Да напоменам дека сум против било какво мамење на испити и слични фазони,ама не можам да гледам и читам ,а да не ги предупредам можните потенцијални препишувачи на каков ризик се излагаат.Иако некој ке ми замери дека му расипувам бизнис,сепак да се знае дека е ова Форум и секој има право на свој избор,со оглед дека цените се многу *солени* на готовите бубици.
Во основа тоа е еден мал НФ појачувач ( со LM386,или TDA2822,7052.....од компјутерски звучници само еден канал!)кои се користат за појачување со сигнал од мобилен најчесто или некој приемник на кој се слушаат одговорите на прашањата.Овде новост е што на излез на појачувачот место звучник или слушалка,преку еден отпорник од 0,3-1 ом 1/4 W се поврзува една намотка од десетина намотки о,2 мм лакирана жица која всушност правиеден вид на предавателна антена и преку неа ,преку индукција сигналот се пренесува до неодиумското магнетче кое ви е ставено во ушната школка и ги прима електромагнетските бранови од намотката.Намотката е ставена околу гушата ,а на појачалцето му се врзани две паралелно споени батерии од 9V како напојување подолго да траат.Ништо посебно,освен што со магнетчето може да се пробие мембраната на увото и да останете глуви.Подобра варијанта е да земете само слушалка со ергономска гума која се вметнува во увото,или да си направите од заботехничка пластика анатомски обликуван чеп со слушалка од 32 оми внатре! Добро поле за експериментирање.Шемите се во .рар формат.