Интерференција или Електромагнетна интерференција, или како што почесто се среќава EMI, генерираат сите свичинг напојувања (и многу други уреди). Се јавуваат два типа на EMI, емитувана и проводна EMI. Тоа е едниот извор, батка, кој зрачи, а другиот извор е уредот кој се напојува од овој свичинг регулатор, а во овој случај тоа е предавателот, кој пак исто така зрачи бидејќи тоа е и неговата намена. Емитуваната EMI веројатно нема да претставува некој проблем, бидејќи, напојувањето на лаптопот не е веднаш до УСБ-то кај што е приклучен предавателот, но и сигурно кутијата во која е сместно напојувањето е оклопено, бидејќи тоа е регулирано со норми (во Европа EN55022 итн). Е поголем проблем може да се појави со проводната EMI, која се пренесува физичките врски. Поради начинот на работа на свичинг напојувањата се јавува ripple во напонот, кој ќе се пренесе до сите уреди.
Затоа не се препорачува користење на свичинг напојувања за уреди чуствителни на шум или доколку се користи, потребно е големо филтирање. Како филти може да се користат PI филтер чија резонантна фреквенција ќе биде иста како фреквенцијата на која работи свичер напојувањето, потоа common-mode пригушувачи и на крај (и најчесто што се користи) после свичерот да се додаде линеарен регулатор (LDO). Има специјални линеарни регулатори за оваа намена.