имаш и на Форумот и на Гоогле-то повеке пресметки и формули за калемите.Преградите на плочката најдобро е да се прават од бакарен лим ,кој може лесно да се леми на масата на уредот.Втора варијанта би бил лимот од конзерва,кој лесно се сече,витка и се леми на маса.Третата варијанта би бил алуминиум,ама проблем е што не се леми,туку мора механички да се прицврстува ,со штраф и мутер.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
а батка да пробаш со алуминиумски салотејп??? ако се тоа не ти успее мислам дека со алуминиумски салотејп би се завршило работа...језда тоа идејата за со лименката ти е добра работа, така да неверувам дека тоа не би успеало...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ме радува кога ке вида шема за ТВ предавател на VHF1, тие фрекфенции ми се допаѓаат бидејки тамо има голема дифракција а со тоа подобро покривање.
Порано читав дека во бугарија имале некој ТВ предавател 50kW лампашки на нивни 5ти канал  (CCIR или OIRT спротивно од нашиот) и имал толку голем домет што се фаќал го голем дел од државата, замислете еден предавател да се фаќа во голем дел од Бугарија. Бидејки работел на ниските фрекфенции звукот од ТВ програмот се слушал на ФМ, некаде на 93МХз а сликата околу 88МХз (не ме земајте за збор) па бидејки фаќал слоро пола ФМ скала морале да го исклучат и заменат со нов транзисторски 40kW UHF предавател. Сигналот од новиот предавател не се фаќа на голема далечина иако е 40kW а стариот предавател секогаш работел со многу помала снага од 50kW бидејки никогаш не му биле сите лампи исправни :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
а батка да пробаш со алуминиумски салотејп??? ако се тоа не ти успее мислам дека со алуминиумски салотејп би се завршило работа...језда тоа идејата за со лименката ти е добра работа, така да неверувам дека тоа не би успеало...

Не сум работел,ама селотејп е селотејп,сепак треба (пожелно е!) преградата да е лемена на маса,да биде механички цврста .Ова со конзервата е сепак најефтината варијанта.