Македонски форум за електроника
Останато => Електронски компоненти => Topic started by: BlackPaw on 15.01.2013, Tuesday, 20:30:43
-
Ме интересира каде можи да се најди во Македонија ваква диода
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sfh485p.jpg)
e 5mm инфраред LED со view angle 40°.
Ми треба за да направам free-track IR device, а тоа овозможува симулирање на движењето на диодите на компјутер преку сензор (web-camera)...
Не се разбирам од електроника али ова ми изгледа многу едноставно па се надевам дека че можам да го составам.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/2zyej37.jpg)
Ме интересира друго каде можам да најдам отпорник како на сликата и зошто во другата шема која користи батерии има отпорници за секоја диода
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SFH485p_setup.jpg)
Иначе страницата е http://www.free-track.net/english/
ако некој сака подетално да разгледа...
Фала однапред.
-
Ги имаш деловиве во било која продавница за електроника во СК/МК :)
-
Дообјасни те молам што сакаш да правиш со деловите поточно?
-
Дообјасни те молам што сакаш да правиш со деловите поточно?
Пишав и линк за случајно некој ако сака да дознае што е поентата на сврзување инфраред диодите во коло(?)...
Али ајде накратко уште еднаш...
Веб камери имале сензор односно нивниот цмос сензор бил сензитивен на IR зраци, и многу производидели ставаат IR-filter...
Ако се извади тој филтер тогаш камерата ја добива потполната сензитивност на сензорот кон такви зраци, и доколку се блокира дневна светлина со филтри фотографски или со парче флопи диск или со девелопиран филм и сите параметри на камерата наместени на 0 (се мисли на brightness, exposure, white balance etc etc..) тогаш камерата ги прима само инфраред зраците од диодите...
Постои програма која што овозможува камерата да ја користи како tracking device а тоа е едноставно - камерата ги следи кај се диодите на сите оски и програмата тоа го емулира односно го симулира во 3д (замислено дека си ги сврзал диодите на правилна оддалеченост за mount на капа или слушалки тоа е претставено со 3д череп кој можи да се движи во 6DoF систем - горе долу, лево десно, косо лево десно итн инт..)
Ова доста помага при играње на симулатори, безразлика дали е FPS (типот на ArmA) Flight (Lock On, IL-2 1946), Racing (rFactor)... итн...
Има специјален систем за сето ова кој кошта 100-200 долари, но има dedicated communities на интернет што се занимаваат со девелопмент на фрее софтвер за head-tracking со инструкции како да го направи секој со многу мал буџет имајчи во предвид дека вејќе има веб камера.
Еве видео демонстрација како се изгледа после подесување во Freetrack кое можи да земи неколку сати за trimming and smoothing...
My Freetrack Device with FSX (http://www.youtube.com/watch?v=LzY8Aa2lt9I#)
-
како што ти кажаа ИР диоди има во секоја продавница за електроника во скопје...

супер ствар
-
Отпорниците и диодите може да ги најдеш во било која продавница за електронски компоненти. Ти требаат отпорници со отпорност од 6.8 до 10ohm-и/0.25W за првата шема (PTC отпорникот, во принцип, може да го изоставиш, под услов да бидеш многу претпазлив при врзувањето на диодите и отпорникот за +5V rail-от од USB портот) и три отпорници од 30ohm-и/0.25W за втората шема. Најверојатно и двете шеми ја користат IR LED диодата SFH485P.
Единствена работа која би ја сменил е траката за изолирање, не би користел изолир трака туку би користел панцир-црево (термо-црево) бидејќи се постигнува подобра изолација од средината, а и од останатите кабли (се намалуваат шансите за наводенување на контактите, како и за краткоспојување на +5V rail-от со GND).
-
Дали има врска од која страна е свртен отпорникот?
Иначе нема да користам напојување од компјутер него USB адаптер за од штекер директно...
Јас сум од Прилеп, но ако треба не е проблем ќе појдам и до Скопје ако можам да го најдам овај модел на диода...
Кои продавници се поголеми, за да можам сите делови да ги најдам од исто место...
Иначе фала на одговорите.
-
Нема врска.. барем за обичните отпорници, за осигурачов не знам. :)
-
дали програмата ја имаш?
-
во битола има продавница за електроника што е добро снабдена, така би требало таму да можеш да најдеш...
-
@SKOLS - да - free-track бесплатна е...
во битола има продавница за електроника што е добро снабдена, така би требало таму да можеш да најдеш...
како се вика продавницата... денеска бев кај еден телевизоџија - ми рече во битола имало некоја алфа-електроник многу позната фирма - ја побарав на интернет и го прегледав каталогот за диоди и имаше многу мал избор... немаше инфраред ЛЕД.
-
да, така се вика продавницата како што знам има бајаги голем избор на делови...
-
деловиве ги има сигурно јави им се на тел или побарај ги на skype.
-
како се вика продавницата... денеска бев кај еден телевизоџија - ми рече во битола имало некоја алфа-електроник многу позната фирма - ја побарав на интернет и го прегледав каталогот за диоди и имаше многу мал избор... немаше инфраред ЛЕД.
Каталогот не им е баш „најтековен“, како што ти пиша ki4o01, побарај ги на Skype или јави им се, би требало да ги имаат IR LED диодите, а отпорниците сигурно ги имаат ;).
-
а зошто мора да се под 40° view angle ? бидејќи обични ир диоди имаат јас имам купувано.