Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: daniel spasovski on 17.10.2013, Thursday, 08:31:23
-
http://www.pigibastleni.jex.cz/menu/schemata/vf-technika/fm-vysilac-rizeny-krystalem
Ја најдов шемава на нет колеги , и ми фати око највеќе поради тоа што имаше кристален осцилатор ;D Значи дека е стабилна , па сакам сега да ја пробам , малце делови има , само еден БФ199 тој е 5-10 денари .. а и не е играчка .. РФ транзистор е .. иначе ефтина е , имам и таков кристален осцилатор само мојот не е 25 туку е 26.601712MhZ но таму пишува дека со било кој кристал до 40МhZ може да работи .. :) Наместо тој тримерот од 2-10pF , може да се стави 6-40pF ? Mислење за шемата ? би проработела во пракса ? бидејќи непишува дeка некој ја изработил .. Ke ми значи вашето мислење :)
-
Шемава ја знам од по одамна, еве ја и подетално со PCB, монтажна и слика од направен предавател. Дури предавателов носи наслов PLL, што значи сакаат да кажат дека е стабилен како да има PLL.
http://electronics-diy.com/micro-pll-fm-transmitter.php
Мислам дека и Батка ја има постирано пред некоја година :) За тримерот не е никаков проблем.
-
Даниел зошто прво не ја направиш,па да дискутираме? Ако е проблем транзистор да не изгориш од 5 ден.... ;D ;D Ајде направи ја па да видиме.Множи ја фреквенцијата на керисталот со 3 ( 3 овертон) и барај ја таму фреквенцијата.Оди по шема и упатство и немај гајле,ке те чујам и во Велес :D ;)
-
26.601712МХз кристалот го има извадено од нинтендо :)
-
Хахаха така нешто мислам дека беше .. Одамна беше кога ги вадев тие делови .. :D
Едит: Dx-er , го гледам распоредот на делови , различно се распоредени деловите а и тример кондензаторот е различен .. Така да не се работи за истата шема , мислам дека е истиот принцип на работа но шемата е малку различна .. :)
-
Доста интересна шема ;D.Само онаа варикап диодата дали ја има по продавнициве за електроника низ Скопјево ;D.
-
И ја мислев околу тоа , но сигурно може да се стави некоја соодветна замена или можеби не ? :-\
-
Е и јас се прашувам дали може да се стави некоја замена пошто прашував по продавнициве за електроника нигде ја нема таа диода
-
диодата може да ја извадите од некој приемник или од тјунер од телевизор, доколку не успеете нигде да ја најдите на друго место
-
Диодата може да се направи од секој НПН транзистор,спрема ова шема
-
Аха океј тогаш ај баш па и ќе видам по тјунери дали ја има од некои стари тв апарати и на колкава фрекфенција отприлика би работел предавателов бидејќи фрекфенцијата од кристалниот осцилатор се множи :)
-
Aко кристалот ти е 30МХз, предавателот ке работи на 90МХз
-
Аха благодарам Dx-er а сепак кристален осцилатор 27 мегахерци извадив од телевизор и сега само уште диодава и да пробаме што предавател е овој искрено со кристален осцилатор предавател до сега немам направено овој ќе биде прв викаат дека биле стабилни па да видиме викаат уште и кој пробал знае :)
-
Имам слушнато дека тој предавател е стабилен исто како со PLL бидејки стабилноста зависи од кристалот, а фрекфенцијата на кристалот не шета така да и предавателот нема да мрда ;)
-
Да да во право сте Dx-er така е уште само да се најдеше и диодава лесно и се супер ќе беше нема везе а микрофонот кондензаторски треба да е така или не поправете ме ако сум во грешка дали ќе биде ова стабилно како плл прашање е тоа али нема везе ;D
-
Очигледно си пропуштил некој пост,види како да си направиш капацитативна диода од обичен НПН транзистор.Може електретски,кондензатроски мик со предотпор кон + полот,или без тој отпорник било кој нискоомски микрофон динамичен,само со помала осетливост ке биде ;D
Споено мислење: 21.10.2013, Monday, 01:36:02
Еве една поедноставна шема со кварц кристал од 24 Мхз.Внимавајте кога ја правите плочката сите калеми меѓусебно да се под прав агол.
-
Таа диода или слична има во лОГИНг проверено, ама цената е.... (читај ги оние големите букви во постов)
-
Е ви благодарам многу за одговорите а да проверено диодата ја има во логинг
-
Како е можно да го модифицирам мојот предавател , т.е. со промена на бројот на намотките , или дебелината на жицата за да можам да зрачам на поголема или помала фреквенција од ФМ бендот ? значи да можам мојот аудио сигнал да го слушам на телевизор ? Или со новиве дигитални приемници тоа не е можно ? Како и да е , ке пробам и без него .. чисто онака , сакам да слушнам како изгледа тоа :D
-
Фреквенцијата зависи од бројот на намотките односно од Lc колото ако е осцилаторот со калем и кондензатор,ако е со кристал фрек. зависи од множителот каде ке зрачи.
Споено мислење: 12.11.2013, Tuesday, 10:36:15
Изработи еден фреквенциометар и одговорот на овие прашајња секогаш ќе ти стои пред тебе,а и доста корисен инструмент поз. Колега даниелспасовски
-
Е,па ти сега- ако знае фреквенц-метар да си направи нема вакви прашања да поставува ;D Наједноставно за Даниел- ако сакаш повисока фреквенција- намали ги бројот на навивките.а ако сакаш да емитуваш на пониска фреквенција -зголеми го бројот на навивките.Малку експериментирај.Пред некој ден ми донесе едно момче од 7 одделение ТВ предавател со еден транзистор.Тој модел пренесува само слика.Е,тој земал еден баг за ФМ со еден предавател и го преправил да емитува на фреквенцијата на ТВ каналот.Меѓутоа поради разликата од само 5,5 Мхз меѓу тонот и сликата, се јавуваа * духови* на ТВ екранот секогаш кога ќе се вклучеше тонскиот дел.Антените на двата предаватели беа преблизу и со раздвојување и оклопување на модулот за видеото се намали внесот на сметњи,но не и потполно се изгуби.Сепак можеше веке да се гледа и слуша на некој десетина метри.Интересна замисла. 8)
-
Па во тоа е и проблемот батка .. За намотките јасно ми е .. Но не ми е јасно , дали морам да пробам на телевизорот без дигиталниот сет топ бокс ? и на која фреквениција се тв каналите ? Мислам дека беа од 50-88MhZ .. Или грешка сум ? :-X И секако тоа е во врска со видеото .. Но за аудиото ? како да го најдам ? или тој е вметнат во фреквенцијата на видео сигналот ?