Почитувани,
За да го добиете бараниот ефект "диода без пад на напон", се изведуваат шеми на тој начин што паралелно на обичната диода се поставува MOS или сличен транзистор, кој со дополнителна електроника се управува на тој начин што тој води кога диодата е правилно поларизирана, а не води кога е обратно поларизирана.
Последно има веќе готови такви интегрирани кола.
Најчесто се користи во исправувачи каде течат големи струи, каде и малиот пад на напон на диодата би предизвикувал голема дисипација.....
Поздрав,
mkfe.