Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: GigaWatt on 10.11.2012, Saturday, 20:24:45

Title: Решение за скинати пинови од интегрирани кола и други полупроводнички компоненти
Post by: GigaWatt on 10.11.2012, Saturday, 20:24:45
Не е баш целосно решение, на пример, тешко би можело нешто вакво да се изведе на скинати пинови на средина од интегрираното коло, но барем за крајни скинати пинови, до некаде, е решение ;). Пластиката од интегрираното коло ја истругав со гравирка. Притоа, треба многу да се пази да не иструга и металниот дел за кој треба да ја залемите ногичката (сигурно ќе поткачите и малку од металниот дел, но да не биде премногу ;)). Малиот недостаток на пластика не би требало да пречи премногу на интегрираното коло ;).

Решението е корисно кога не можете да најдете замена за интегрираното коло или транзисторот, а сигурни сте дека оштетувањето е само механичко. Во конкретниов случај, интегрираното коло може да се купи во било која продавница за електронски компоненти, но сакав да ја завршам поправката вечерва, па морав да импровизирам на овој начин ;D.

Можно е нешто вакво да не функционира добро на компоненти кои треба да пренесуваат голема моќност преку поправаните пинови, но би требало сосема солидно да функционира со интегрирани кола или некои други полупроводнички компоненти низ чии пинови се пренесуваат само напонски сигнали со мала јачина на струја ;).

(http://img267.imageshack.us/img267/7559/reshenie.jpg)