Иначе приметив нешто невообичаено кај овие телефони, пред 1 година отворив ваков алкател од љубопитство (но неможев да ги извадам лимените поклопци) и приметив дека телефонот е преправан и префлешуван вероватно со друг софтвер. Мислев дека само тој телефон бил таков, но кога ја видов сликата од Гига сватив дека уствари сите телефони од тој модел се исти, односно каде што е црниот круг на сликата ке видите дека има гребнатинки кои се создале при взаемниот допир со боксот за флешување на телефонот. А каде што е црвениот круг ке забележите дека има една топка од калај во излезниот дел од каде се емитува/прима радио сигналот.
Не мислам дека се flash-увани пред да бидат продадени, тие уште фабрички така се кодирани. А тоа што ти изгледаат како дупки од топчиња под бакарните контакти, тоа мислам дека не е послледица на конектор за Flash-ување. Баш види ги, некако премногу се симетрични
. Мислам дека има дупки за повеќеслојни плочки на тие места, па затоа така изгледа
.
А што се однесува до лемот, не знам што точно може да биде причината... но не верувам дека се преправани телефоните за да може да се користат само тука или дека се крпени. Не верувам дека само со еден лем може да се прикрпат ако биле неисправни или ако била лоша серијата
.
После тоа се појави муабет дека македонскиве компании оние телефоните (на почетокот уште) за 0 денари што ги даваат во суштина се поправани телефони кој отишле на сервис, се има случено дури тие пиновите да се избушени за да не би можел да се декодира телефонот
ама кој се занимава со електроника може и од друго место да си земе сигнал
тоа им беше како заштита демек само на нивна мрежа да се користи телефонот.
Да, ова го имам видено кај еден Alcatel, не ми текнува сега кој модел беше, ама некој понов simple модел беше. Како и да е, не беа избушени пиновите за контактите за flash-ување, туку му беа прекинати (со бушење) DATA+ и DATA- водовите од USB интерфејсот. Инаку, телефонот се полнеше преку истиот интефрејс, така да, по некоја логика, трема да има и USB интерфејс. Баш пробав преку еден кабел да го приклучам на PC, чисто ме интересираше дали ќе јави нешто компјутерот (Installing Hardware, бла бла бла
), но ништо не се појави. Потоа го отворив телефонот и што да видам... прекинати се водовите за DATA+ и DATA- :S. Не ги преспоив бидејќи чисто ме интересираше зошто не сака да се поврзе со PC, кога очигледно има таква функција. Прекинатите водови беа доволен доказ дека може телефонот да се flash-ува преку USB (бидејќи беше кодиран), но намерно се прекинати овие водови
.
Најсигурен метод не би бил овој, лесно се преспојуваат прекинати водови, колку и да се мали
. Најсигурен начин за да бидеш скоро 100% сигурен дека никој не би се осмелил да го flash-ува телефонот е следниов: едноставно не ги ставај оние топчиња од калај под BGA чипот кои се одговорни за USB комуникација (DATA+ и DATA-)
. Најверојатно никој нема да се нафати да прелемува BGA чип само за да ги додаде тие контакти, особено не на simple моделите, а и онака SoC-овите во денешно време се одговорни за USB комуникацијата, а секој од нив е веќе BGA, друи и кај simple моделите, така да, ова е скоро 100% сигурен метод
. Штом се еднаш испрограмирани SoC-овите, постави ги без тие топчиња и готово
.
Е сега, не знам дали се програмираат телефоните со адекватниот софтвер пред или по поставувањето на сите чипови на плочката
. Ако се програмираат по поставувањето, овој метод нема да функционира
.